КК Работнички сезона 2020/21
Сезоната 2020/21 на КК Работнички - 29. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 75. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона бил вицепрвак во Купот, додека во Првенството стигнал до полуфиналето.
Сезона 2020/21 на КК Работнички | |
---|---|
Лига | Прва лига мажи |
Спорт | кошарка |
Прва лига мажи 2020/21 | |
Сезони на КК Работнички
| |
Преглед на сезоната
уредиПретсезонски подготовки и промени
уредиНа 2 јуни, Работнички бил поканет за можно учество во Втората АБА лига.[1][2] Пет дена подоцна, клубот потврдил дека сака да се натпреварува во регионалното натпреварување.[3][4] На крајот на јуни, челниците на АБА официјално потврдиле дека Работнички е учесник на Втората АБА лига.[5][6]
Во средината на јуни, ланскиот играч на Работнички, Данило Мијатовиќ започнал преговори со Еуро Никел 2005.[7] На крајот, за кавадаречкиот клуб потпишал и заиграл.
На почетокот на јули, центарот Стеван Глигоријевиќ од минатата сезона, потпишал и се преселил во Куманово 2009.[8][9]
Во почетокот на август, Дамиер Питс потпишал нов договор и со тоа ја продолжил соработката.[10]
Во овој период Работнички, на Кошаркарскиот арбитрален трибунал односно спортскиот суд, го загубил спорот против менаџерот кој го довел кошаркарот Маркус Гинјард во сезоната 2017/18. Со тоа, клубот бил приморан да го исплати долгот плус камати и дополнители пенали.[11]
Во средината на август, Работнички го ангажирал крилниот центар Ламар Девон Вилијамс кој последната сезона настапувал во унгарски Фалко Вулкано.[12][13]
Во средината на септември било објавено дека екипата нема да настапува во Салата Градски Парк за престојната сезона.[14]
По неколку дена, Работнички го ангажирал бекот Карло Враговиќ кој минатата сезона ја поминал во романска Стеауа Букурешт. Тој во сезоната 2015/16 бил прогласен за најкорисен играч на сезоната, носејќи го дресот на Фени Индустри.[15][16] Исто така, тогаш стапил во соработка и Петар Николиќ, лански играч на Еуро Никел 2005,[17] и кошаркар на Работнички во сезоната 2017/18.
Кирил Николовски и Марјан Младеновиќ сè уште биле под важечки договор и за оваа сезона.[9] А останале и Виктор Ефремовски и Стефан Балмазовиќ.[10] За новата сезона, нови играчи во екипата биле Петар Бошалески и Василиј Србиноски. Дополнително, од ланската сезона си заминале Стефан Младеновиќ, Андреа Деолски (во Црн Дрим Грин Мобиле),[18] Дамјан Бошковски и Драган Абрашев.
Ноември
уредиВо првото коло на прволигашката сезона, Работнички му бил домаќин на МЗТ Аеродром и го победил со 94:90. Дамиер Питс имал 29 поени и осум додавања, а Ламар Вашингтон остварил седум скокови.[19]
Во второто коло Работнички на гости го победил Гостивар со 82:92. Најдобар стрелец и скокач бил Стефан Балмазовиќ со 26 поени и осум скокови, додека Марјан Младеновиќ завршил со шест додавања.[20]
Во третото коло Работнички на гостински терен го победил Кожув со 84:95. Кирил Николовски постигнал 31 поени, а Марјан Младеновиќ завршил со шест додавања и четири скокови, исто скокови како и Љубомир Младеновски и Стефан Балмазовиќ.[21]
Во првото коло на Втората АБА лига во Спортско туристичкиот центар Ваи Таи во гратчето Златибор, кој служел како сала-меур, Работнички номинално како гостин загубил од црногорски Студентски центар со 98:69. Поистакнати играчи на Работнички биле Девон Вашингтон со 17 поени, Љубомир Младеновски со шест скокови и Дамиер Питс со 11 додавања.[22]
Во второто коло на Втората АБА лига, Работнички номинално како гостин ја победил црногорска Подгорица со 70:76. Дамиер Питс имал 21 поени, Девон Вашингтон и Љубомир Младеновски завршиле со по шест скокови, а Карло Враговиќ остварил пет додавања.[23]
Во третото коло на Втората АБА лига, Работнички номинално како домаќин го победил црногорски Ловќен со 82:77. На тој натпревар, најуспешен поентер и додавач бил Дамиер Питс со 19 поени и шест додавања, додека Девон Вашингтон дошол до шест скокови.[24]
Во четвртото коло на Втората АБА лига, како номинален гостин Работнички изгубил од српски Младост Земун со 89:73. На тој натпревар поистакнати играчи биле Дамиер Питс со 25 поени и осум додавања и Љубомир Младеновски со 13 скокови.[25]
Декември
уредиВо заостанатиот натпревар од четвртото коло, Работнички дома во СРЦ Кале[26] го победил Еуро Никел 2005 со резултат 89:85. Ламар Вашингтон бил најдобар поентер и скокач со 20 поени и седум скокови, а најмногу додавања имале Карло Враговиќ и Дамиер Питс по пет.[27]
Во десеттото коло Работнички како домаќин загубил од Пелистер со 81:105. Стефан Балмазовиќ бил најуспешен стрелец и скокач со 32 поени и шест скокови, исто скокови колку и Кирил Николовски, а Дамиер Питс завршил со шест додавања.[28]
Јануари
уредиНа почетокот на јануари, разигрувачот Карло Враговиќ го напуштил клубот и во средината на месецот потпишал за полски Асеко Арка.[29] Како дополнување во составот, 15-годишниот Андреј Шошкиќ бил вклучен.
Во заостанатиот натпревар од осмото коло, Работнички на домашен терен го победил Црн Дрим Грин Мобил со 84:81. Најдобар играч бил Стефан Балмазовиќ со 19 поени и со десет скокови, а Марјан Младеновиќ завршил како најдобар додавач со осум додавања.[30]
Во единаесеттото коло Работнички на гости бил победен од Академија ФМП со 75:69. Најуспешни кошаркари биле Стефан Балмазовиќ со 13 поени, Љубомир Младеновски со 11 скокови, и Дамиер Питс со шест додавања.[31]
Работнички бил приморан да го откаже учеството во вториот турнир на Втората АБА лига, кој се одржалод 18 до 24 јануари во Спортската сала Борик во Бања Лука, Босна и Херцеговина, поради позитивни случаи на COVID-19 во својот состав.[32] Натпреварите против босанско-херцеговски Спарс, хрватска Горица и српски Златибор биле службено загубени со 0:20.[33]
Февруари
уредиНа почетокот на месецот, играчот Девон Вашингтон го напуштил клубот и се преселил во грчка Лариса.[34] Во тоа време, пристигнал Србинот Михајло Богдановиќ кој последен пат играл за романски Галаци.[35]
Во четиринаесеттото коло Работнички на домашен терен бил победен од Кожув со 78:81. Кирил Николовски оствариле 29 поени, Љубомир Младеновски имал 9 скокови, додека Дамиер Питс завршил со седум додавања.[36]
Во екипата, од младинските погони дополнително биле пријавени Карло Блажевски, Паоло Блажевски, Горазд Величковски, и неколку дена подоцна Филип Георгиевски. Богдановиќ го напуштил клубот откако одиграл само еден одигран натпревар. Во тој период, Работнички довел тројца нови кошаркари. Тоа биле Словенецот Мирко Мулалиќ со последен ангажман во Цедевита Олимпија,[37] Хрватот Филип Бундовиќ со последен ангажман во Цибона, и Рајнер Торнтон од кој дотогаш играл во Мемфис Хасл во Г-Лигата односно развојната лига на НБА.[38][39]
Во петнаесеттото коло Работнички на гости го победил Еуро Никел 2005 со 83:84. Новото засилување Филип Бундовиќ остварил 27 поени и 12 скокови, а Марјан Младеновиќ имал шест додавања.[40]
Март
уредиВо третиот затворен турнир на Втората АБА лига, одржан во салата Хилс во Сараево, Работнички во деветтото коло загубил од МЗТ Аеродом со 84:82. Истакнати кошаркари биле Дамиер Питс со 20 поени и 12 додавања, и Љубомир Младеновски со осум скокови.[41]
Во деветтото коло, Работнички ја поразил црногорска Сутјеска со 84:62. Најдобар поентер бил Филип Бундовиќ со 18 поени, Љубомир Младеновски завршил со осум скокови, додека Дамиер Питс остварил девет додавања.[42]
Во десеттото коло, Работнички загубил од босанско-херцеговски Широки со 106:77. Стефан Балмазовиќ остварил 22 поени, Љубомир Младеновски односно бил најдобар скокач со шест скока, а Дамиер Питс имал најмногу додавања - четири.[43]
Во втората недела од месецот, бекот Петар Николиќ го напуштил составот и се преселил во Пелистер.[44]
Во домашното седумнаесетто коло Работнички бил поразен на гости од Куманово 2009 со 95:70. Науспешен поентер и додавач бил Дамиер Питс со 17 поени и три додавања, исто довавања колку и Филип Бундовиќ, а најдобри скокач биле Љубомир Младеновски и Стефан Балмазовиќ со пет скокови.[45]
Во средината на март, Кирил Николовски се здобил со повреда на лактот, што довело до неможност да настапува во дресот на Работнички.[46]
Во единаесеттото коло на Втората АБА лига, повторно во Спортско туристичкиот центар Ваи Таи во гратчето Златибор, Работнички номинално како домаќин загубил од босанскохерцеговски Борац Бања Лука со 77:82. Најистакнати играчи на Работнички биле Дамиер Питс со 26 поени и пет додавања, и Рајнер Торнтон со десет скокови.[47]
Во дванаесеттото коло на Втората АБА лига, Работнички номинално како гостин го победил словенечки Хелиос Санс со 66:67. Филип Бундовиќ имал 21 поени, Љубомир Младеновски завршил по 14 скокови, а Дамие Питс остварил шест додавања.[48]
Во последното тринаесто коло, Работнички го победил српска Слобода со 87:77. Рајнер Торнтон завршил со 20 поени, Љубомир Младеновски остварил 17 скокови, додека Дамиер Питс повторно дошол до шест додавања.[49] Работнички го завршил регуларниот дел на единаесеттото место од четиринаесет екипи и обезбедил пласман во плејаутот односно разигрувањето за опстанок. Но по неколку дена управата на лигата одлучила дека нема да се одржува и дека на екипите им е обезбедено учеството во следната сезона доколку пласманот го стекнат преку домашните првенства.[50]
Април
уредиВо заостанатото петто коло, Работнички на гости го победил Вардар со 67:92. Во тој натпревар најдобар стрелец бил Мирко Мулалиќ со 17, најуспешен скокач бил Љубомир Младеновски со 13 скокови, и Марјан Младеновиќ и Филип Бундовиќ како најистакнати додавачи.[51]
Во дваесет и второто коло, Работнички дома во СРЦ Кале ја победил Академија ФМП со 68:66. Најдобар играч бил Филип Бундовиќ со 19 поени и 15 скокови, а Марјан Младеновиќ го завршил натпреварот со пет додавања.[52]
Во заостанатото шесто коло, Работнички дома го поразил од Куманово 2009 со 79:72. Дамиер Питс натпреварот го завршил со 32 поени и пет додавања, а Љубомир Младеновски остварил 14 скокови.[53]
Во тоа време, Работнички се засилил со Иван Аска од Девствените Острови на Соединетите Држави, кој играл на позициите 4 и 5. Негов последен ангажман бил во израелски Хапоел Хевел.[54][55]
Во заостанатото седмо коло Работнички на гости го победил ТФТ со 78:81. Филип Бундовиќ бил најдобар стрелец со 27 поени, Љубомир Младеновски остварил 18 скокови, додека Марјан Младеновиќ и Дамиер Питс има по четири додавања.[56]
Во заостанатото деветто коло Работнички на гостински терен остварил победа против МЗТ Уни Банка со 61:70. Истакнати играчи биле Мирко Мулалиќ со 22 бода, Марјан Младеновиќ со 11 скокови и осум додавања, исто толку скокови како и Љубомир Младеновски.[57]
Во заостанатото дванаесетто коло Работнички како гостин успеал да победи против МЗТ Аеродром со 74:75. Најдобри поентери биле Филип Бундовиќ и Мирко Мулалиќ со по 16 поени, со десет скокови најдобар скокач бил Љубомир Младеновски, а Марјан Младеновиќ и Дамиер Питс завршиле како најдобри додавачи со по четири додавања.[58]
Следниот ден Работнички го ангажирал капитенот на Кожув, разигрувачот Димитар Караџовски кој претходно имал настапувано во дресот на Работнички.[59][60]
Во заостанатото тринаесетто коло, Работнички на домашен терен загубил од Гостивар со 79:83. Најистакнати кошаркари биле Љубомир Младеновски со 19 поени и девет скокови, и Филип Бундовиќ со осум додавања.[61]
Во заостанатото шестнаесетто коло, Работнички дома го поразил Вардар со 92:72. Најдобар стрелец бил Иван Аска со 30 поени, додека Филип Бундовиќ остварил девет скокови, Марјан Младеновиќ и Мирко Мулалиќ завршиле со по пет додавања.[62]
Во заостанатото деветнаесетто коло, Работнички на гости го победил Црн Дрим Грин Мобил со 78:85. Најдобар играч бил Дамиер Питс со 25 поени и четири додавања, а Љубомир Младеновски и Иван Аска го завршиле натпреварот со девет скокови.[63]
Во заостанатото дваесетто коло Работнички на дома го победил МЗТ Уни Банка со 84:77. Дамиер Питс бил најдобар стрелец и додавач со 32 поени и четири додавања, додека Иван Аска остварил седум скокови.[64]
Мај
уредиВо заостанатото дваесет и прво коло, а воедно последниот натпревар на екипата во регуларниот дел, Работнички како гостин загубил против Пелистер со 94:77. Најдобар играч бил Рајнер Торнтон со 21 поени и 15 скокови и две додавања, исто додавања како и Марјан Младеновиќ и Дамиер Питс.[65] Работнички го завршил регуларниот дел на второто место со учинок од 15 победи и 7 порази.
Во четвртфиналето од Купот на Македонија, Работнички во Салата Кале во Скопје го победил ТФТ со резултат 66:62. Виктор Ефремовски остварил 17 поени, со најмногу скокови (осум) бил Љубомир Младеновски, а најдобар додавач биле Дамиер Питс со четири додавања.[66]
Во полуфиналето Работнички го победил Еуро Никел 2005 со резултат 85:79. Филип Бундовиќ остварил 29 поени, Димитар Караџовски имал шест скокови и пет додавања.[67]
Во финалето Работнички загубил од МЗТ Аеродром со 77:69. Иван Аска постигнал 20 поени и 12 скокови, а Марјан Младеновиќ завршил со девет додавања.[68]
Во првиот натпревар од четвртфиналето на разигрувањата, Работнички како домаќин го победил ТФТ со 72:65. Најистакнати играчи биле Дамиер Питс (16 поени и четири додавања) и Филип Бундовиќ (14 скокови и четири додавања).[69]
Во вториот четвртфинален натпревар, Работнички како гостин остварил победа со резултат 80:86 и со 2:0 во победи го елиминирал ТФТ. Најистакнати кошаркари биле Дамиер Питс со 29 поени, Филип Бундовиќ со 8 скокови и Димитар Караџовски со шест додавања.[70]
Во првиот полуфинален натпревар, Работнички дома загубил од Еуро Никел 2005 со 66:68. Филип Бундовиќ имал 21 поени, Љубомир Младеновски завршил со осум скокови. додека Дамиер Питс остварил пет додавања.[71]
Во вториот натпревар од полуфиналето, Работнички на гостински терен загубил од Еуро Никел 2005 со 88:87. Со тоа, тој бил елимиран во разигрувањето. Најдобар поентер бил Дамиер Питс со 31 поен, најистакнат скокач и додавач бил Филип Бундовиќ со осум скокови и седум додавања.[72]
Состав и стручен штаб
уредиИграчки состав
уредиброј | име | висина (см) |
позиција | години | државјанство | пристигнал во (година) |
претходен клуб |
---|---|---|---|---|---|---|---|
11 | Кирил Николовски (к.) | 210 | Крилен центар / Центар |
32 | Македонија | 2017 | Карпош Соколи |
15 | Љубомир Младеновски | 207 | Центар | 26 | Македонија | 2019 | МЗТ Аеродром |
Димитар Караџовски | 190 | Бек | 36 | Македонија | 2021 | Кожув | |
10 | Марјан Младеновиќ | 180 | Разигрувач | 33 | Македонија | 2020 | Куманово 2009 |
4 | Петар Бошалески | 16 | Македонија | 2020 | |||
Филип Георгиевски | 17 | Македонија | 2021 | ||||
Карло Блажевски | 17 | Македонија | 2021 | ||||
Паоло Блажевски | 17 | Македонија | 2021 | ||||
Горазд Величковски | 17 | Македонија | 2021 | ||||
25 | Виктор Ефремовски (зам. к.) | 191 | Крило | 22 | Македонија | 2015 | Вардар |
14 | Василиј Србиноски | 16 | Македонија | 2020 | |||
35 | Андреј Шошкиќ | 16 | Македонија | 2021 | |||
23 | Лука Јанкоски | 20 | Македонија | 2021 | |||
32 | Дамиер Питс | 177 | Разигрувач | 31 | САД | 2020 | Шопрон |
24 | Филип Бундовиќ | 206 | Центар / Крилен центар |
27 | Хрватска | 2021 | Цибона |
9 | Мирко Мулалиќ | 194 | Бек | 33 | Словенија | 2021 | Цедевита Олимпија |
0 | Рајнер Торнтон | 201 | Бек / Крилен центар |
23 | САД | 2021 | Мемфис Хасл |
7 | Иван Аска | 201 | Крилен центар | 30 | Американски Девствени Острови | 2021 | Хапоел Хевел |
Извор: Кошаркарска федерација на Македонија eurobasket.com
Играчи кои го напуштиле клубот за време на сезоната
уредиброј | име | висина (см) |
позиција | години | националност | пристигнал во (година) |
претходен клуб | заминал во (година) |
следен клуб |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
23 | Карло Враговиќ | 192 | Бек | 31 | Хрватска | 2020 | Стеауа Букурешт | 2021 | Асеко Арка |
6 | Ламар Девон Вашингтон | 203 | Центар Крилен центар |
31 | САД | 2020 | Сомбатели | 2021 | Лариса |
Драган Абрашев | 19 | Македонија | 2021 | Струмица | 2021 | Струмица1 | |||
23 | Михајло Богдановиќ | 197 | Крилен центар / Бек |
24 | САД | 2021 | Галаци | 2021 | Вардар |
8 | Петар Николиќ | 189 | Бек | 27 | Македонија Србија |
2020 | Еуро Никел 2005 | 2021 | Пелистер |
21 | Стефан Балзамовиќ2 | 199 | Крилен центар | 31 | Србија | 2020 | Седеак | 2021 |
1 Двојна лиценца. Веднаш вратен во претходниот клуб.
2 Балмазовиќ бил отстранет како регистриран играч, но сè уште останал во клубот.
Стручен штаб
уредииме | функција |
---|---|
Димитар Мираковски | тренер |
Андреј Лечиќ Апостолски | помошник тренер |
Марко Докузовски | помошник тренер |
Ненад Павловски | технички раководител |
Никола Трајковски | физиотерапевт |
Извор: Кошаркарска федерација на Македонија Архивирано на 4 ноември 2020 г.
Статистика
уредиПрва лига мажи 2020/21 | Куп 2021 | Втора АБА лига 2020/21 | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Регуларен дел | Разигрување | |||||||||||||
О | П | З | Б | Поз | О | П | З | Поз | О | П | З | Б | Поз | |
22 | 15 | 7 | 37 | 2. | 4 | 2 | 2 | 1/2 | ВП | 13 | 5 | 8 | 18 | 11. |
Легенда
|
|
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Работнички официјално поканет да игра во АБА2, а негова прва резерва е - Блокотехна!“. sport1.mk преку web.archive.org. 2 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-01. Посетено на 1 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички доби покана за АБА2, шанса чекаат и Гостивар, Блокотехна, Куманово…“. sportclub.mk преку web.archive.org. 2 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-01. Посетено на 1 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички со став: Ќе играме во АБА2!“. ekipa.mk преку web.archive.org. 7 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-20. Посетено на 1 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички ѝ рече да на АБА 2-лига“. sportclub.mk преку web.archive.org. 7 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-11. Посетено на 1 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „МЗТ не доби промоција на Собранието на АБА: Приморска не се откажува од елитата“. ekipa.mk преку web.archive.org. 29 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-01. Посетено на 1 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „МЗТ чека на Приморска за АБА, Работнички е дебитант на Јадранот“. gol.mk преку web.archive.org. 29 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-01. Посетено на 1 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Мијатовиќ на чекор до Еуро Никел“. ekipa.mk преку web.archive.org. 18 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-03. Посетено на 3 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Глигоријевиќ потпиша за Куманово“. ekipa.mk преку web.archive.org. 3 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-03. Посетено на 3 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 9,0 9,1 „Глигоријевиќ во Куманово!“. basketball.mk преку web.archive.org. 3 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-03. Посетено на 3 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 10,0 10,1 „Питс и Работнички договорија нова соработка“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 6 август 2020. Архивирано од изворникот на 2020-08-06. Посетено на 6 август 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички пак казнет: Дали е ова клуб или „one man show" на градоначалникот!?“. ekipa.mk преку web.archive.org. 7 август 2020. Архивирано од изворникот на 2020-08-07. Посетено на 7 август 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Девон Вашингтон – нов Американец во Работнички“. ekipa.mk преку web.archive.org. 14 август 2020. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 15 август 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички донесе моќно американско засилување под обрачите“. gol.mk преку web.archive.org. 14 август 2020. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 15 август 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички заминува од „Градски Парк", избрана новата сала на „центарци"“. ekipa.mk преку web.archive.org. 14 септември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-09-16. Посетено на 16 септември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички потпиша со поранешна „кош-машина" на Фени индустри“. ekipa.mk преку web.archive.org. 17 септември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-09-18. Посетено на 18 септември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Горан Упале (17 септември 2020). „Поранешниот ас на Фени Индустри ново засилување на Работнички“. gol.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2020-09-18. Посетено на 18 септември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Враговиќ и Николиќ за уште посилен Работнички“. slobodenpecat.mk преку web.archive.org. 17 септември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-03. Посетено на 3 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Листа на одобрени играчи и службени лица, сезона 2020/2021 - КК Црн Дрим Грин Мобиле“. Кошаркарска федерација на Македонија. октомври 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-03. Посетено на 3 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-МЗТ Аеродром 94:90“. livestats.com преку web.archive.org. 1 ноември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-01. Посетено на 2 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Гостивар-Работнички 82:92“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 4 ноември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-04. Посетено на 8 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Кожув-Работнички 70:72“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 7 ноември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-08. Посетено на 8 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Студентски центар-Работнички 98:69“. druga.aba-liga.com преку web.archive.org. 9 ноември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-11. Посетено на 11 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Подгорица-Работнички 70:76“. druga.aba-liga.com преку web.archive.org. 12 ноември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-15. Посетено на 15 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-Ловќен 82:77“. druga.aba-liga.com преку web.archive.org. 14 ноември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-15. Посетено на 15 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Младост Земун-Работнички 89:73“. druga.aba-liga.com преку web.archive.org. 16 ноември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-17. Посетено на 17 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички заминува од „Градски парк"“. ekipa.mk преку web.archive.org. 21 декември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-12-23. Посетено на 23 декември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-Еуро Никел 2005 89:85“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 23 декември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-12-23. Посетено на 23 декември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-Пелистер 81:105“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 27 декември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-12-27. Посетено на 27 декември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Jest nowy trener, są pieniądze – Karlo Vragović w Gdyni (Има нов тренер, има пари - Карло Враговиќ во Гдиња)“ (полски). polskikosz.pl преку web.archive.org. 13 јануари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-01-16. Посетено на 16 јануари 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-Црн Дрим Грин Мобил 84:81“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 13 јануари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-01-13. Посетено на 16 јануари 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Академија ФМП-Работнички 75:69“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 15 јануари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-01-16. Посетено на 16 јануари 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Rabotnički to miss the remainder of the Banja Luka tournament“. druga.aba-liga.com преку web.archive.org. 20 јануари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-01-20. Посетено на 22 јануари 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „League calendar“. druga.aba-liga.com преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-02-19. Посетено на 19 февруари 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Уште еден странец си замина од Работнички“. ekipa.mk преку web.archive.org. 12 февруари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-02-19. Посетено на 19 февруари 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички има нов играч, Богдановиќ го менува Враговиќ“. gol.mk преку web.archive.org. 7 февруари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-02-19. Посетено на 19 февруари 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-Кожув 78:81“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 7 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2021-02-19. Посетено на 19 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Мартин Танасковски (22 февруари 2021). „Работнички добива нов словенечки шутер од Цедевита Олимпија“. gol.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-02-28. Посетено на 28 февруари 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички се засили со Американец, Хрват и Словенец“. ekipa.mk преку web.archive.org. 23 февруари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-02-28. Посетено на 28 февруари 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Горан Упале (23 февруари 2021). „Работнички се засили од САД и Цибона, три нови имиња во ростерот на Мираковски“. gol.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-02-28. Посетено на 28 февруари 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Еуро Никел 2005-Работнички 83:84“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 27 февруари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-02-28. Посетено на 28 февруари 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „МЗТ Аеродом-Работнички 84:82“. druga.aba-liga.com преку web.archive.org. 3 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 5 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-Сутјеска 84:62“. druga.aba-liga.com преку web.archive.org. 5 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 5 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Широки-Работнички 106:77“. druga.aba-liga.com преку web.archive.org. 7 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-07. Посетено на 7 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Пелистер донесе засилување од Работнички“. ekipa.mk преку web.archive.org. 9 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-13. Посетено на 13 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Куманово 2009-Работнички 95:70“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 13 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-13. Посетено на 13 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Мартин Танасковски (28 март 2021). „Работнички ќе мора без капитенот, Николовски ја заврши сезоната?“. gol.mk.com преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-03-28. Посетено на 28 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-Борац Бања Лука 77:82“. druga.aba-liga.com преку web.archive.org. 23 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-27. Посетено на 27 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Хелиос Санс-Работнички 66:67“. druga.aba-liga.com преку web.archive.org. 25 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-27. Посетено на 27 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-Слобода 87:77“. druga.aba-liga.com преку web.archive.org. 28 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-28. Посетено на 28 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „АБА 2 лига: МЗТ Аеродром ќе бара пласман во АБА лигата во „балон" во Подгорица, Работнички без обврски во плеј-аутот“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 3 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-03. Посетено на 4 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Вардар-Работнички 67:92“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 1 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-01. Посетено на 4 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-Академија ФМП 68:66“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 3 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-03. Посетено на 4 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-Куманово 2009 79:72“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 6 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-06. Посетено на 6 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички донесе нов странец, потпиша со Иван Аска од САД“. gol.mk преку web.archive.org. 6 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-08. Посетено на 8 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички донесе центар од Девствените острови“. ekipa.mk преку web.archive.org. 6 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-08. Посетено на 8 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „ТФТ-Работнички 78:81“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 9 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-09. Посетено на 14 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „МЗТ Уни Банка-Работнички 61:70“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 11 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-11. Посетено на 14 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „МЗТ Аеродром-Работнички 2009 74:75“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 14 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-14. Посетено на 14 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички го доведе и Караџовски, се создава тим за титула“. ekipa.mk преку web.archive.org. 15 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-20. Посетено на 20 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички во „пет до дванаесет" го врати Караџовски“. gol.mk преку web.archive.org. 16 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-20. Посетено на 20 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-Гостивар 79:83“. fibalivestats.com. 17 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-20. Посетено на 20 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-Вардар 92:72“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 21 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-21. Посетено на 21 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Црн Дрим Грин Мобил-Работнички 78:85“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 25 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-28. Посетено на 30 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-МЗТ Уни Банка 84:77“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 30 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-30. Посетено на 29 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Пелистер-Работнички 2009 94:77“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 6 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-07. Посетено на 7 мај 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-ТФТ 66:62“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 14 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-14. Посетено на 26 мај 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-Еуро Никел 2005 85:79“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 14 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-16. Посетено на 26 мај 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „МЗТ Аеродром-Работнички 77:69“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 15 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-16. Посетено на 26 мај 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-ТФТ 72:65“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 19 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-19. Посетено на 26 мај 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „ТФТ-Работнички 80:86“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 21 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-21. Посетено на 26 мај 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички-Еуро Никел 2005 66:68“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 26 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-26. Посетено на 26 мај 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Еуро Никел 2005-Работнички 88:87“. fibalivestats.com преку web.archive.org. 28 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-06-01. Посетено на 1 јуни 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)