КК Гостивар

кошаркарски клуб од Гостивар, Македонија

КК Гостивар - кошаркарски клуб од Гостивар, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига. Клубот е освојувач на Првата македонска кошаркарска лига, како и двократен освојувач на Купот и Суперкупот на Македонија.

КК Гостивар
Податотека:KK Gostivar.png
ЛигаПрва Лига Мажи
Основан1954; пред 69 години (1954)
2009; пред 13 години (2009) (обновен)
2015; пред 8 години (2015) (обновен)
Распаднат2008; пред 14 години (2008)
2011; пред 12 години (2011)
МестоГостивар
Бои на клуботсина и бела
         
ПретседателАлександар Трпевски
ТренерНикола Димитриевски
Позиција 2018/19Полуфинале
Супер лига 4ти
Прваци1 Прва Лига Мажи
2 Куп на Македонија
2 Суперкуп на Македонија
3 Прва кошаркарска републичка лига
Дресови
Kit body bluesides.png
Домашен jersey
Kit shorts bluesides.png
Team colours
Домашен
Kit body whitesides.png
Гостински jersey
Kit shorts whitesides.png
Team colours
Гостински


ИсторијаУреди

Според спортските хроничари првите официјални натпревари во Гостивар се играле на почетокот на 50-тите години на минатиот век, на некогашното игралиште на ДТВ „Партизан“, на земјената подлога, во центарот на градот, а денес просторот се користи за паркинг. Екипата го носела името „Трговски“. Во 1954 година го регистрирале клубот и го промениле името во КК „Маврово“, а „Електро-Маврово“ од Гостивар бил долги години спонзор. Трипати клубот бил освојувач на титулата Републички првак и тоа во 1965, 1967 и 1968 година. Во последните три децении на минатиот век Гостивар бил втор кошаркарски град во Македонија, после Скопје. Екипата на Маврово неколку сезони успешно се натпреварувала во Втората кошаркарска лига на поранешната заедничка држава, СФРЈ. Во повеќе наврати екипата се обидува да стане член и на Првата лига, меѓутоа недостасувал последниот решавачки чекор за постигнување на целта.[1][2]

По независностаУреди

Во Македонската кошаркарска лига се водела изедначена борба за првото место на табелата меѓу Маврово односно Никол Ферт и Работнички од Скопје. Тие биле најквалитетни и најтрофејни екипи во Македонија, во освојувањето на Купот на Македонија и на републичкото Првенство.[2] КК Гостивар бил домаќин на Купот на Македонија 1994.[1] Никол Ферт во Купот на Македонија 1999 бил вицепрвак, губејќи од МЗТ Аеродром. Следната сезона бил првак во Првенството и го освоил Суперкупот на Македонија 2000 победувајќи го МЗТ Аеродром. Никол Ферт го освоил Купот на Македонија 2001, кога го победил Работнички. Исто така, од Николферт бил освоен и Купот на Македонија 2002 и Суперкупот на Македонија 2002. Во тој период Николферт го срушил рекордот за најмлад играч во Првата лига, внесувајќи го тогаш девет годишниот Никола Гајдаџиев.[3] Во 2004 година му било дадено старо-ново име на клубот - Маврово.[4][5] За време на сезоната 2007/08, Маврово за време на полусезоната поради финансиски причини бил исфрлен од Првата лига и за следната сезона требал да се натпреварува во Втората лига.[6] Повторно поради финансиски проблеми, Маврово го откажал учеството и во Втората лига и се распаднал.[7] Клубот во 2009 година бил обновен под името Гостивар 2009 и настапувал две сезони и потоа повторно се распаднал.

Повторна обноваУреди

Клубот бил обновен во 2015 година поради тоа требал за започне да се натпреварува во Третата лига.[8] Но по пат на договор Т-Баскет подоцна му го предал неговото учество во Втората лига.[2][9][10] Со освојувањето на првото место во Втората лига 2016/17, Гостивар добил право да учествува во Првата лига.

Историја на клупското имеУреди

Во својата историја екипата на Маврово повеќепати го менувала името, поради смена на спонзорите: Готекс, Вардар Комерц, Никол ферт, повторно Маврово сè до 2008 година и Гостивар 2009 по обновувањето.[2]

  • 1996—2004: Никол Ферт
  • 2004—2008: Маврово
  • 2009—2011: Гостивар 2009
  • 2015-2017: Гостивар 2015
  • 2017-: Гостивар

Моментален составУреди

број име висина см позиција години државјанство пристигнал
во (година)
претходен клуб
7 Александар Костоски 186 Разигрувач 33   Македонија 2018 Питешти  
15 Александар Штерјов 208 Центар 34   Македонија 2019 АВ Охрид
12 Ренато Димитриевски (к.) 196 Бек /
Крилен центар
29   Македонија 2017 Т-Баскет
10 Диме Тасовски 200 Крилен центар 40   Македонија 2017 Работнички
5 Марјан Јанески 203 Крилен центар 33   Македонија 2020 Куманово 2009
24 Ивица Димчевски 195 Бек /
Крилен центар
31   Македонија 2017 Кожув
23 Тома Стојаноски 16   Македонија 2019 Mладински состав
Марко Пецаноски 17   Македонија 2019 Mладински состав
4 Александар Ристоски 18   Македонија 2020 Mладински состав
Михајло Смилевски 17   Македонија 2020
14 Александар Тодоровиќ 206 Центар /
Крилен центар
33   Србија 2020 Нови Пазар  
3 Џоџо Вокер 185 Бек 23   Порторико 2021 Универзитет Портланд  
11 Немања Николиќ 196 Бек 22   Босна и Херцеговина 2021 Игокеа  
77 Стефан Лакиќ 201 Крилен центар 26   Босна и Херцеговина 2021 Младост  

Извор:Кошаркарска федерација на Македонија Архивирано на 26 октомври 2020 г. eurobasket.com

ПостигнувањаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Спорт/Кошарка - К.К. „Гостивар“ Архивирано на 15 април 2016 г. gostivar.net 2002
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Ќе го вратиме реномето на кошарката во Гостивар utrinski.mk 4 ноември 2015
  3. „НОВА МОДА ИЛИ НЕШТО ДРУГО: Дали играњето на пионери со сениори е исправно и „здраво"?“. sportmedia.mk. 7 ноември 2017. Посетено на 9 ноември 2017.
  4. Беспотресно прелевање и едно прволигашко откажување[мртва врска] vest.com.mk 2 јули 2004
  5. Лазовски се гледа во финалето, Петровиќ најавува "ремонт"[мртва врска] vest.com.mk 12 октомври 2004
  6. Прволигашко збогум за гостиварци[мртва врска] vecer.mk 7 јануари 2008
  7. Вести - Спорт[мртва врска] kiss.com.mk 7 јуни 2008
  8. Билтен бр.1 Сезона 2015/2016 - Сениорски лиги Архивирано на 4 март 2016 г. basketball.org.mk 7 септември 2015
  9. Изјава на КК Т-Баскет КК Т-Баскет на Facebook 30 септември 2015
  10. Интервју со Попоски: КК Гостивар со шампионски амбиции Архивирано на 4 март 2016 г. sportclub.mk 30 октомври 2015

Надворешни врскиУреди