Горан Самарџиев
Горан Самарџиев (роден на 24 мај 1980 во Кавадарци) — македонски кошаркарски тренер и поранешен кошаркар и репрезентативец, кој настапувал за повеќе македонски кошаркарски прволигаши како Фени Индустри, Работнички, Вардар и Лирија.
Горан Самарџиев | |
---|---|
Прекар(и) | Шуш Чема |
Позиција | Разигрувач (како играч) Тренер |
Висина | 1,87 м |
Тежина | 88 кг |
Клуб | Работнички |
Број | 15 |
Роден | 24 мај 1980 Кавадарци, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 1995–2016 |
Клубови | |
| |
Репрезентација | |
Награди |
|
Инфо од: 03.04.2019. |
Кариера
уредиИграчка кариера
уредиСамарџиев својата кариера ја започнал во Тиквеш кога бил откриен од спортскиот работник Димитар Пецов.[3] Неговиот талент бил забележан од тогаш моќниот Работнички, па бил донесен во „Градски парк“ во 1999 година. Во Работнички играл сè до 2006, освојувајќи шест Првенства, четири Купа и еден Суперкуп.[4] За сезоната 2006/2007, се преместил во Вардар и го освоил Купот 2007.[5]
Во 2007 година, кога Фени покажал амбиции да стане најсилен македонски тим, Самарџиев се вратил дома. Популарниот Шуш погодил тројка во последната секунда од финалето на Купот 2008 година, и на Фени му го донел првиот трофеј во клупската историја. Таа титула во Купот била најава за уште неколку пехари кои кавадаречкиот клуб ги освоил од 2008 до 2011 година. Во таа 2011, Самарџиев во салата „Јасмин“ како капитен го кренал победничкиот пехар и во регионалната БИБЛ лига.[4]
Во август 2013 година, Самарџиев потпишал за Лирија од Скопје.[6] Веднаш по завршувањето на сезоната 2013/14, Самарџиев повторно се вратил во матичниот клуб Фени.[7][8]
Во август 2016 година, Горан Самарџиев одлучил да ја заврши кариерата како кошаркар.[9][10][11]
Тренерска кариера
уредиВеднаш по пензионирањето како кошаркар, Самарџиев станал помошник тренер на Фени Индустри како и координатор на младинските екипи на кавадаречкиот клуб.[9][10] Во април 2019, поради заминувањето на Љупчо Малинков како главен тренер на Фени, Самарџиев бил унапреден на таа позиција.[12][13] Самарџиев останал како тренер на Фени и за сезоната 2019/20.[14][15] За сезоната 2020/21, тој ја продолжил соработката со Еуро Никел.[16]
Успеси
уредиТитули во Првенството
уреди- 2000-01: Работнички
- 2001-02: Работнички
- 2002-03: Работнички
- 2003-04: Работнички
- 2004-05: Работнички
- 2005-06: Работнички
- 2007-08: Фени Индустри
- 2009-10: Фени Индустри
- 2010-11: Фени Индустри
Титули во Купот
уреди- 2003: Работнички
- 2004: Работнички
- 2005: Работнички
- 2006: Работнички
- 2007: Вардар
- 2008: Фени Индустри
- 2010: Фени Индустри
Титули во Суперкупот
уреди- 2001: Работнички
Титули во БИБЛ
уреди- 2010-11: Фени Индустри
Наводи
уреди- ↑ „Првата Супер куп титула за Фершпед Работнички“. vest.com.mk. 13 октомври 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 3 октомври 2015.
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
- ↑ Проф. Пецов – синоним за пронаоѓање таленти[мртва врска] republika.mk 19 април 2013
- ↑ 4,0 4,1 САМАРЏИЕВ: ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД КАРИЕРАТА sport.com.mk 7 август 2016
- ↑ Хаџивасилев второ засилување на Струмица 2005[мртва врска] vest.com.mk 27 јуни 2006
- ↑ Горан Самарџиев е нов член на Лирија[мртва врска] telegraf.mk 21 август 2013
- ↑ Камбек на Самарџиев, по една сезона повторно во Фени Индустри ekipa.mk 3 јуни 2014
- ↑ САМАРЏИЕВ СЕ ВРАТИ „ДОМА“. НОВИ ДОГОВОРИ ЗА МАЛИНКОВ И МАРКОВСКИ Архивирано на 11 август 2014 г. tip.com.mk 7 јуни 2014
- ↑ 9,0 9,1 Горан Самарџиев прв асистент на Малинков. Познат дел од ростерот kavadar4e.com 6 август 2016
- ↑ 10,0 10,1 Горан Самарџиев вели доста е со кошарка sportmedia.mk 7 август 2016
- ↑ „Горан Самарџиев прв асистент на Малинков. Познат дел од ростерот на Фени“. vinotika.mk. 6 август 2018. Посетено на 14 август 2018.
- ↑ „Малинков си замина од Фени, Самарџиев е нов тренер“. ekipa.mk. 2 април 2019. Посетено на 3 април 2019.
- ↑ „Некогашниот капитен станува прв тренер: Самарџиев го презема Фени“. sportmedia.mk. 2 април 2019. Посетено на 3 април 2019.
- ↑ „И Фени Индустри почна со потписи“. ekipa.mk преку web.archive.org. 25 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-26. Посетено на 26 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Самарџиев добива две засилувања: Гаидис и Караколев се селат во Фени“. gol.mk преку web.archive.org. 25 јули 2019. Посетено на 26 јули 2019.
- ↑ „Караколев го одби Куманово, останува во Еуро Никел“. ekipa.mk преку web.archive.org. 4 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-04. Посетено на 4 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)