Јанко Луковски
Јанко Луковски (Скопје, 7 април 1946 — Нови Сад, 6 ноември 2023) — македонски кошаркар и кошаркарски тренер. Неговиот син Драган е поранешен кошаркар и репрезентативец на СР Југославија со која освои бронза на Европското првенство во 1999 година.[1]
Лични информации | |
---|---|
Роден | 7 април 1946 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
Починат | 6 ноември 2023 Нови Сад, Србија | (возр. 77)
Националност | Македонец |
Заведена висина | 1.95 м (6 ст 5 ин) |
Информации за кариера | |
Играчка кариера | 1962–1979 |
Позиција | Бек |
Тренерска кариера | 1980–2000 |
Историјат на кариера | |
As player: | |
1962–1976 | Работнички |
1976–1978 | МЗТ Скопје |
1978–1979 | Работнички |
Како тренер: | |
1980–1981 | Борец Велес |
1981–1982 | Работнички |
1982–1986 | Југославија П-21 (помошник) |
1986–1988 | Спартак Суботица |
1988–1991 | Еѓшег Бачка Топола |
1991–1992 | Работнички |
1992–1994 | Профиколор |
1994–1995 | Војводина |
1995–1996 | Боровица |
1996–1997 | Војводина |
1997–1998 | МЗТ Скопје |
1999–2000 | Сутјеска |
Животопис
уредиПоголемиот дел од својата играчка кариера ја минал во Работнички и две сезони настапувал за МЗТ од Скопје. Како играч бил член на јуниорската и Б репрезентацијата на Југославија.
По завршувањето на играчката кариера продолжил да се занимава со кошарка како тренер. Уште додека бил играч на МЗТ од Скопје, две години истовремено работел и како помлад тренер. Во првата сезона како професионален тренер го вовел КК Борец од Велес во првата Б лига (1980). По успешната сезона во Борец, тој станал тренер во клубот во кој го минал најголемиот дел од својата играчка кариера - КК Работнички. Двапати ги вовел во првата А лига и еднаш во финалето на Купот на Југославија (1983), кое го загубил од Цибона.
Меѓу 1982—1986 ги водел, дел самостојно, дел како асистена на Русмир Халиловиќ помладите репрезентации на Југославија, и тоа кадетската репрезентација и младата репрезентација до 21 година каде тренирал играчи како: Дражен Петровиќ, Здовц, Паспаљ, Пецарски, Цвјетиќанин, Перасовиќ, Сретеновиќ и др
Во декември 1985 година по завршувањето на првиот дел од сезоната го презел Спартак од Суботица, кој тогаш бил последен на табелата во Првата Б лига со само една победа. Во вториот дел од сезоната успеал да опстане со 10 победи и само 2 порази. За неполни три сезони поминати во Суботица ги поставил темелите на новиот Спартак, кој станал стабилен Б-лигаш, а подоцна и член на првата А лига.
По Спартак во 1988 година го презел КК Еѓшег од Бачка Топола, која ја вовел во Првата војводинска лига, тогаш трета лига по ранг во Југославија. По три сезони во Бачка Топола во 1991 година добил покана повторно да седне на клупата на Работнички. Со него на клупата, Работнички го постигнал најголемиот успех во својата историја освојувајќи го третото место во првата А лига зад Партизан и Црвена Звезда и со финале на купот.
Во 1992 година го презел Профиколор од Панчево, кој по квалификациите го внел во првата А лига и истата година го зазел 5. место во Првата лига. По втората сезона во Профиколор со која го освоил 4. место во Првата лига во 1994 година го презел многу младиот и перспективен тим на Војводина. Со млади играчи (Луковски, Болиќ, Станојевиќ итн.) забележал значајни резултати. Подоцна ги водел Боровица од Рума, повторно Војводина, Ибон од Никшиќ.
Во 2003 година ја основал кошаркарската школа Спорт ки во Нови Сад.[2]
Наводи
уреди- ↑ „ПОЧИНА ПРОСЛАВЕНИОТ КОШАРКАРСКИ ТРЕНЕР ЈАНКО ЛУКОВСКИ“. СДК. 6.11.2023. Посетено на 7 ноември 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Preminuo Janko Lukovski“. b92.net. 6 ноември 2023. Посетено на 6 ноември 2023.
Надворешни врски
уреди- Sport Key
- Video Sample Архивирано на 4 март 2016 г.