Виктор Ефремовски

Виктор Ефремовски (роден на 21 октомври 1998 во Гостивар) — македонски кошаркар кој настапува за Работнички.

Виктор Ефремовски
Прекар(и)Викса
Позицијабек
Висина1,94 м
Тежинакг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
ЕкипаРаботнички
Број25
Роден21 октомври 1998 (1998-10-21) (21 г.)
Гостивар, Македонија
НационалностМакедонец
Проф. кариера2015–
Клубови
2015–Работнички
Репрезентација
Инфо од: 08.02.2018.

Клубска кариераУреди

Младинска кариераУреди

Има настапувано во младинските категории на Вардар. Во сезоната 2013/14 настапувал во дресот на Вардар Апаве бидејќи младинските категории на Апаве и Вардар се фузирале.[1] Следната сезона продолжил во самостојните младински категории на Вардар.[2]

Професионална кариераУреди

Во сезоната 2015/16, Ефремовски се преселил и дебитирал во сениорската екипа на Работнички и станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015.[3] Во сезоната 2016/17 останал во Работнички и стигнал до полуфиналето на Првенството и Купот на Македонија 2017.[4] Во Работнички, Ефремовски продолжил да настапува и во сезоната 2017/18.[5] Во таа сезона, Ефремовски со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. Со Работнички, Ефремовски го освоил Купот 2019, додека во Првенството 2018/19 бил вицепрвак. Бидејќи бил под активен договор, Ефремовски бил во составот на Работнички во сезоната 2019/20.[6]

Репрезентативна кариераУреди

Младинска репрезентацијаУреди

На Европското првенство под 16 години - Б Дивизија во 2014 година, Ефремовски бил вклучен во македонската репрезентација под 16 години. Неговиот просек по натпревар бил 16 поени, 3,3 скокови и 1,4 асистенции.[7] На Европското првенство под 18 години - Б Дивизија во 2015 година, Виктор учествувал со македонската репрезентација под 18 години. Неговиот просек бил 6,9 поени, 1,8 скокови и 0,5 асистенции.[7] 2016 година, играл на Европското првенство под 20 години - Б Дивизија со репрезентацијата под 20 години. Просек имал од 10,6 поени, 2,1 скокови и 1,1 асистенции.[7] Истата година, Бојан настапил на Европското првенство под 18 години - Б Дивизија. Тогаш тој имал просек од 9 поени, 2,6 скокови, 1,3 асистенции.[7]

А репрезентацијаУреди

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Ефремовски.[8] Во февруари, по вториот филтер, тој отпаднал од составот.[9] Но поради повредата на Ненад Димитријевиќ кој се повредил на првиот натпревар против Естонија, Ефремовски добил можност да настапува за репрезентацијата во натпреварот против Русија.[10]

УспесиУреди

ТитулиУреди

  РаботничкиУреди

ПризнанијаУреди

  • Особен придонес во сезоната 2015/16[11]
  • Најдобар млад кошаркар за 2018 година[12][13]

НаводиУреди

  1. "Вардар Апаве М-16 : Фени Индустри М-16". fibalivestats.com. 1 јуни 2014. Посетено на 8 февруари 2018.
  2. "Вардар М-20 : МЗТ Аеродром М-20". fibalivestats.com. 15 јуни 2015. Посетено на 8 февруари 2018.
  3. "KK Rabotnicki - roster 2015-16". eurobasket.com. Посетено на 8 февруари 2018.
  4. "KK Rabotnicki - roster 2016-17". eurobasket.com. Посетено на 8 февруари 2018.
  5. "Американец во „Градски парк": Гинјард потпиша за Работнички". ekipa.mk. 22 август 2017. Посетено на 8 февруари 2018.
  6. "Чудна тишина: Што се случува во Работнички?". ekipa.mk преку web.archive.org. 27 јули 2019. Посетено на 27 јули 2019.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 "Viktor Efremovski". fibaeurope.com. Посетено на 8 февруари 2018.
  8. "Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија". gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Посетено на 14 јануари 2020.
  9. "Тодоров го избра тимот за Естонија, отпаднаа тројца млади кошаркари". ekipa.mk преку web.archive.org. 19 февруари 2020. Посетено на 21 февруари 2020.
  10. "Шанса за деби: Виктор Ефремовски ќе патува со Македонија во Перм". gol.mk преку web.archive.org. 21 февруари 2020. Посетено на 21 февруари 2020.
  11. "Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016". eurobasket.com. 28 мај 2016. Посетено на 4 август 2018.
  12. "Војдан и Бојан ќе ја поделат наградата за најдобар!". sportmedia.mk. 18 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.
  13. "Сите бираат еден, МКФ двајца: Војдан и Бојан – најдобри кошаркари за 2018 година". ekipa.mk. 18 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.

Надворешни врскиУреди