КК Кожув

кошаркарски клуб од Гевгелија

КК Кожувкошаркарски клуб од Гевгелија, Македонија, кој моментално се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига. Клубот натпреварите на домашен терен ги игра во спортската сала "26 Април".

КК Кожув - Гевгелија
ЛигаПрва лига мажи
Основан1955; пред 69 години (1955)
МестоГевгелија
Бои на клуботцрвена, бела
         
ПретседателЗафир Хаџимитров
ТренерПавле Николов
Позиција 2018/195ти
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


Историја

уреди

Клубот бил основан во 1955.[1]

Најголемиот успех на „Кожув“ бил остварен во 2013 година, кога се пласирал во финалето на Првата македонска кошаркарска лига, но бил поразен од МЗТ Аеродром. Исто така поголем успех е учеството во финалето во Купот на Македонија во 2015 година, каде Кожув загубил од Работнички.[2]

На крајот на 2015 година, претседателот на клубот Томе Главчев го напуштил Кожув, кој воедно бил и најголем финансиер на клубот.[3][4]

Во јуни 2019 година, гевгелиските клубови Блокотехна (финансирана од Томе Главчев) и Кожув одлучиле кадарно и финансиски да се соединат.[5][6] Правно, Кожув останал на кошаркарска карта.

Достигнувања

уреди
  • Прва кошаркарска лига финалист - 2013
  • Куп на Македонија финалист - 2015

На 22 февруари 2015 година, „Кожув“ играл во 23. финале на Купот на Македонија (одиграно во салата „Јане Сандански“ во организација на МЗТ Аеродром), каде загубил од „Работнички“ со 66-74. Претходно, во полуфиналето, „Кожув“ го победил тимот на „МЗТ Аеродром“. Најдобри во тимот на „Кожув“ во финалниот натпревар биле Јанушевиќ, Дунѓерски и Божовиќ, со постигнати 15, 13 и 11 бода, соодветно. Гоцевски постигнал седум бода, Шепа и Албијаниќ имале учинок од по шест бода, Брчков и Главчев постигнале по три бода, а Богоев - два бода.[7]

Меѓународни настапи

уреди

БИБЛ лига

уреди

Во сезоната 2014-2015, КК Кожув играл во групата Б на регионалната Балканска лига. Во третото коло, на домашен терен, „Кожув“ го победил тимот на „Сигал“ од Приштина, со 93-78, со што ја постигнал третата последователна победа. Најефикасни за „Кожув“ биле: Миладин Пековиќ (16 бода, 8 асистенции и 6 скока) и Драшко Албијаниќ (16 бода и 9 скока).[8] Во петтото коло, на гостувањето во Бар, „Кожув“ го победил тимот на „Морнар“ со 75-67, со што ја остварил петтата последователна победа. Најефикасни во тимот на „Кожув“ биле Алексеј Нешовиќ, со 23 бода и Драшко Албијаниќ, со 16 бода.[9] Во седмото коло, КК „Кожув“ постигнал победа на гостински терен, совладувајќи го во Приштина тимот на „Сигал“ со 100-87.[10] Во 10. коло, КК „Кожув“, на домашен терен, го победил тимот на „Влазнија“ од Скадар со 99-59 и, со учинок од осум победи во осум натпревари, се пласирал во втората фаза од лигата БИБЛ, како единствена непоразена екипа.[11]

Во втората фаза од лигата, „Кожув“ настапувал во групата Д, заедно со екипите на „Рилски“, „Сутјеска“ и „Сигал Приштина“. Притоа, во првото коло, на домашен терен, „Кожув“ го победил тимот на „Сутјеска“ со 79-76.[12] Непобедливоста на КК „Кожув“ била прекината на домашен терен, кога клубот загубил од „Рилски спортист“ со 72-74. Најефикасен во редовите на „Кожув“ бил Владимир Брчков, со постигнати 18 бода, но поразот бил резултат на големиот број загубени топки (дури 17), на помалиот број скокови (33 наспроти 38) и на неефикасноста кон крајот на натпреварот, кога „Кожув“ постигнал само два бода во последните две минути.[13] Сепак, во третото коло, „Кожув“ успеал да го победи „Рилски спортист“ во Самоков со 88-86 и на тој начин го освоил првото место во групата, со што го избегнал четвртфиналниот натпревар, т.е. директно се пласирал во полуфиналето на лигата „БИБЛ“. Најзаслужни за десеттата победа на „Кожув“ во лигата биле Милан Јанушевиќ со постигнати 21 бод, Филип Шепа со 18 и Владимир Брчков, кој постигнал 17 бода.[14][15]
Во полуфиналето на лигата, „Кожув“ се сретнал со тимот на „Сигал“ од Приштина.[16]

Моментален состав 2023/24

уреди

Извор: Кошаркарска федерација на Македонија Архивирано на 28 јануари 2021 г. eurobasket.com

Играчи
Горан Главчев
Димитар Караџовски
Илија Колев
Димитар Лазаревски
Дарио Митевски
Димитар Пандев
Павел Иванов
Јордан Кузманов
Андреј Ичев
Ристе Букрлишев
Иан Рајеш Кришнан
Колин Едвардокс Спатер
Еуген Кери Артисон
Душан Хукиќ

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-08-16. Посетено на 2014-08-07.
  2. Во Кожув задоволни: Ова беше добар викенд Архивирано на 24 февруари 2015 г. ekipa.mk 22 февруари 2015
  3. Тешки времиња за гевгеличани: Кожув остана без главниот финансиер – Главчев си поднесе оставка! sportmedia.mk 23 декември 2015
  4. Томе Главчев поднесе оставка од Кожув[мртва врска] ekipa.mk 23 декември 2015
  5. „Гевгелија добива моќен прволигаш: Се фузираа Блокотехна и Кожув“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-23. Посетено на 23 август 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  6. „Се фузираа Кожув и Блокотехна, Гевгелија добива моќен кошаркарски клуб“. gol.mk преку web.archive.org. 13 јуни 2019. Посетено на 23 август 2019.
  7. Сашко Ѓ. Димовски, „Отпишаните „старци“ го возвратија ударот“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 19.
  8. „Кожув и Куманово сигурни во БИБЛ“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 25.
  9. „Кожув славеше во Бар, Пеќ се радуваше во Куманово“, Дневник, година XVIII, број 5640, петок, 12 декември 2014, стр. 26.
  10. „Тежок пораз за Куманово, Михајловки си даде оставка“, Дневник, година XIX, број 5673, петок, 23 јануари 2015, стр. 24.
  11. „Кожув и Куманово во втората фаза од БИБЛ-лигата“, Дневник, година XIX, број 5679, петок, 30 јануари 2015, стр. 22.
  12. „И Куманово тргна победнички во БИБЛ“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 23.
  13. „Прв пораз на Кожув во БИБЛ-лигата“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 22.
  14. „Кожув директно во полуфиналето на БИБЛ-лигата“, Дневник, петок, 27 февруари 2015, стр. 23.
  15. „Кожув прв полуфиналист во БИБЛ-лига“, Утрински весник, година XVI, број 4721, петок, 27 февруари 2015, стр. 23.
  16. „Кожув во полуфиналето од БИБЛ-лигата ќе игра со Сигал“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 27.

Надворешни врски

уреди