Владимир Филиповиќ
Владимир Филиповиќ (роден на 28 јули 1985 година во Лесковац) е професионален кошаркар од Србија кој игра на позиција бек. Филиповиќ е моментален играч во Књажевац 1950 клуб кој се натпреварува во Првата регионална кошарска лига на Србија односно Трета српска Лига.
Владимир Филиповиќ | |
---|---|
Позиција | бек |
Висина | 1,96 м м |
Тежина | 88 кг |
Лига | Трета српска кошаркарска лига |
Клуб | Књажевац 1950 |
Роден | 28 јули 1985 Лесковац, СР Србија, СФРЈ |
Националност | Србин |
Проф. кариера | 2001– |
Клубови | |
Здравље (2001-07) Работнички (2007-10) Овче Поле (2010-2011) Работнички (2011) Лирија (2011-12) Кожув (2012-14) Карпош Соколи (2014) Куманово 2009 (2015) Здравље (2015-2016) Фер Плеј Ниш(2018-2019) Власотинце(2019-2021) Књажевац 1950(2021-) | |
Репрезентација | |
Награди |
|
Инфо од: 23-02-2022. |
Професионална кариера
уредиВладимир Филиповиќ започнал да тренира кошарка од свои 11 години во родниот град Лесковац. Со јуниорската екипа на Здравље – Лесковац, каде што ја носел и капитенската лента, остварува одлични резултати. Во 1999 година, го освоиле турнирот на пионери и се закитиле со златен медал. Со оваа победа добиле право за учество во првенство на Југославија каде го освоиле второто место. Во 2001 година, на свои 16 години Владимир дебитирал во првиот тим на Здравље од Лесковац. Во 2005 година, Филиповиќ заедно со својот тим земал учество на Holland Nordic Basketball Tournament во Гронинген - Холандија. Здравље – Лесковац го освоиле третото место, а Филиповиќ бил награден со трофеј за MVP играч на турнирот. Во 2007 година Владимир Филиповиќ потпишал договор со екипата на Работнички од Скопје, со кој Владимир ја освоил титулата на Македонија во 2008/2009 година. Со тимот на Работнички исто така се пласирал во финалето на Final four турнирот на балканската лига во Самоков - Бугарија, каде во финалето биле поразени од домаќинот на турнирот, екипата на Рилски Спортист. Во 2010 и кратко 2011 година Владимир Филиповиќ одиграл полусезона во тимот на Овче Поле од Свети Николе. Во вториот дел од сезоната се вратил во Работнички како капитен и играл финале за сезона 2010/2011 против екипата на Фени Индустри од Кавадарци. Во финалето екипата на Работнички била поразена, но го освоила Купот на Македонија истата сезона. Во сезоната 2011/2012, Филиповиќ го носел дресот на тимот на Лирија од Скопје, со која успеал да се пласира во полуфиналето на македонската кошаркарска лига, но изгубиле од тимот на Фени Индусти од Кавадарци. Во 2012 година Владимир Филиповиќ потпишал договор со тимот на Кожув од Гевгелија. Со овој тим Владимир се пласирал во финалето на македонската лига во сезоната 2012/2013, но изгубил од тимот на МЗТ Аеродром. Во сезоната 2013/2014 Владимир Филиповиќ повторно го носел дресот на Кожув од Гевгелија. Во првата половина од сезоната 2014/15, Владимир играл за Карпош Соколи, додека во јануари 2015 година потпишал за Куманово.[2][3] Со Куманово во 2015г., станал вицепрвак во Првенството каде во финалето загубиле од МЗТ Аеродром.[4][5]
Наводи
уреди- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
- ↑ „КК Куманово: Новото име во тимот е Владимир Филиповиќ“. kumanovskimuabeti.mk. 9 јануари 2015.[мртва врска]
- ↑ „Искусниот Филиповиќ го засили Куманово“. derbi.mk. 9 јануари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-01-20. Посетено на 2015-02-06.
- ↑ МЗТ е старо-нов шампион: Аеродром слави четврта титула![мртва врска] ekipa.mk 2 јуни 2015
- ↑ „Јане Сандански“ дочека да слави: МЗТ со „метла“ удри печат на четвртата титула по ред! sportmedia.mk 2 јуни 2015
Надворешни врски
уреди- Профил на Филиповиќ на eurobasket.com.