Марјан Јанески

Марјан Јанески (роден на 26 февруари 1988 во Гостивар) — македонски кошаркар и член на македонската машка репрезентација. Тој настапува за кошаркарскиот клуб Гостивар.

Марјан Јанески
Јанески во дресот на Куманово
Јанески во дресот на Куманово
ПозицијаКрилен центар
Висина2,03 м
Тежина107 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
ЕкипаГостивар
Роден26 февруари 1988 (1988-02-26) (32 г.)
Гостивар, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2006–
Клубови
2006–2007Маврово
2008–2009Работнички
2008–2009Торус (позајмица)
2009–2011Торус
2011МЗТ Аеродром
2011-2018Куманово 2009
2018-2019Работнички
2019-2020Куманово 2009
2020-Гостивар
Репрезентација
Инфо од: 18.06.2020.

КариераУреди

Клупски настапиУреди

Својата професионална кариера ја започнал гостиварски Маврово во 2006 година. Во Маврово играл сè до крајот на 2007 година. Во јануари 2008 година, за време на полусезоната, Марјан Јанески се префрлил во Работнички.[1][2] За сезоната 2008/09, Јанески бил вклучен во екипата на Работнички,[3] но потоа бил пратен на позајмица во Торус. За следната сезона целосно се префрлил во Торус каде играл сè до 2011 година. Во јули 2011 година, Јанески се префлил во МЗТ Аеродром.[4] Во МЗТ, Јанески останал сè до ноември истата година, кога се префрлил во Куманово 2009.[5][6] За сезоната 2017/18, тој ја продолжил соработката со Куманово.[7] За сезоната 2018/19, Јанески се преселил во Работнички.[8][9][10] Со Работнички, Јанески го освоил Купот 2019, додека во Првенството бил вицепрвак. На почетокот на август 2019 година, Јанески бил во преговори со Куманово.[11][12] Во средината на август, Јанески официјално ги сменил клубските бои и по вторпат заиграл за Куманово.[13][14] За сезоната 2020/21, во средината на јуни 2020 година, тој потпишал двогодишен договор со Гостивар.[15][16]

 
(Куманово - Фени индустри) 12.11.2017
 
(Куманово - Гостивар) 05.05.2018

Репрезентативни настапиУреди

УспесиУреди

ТитулиУреди

  РаботничкиУреди

ПризнанијаУреди

  • Трета најдобра петорка на сезоната 2016/17[17]
  • Втора најдобра петорка на сезоната 2017/18[18]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2017/18[18]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2018/19[19]
  • Почесно споменување во сезоната 2018/19[19]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2019/20[20]
  • Почесно споменување во сезоната 2019/20[20]

НаводиУреди

  1. „МЗТ најактивен на пазарот“. utrinski.mk. 13 јануари 2008. Посетено на 1 февруари 2017.
  2. „Нема големи измени во ростерот на АМАК СП !“. ohridnews.com. 14 јануари 2008. Посетено на 1 февруари 2017.
  3. „Тони Грнчаров ново име во Работнички Фершпед“. netpress.com.mk. 30 јуни 2008. Посетено на 18 јануари 2018.
  4. „Тодоров задоволно ги трие рацете“. vecer.mk. 22 јули 2011. Посетено на 1 февруари 2017.
  5. „Јанески потпиша, Куманово го чека Брукс!“. sport.com.mk. 25 ноември 2011. Посетено на 1 февруари 2017.
  6. „Дали Куманово ќе го запре Торус?“. ekipa.mk. 26 ноември 2011. Посетено на 1 февруари 2017.
  7. „Јанески останува со Куманово“. ekipa.mk. 6 јули 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  8. „Јанески се премисли, потпишува за Работнички“. ekipa.mk. 19 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  9. „ДОГОВОРЕНО: И Јанески во „Градски парк". sportmedia.mk. 19 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  10. „Работнички пак пазари од Куманово, Јанески доаѓа во „Градски парк". gol.mk. 20 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  11. „Јанески го напушти Работнички и се врати во Куманово“. gol.mk преку web.archive.org. 3 август 2019. Посетено на 3 август 2019.
  12. „Враќање назад: Јанески од Работнички во Куманово“. ekipa.mk преку web.archive.org. 3 август 2019. Посетено на 3 август 2019.
  13. „Куманово донесе три засилувања, Петровиќ ќе прозива на 21 август“. gol.mk преку web.archive.org. 16 август 2019. Посетено на 16 август 2019.
  14. „Кумановци се активираа, три потписи во еден ден“. ekipa.mk преку web.archive.org. 16 август 2019. Посетено на 16 август 2019.
  15. „Гостивар прави супер-тим: Потпиша Јанески, останува и Штерјов“. ekipa.mk преку web.archive.org. 18 јуни 2020. Посетено на 18 јуни 2020.
  16. „По 12 години Јанески се врати во Гостивар“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 18 јуни 2020. Посетено на 18 јуни 2020.
  17. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2017“. eurobasket.com. 29 мај 2017. Посетено на 7 февруари 2018.
  18. 18,0 18,1 „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.
  19. 19,0 19,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Посетено на 22 јуни 2019.
  20. 20,0 20,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Посетено на 2 јуни 2020.

Надворешни врскиУреди