Народна Република Македонија
службениот назив на македонската држава во рамките на федеративна Југославија за време на периодот 1946-1963
(Пренасочено од НР Македонија)
Народна Република Македонија — името на македонската држава од 8 март 1946 до 1963. Претходниот назив на државата бил Демократска Федерална Македонија, а Президиумот на Народното Собрание го сменил називот поради уставните промени. По 1963 година, името на државата повторно било сменето во Социјалистичка Република Македонија, повторно поради уставните промени.
Народна Република Македонија
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Денес над Македонија |
||||||
Главен град (и најголем) | Скопје | |||||
Службен јазик | македонски | |||||
Уредување | еднопартиски систем | |||||
федерална единица на Југославија | ||||||
• | Одржување на АСНОМ и основање на државата под името ДФ Македонија | 2 август 1944 | ||||
• | од Кралство Југославија | 8 март 1946 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 25,713 км2 |
Поважни настаниУреди
- Уставотворното Собрание на НР Македонија го усвоила првиот Устав на НР Македонија.
- Формирано е Друштвото на писателите на Македонија.
- Основана е Македонската опера.
- Информбирото донесува резолуција со која се осудува комунистичка Југославија.
- Основан е Македонскиот балет.
- Основан е Институтот за национална историја.
- Одржан е Првиот конгрес на Комунистичката партија на Македонија.
- Основан е Универзитетот Кирил и Методиј.
- Формиран Македонскиот фудбалски сојуз.
- Основано Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
- Народното собрание на ФНРЈ го донесува Законот за самоуправување со претпријатијата и стопанските организации.
- Во Охрид е одржан Вториот македонски црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Охридската Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква.
- Во 1963 се случил катастрофален земјотрес во Скопје.
Територијално административна поделбаУреди
- Во 1952 година, со Законот за поделба на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини, биле за првпат воведени околиите и општините како локални територијални единици. Истата година Народна Република Македонија била поделена на 18 околии, 27 градски општини и 205 општини.
- Во 1955 година, со Законот за подрачјата на околиите и општините, во Народна Република Македонија имало 7 околии и 73 општини.
- Скопската околија се состоела од 9 општин: Бутел, Ѓорче Петров, Драчево, Петровец, Ракотинци, Идадија, Кале, Кисела Вода и Саат Кула
- Битолската околија се состоела од 13 општини: Битола, Бистрица, Демир Хисар, Дихово, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Кукуречани, Мориово, Новаци, Плетвар, Прилеп и Тополчани.
- Кумановската околија се состоела од 9 општини: Клечевце, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Орашац, Ранковце, Старо Нагоричане и Табановце
- Охридската околија се состоела од 9 општини: Белчишта, Брод, Дебар, Кичево, Косел, Осломеј, Охрид, Ресен, Струга
- Тетовската околија се состоела од 7 општини: Врапчиште, Гостивар, Жеровјани, Маврово, Сараќино, Тетово и Теарце
- Титовелешката околија се состоела од 11 општини: Богданци, Богомила, Валандово, Гевгелија, Градско, Кавадарци, Конопиште, Неготино, Отовица, Велес и Чашка
- Штипската околија се состоела од 15 општини: Берово, Босилово, Василево, Виница, Делчево, Кочани, Ново Село, Облешево, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Свети Николе, Струмица, Џумајлија и Штип
- Во текот на 1962 година бројот на општините бил намален на 61.
- Во 1966 година биле укинати околиите.
ЛитератураУреди
- Гордана Сиљановска-Давкова, Владимир Митков, Локална самоуправа, Скопје, 2000
- Светомир Шкариќ, Уставно право, Скопје, 2006
НаводиУреди
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |