Бормио
Бормио (ломбардски: Bormi, германски: Worms im Veltlintal) е град и општина кој се наоѓа во Ломбардија на Алпите во северна Италија, со население од 4100 жители.
Бормио | |
---|---|
Панорама на Бормио | |
Место | Бормио, Италија |
Најблизок град | Бормио |
Координати | 46°28′3″N 10°22′41″E / 46.46750° СГШ; 10.37806° ИГД |
Вкупен спуст | 1786 m |
Надм. вис. (најгоре) | 3012 m |
Надм. вис. (најдолу) | 1224 m |
Скијачка површина | 75 км2 |
Патеки | 44 |
Најдолга патека | 6 km |
Жичници | 14 |
Носивост на жичниците | 16,000 скијачи/час |
Снежни врнежи | 300 см |
Снежен топ | 12 км2, 35% |
Портал | Bormio.it |
Географија
уредиБормио се наоѓа во североисточниот дел на регионот Ломбардија, во горниот дел од долината Валтелина, кое што е популарно одморалиште за зимски спортови. Валтелина е валов покрај реката Ада која се влева во езерото Комо. Бормио е поврзан со други долини преку четири превои:
- Јужен Тирол преку превојот Стелвио
- Вал Монастеро преку превојот Умбраил
- Ливињо преку превојот Фоскањо
- Понте ди Лењо преку превојот Гавија
Историја
уредиПоради своите термални бањи, Бормио долго време бил туристичка атракција. Членовите на римската аристократија патувале во Бормио за да уживаат во топлите бањи во планинските предели. Повеќето од овие термални бањи се во употреба и денес.
Покрај современите капацитети за скијање, градот е познат и по неколкуте топли извори кои се користат во три термални бањи.
Градот се наоѓа на историската Пјаца Кавур и Виа Рома, поранешно главно трговско место на трговскиот пат од Венеција до Швајцарија. Бормио го задржал својот уникатен средновековен центар на градот, кој привлекува многу туристи, претежно од Италија (од Милано и други градови). На Бормио ќе се одржат трките во алпско скијање на Зимските олимписки игри во 2026 година.
Алпско скијање
уредиОвде се одржале натпреварите од Светското првенство во алпско скијање во 1985 и 2005 година и секоја година овде се одржува трка од Светскиот куп во алпско скијање. На Бормео има 50 километри на обележани ски патеки, од кои најдолгата патека е 6 километри, каде што се наоѓаат петнаесет жичници и неколку скијачки школи.
Во Светскиот куп, на Бормио се одржува спуст за мажи кон крајот на декември. Патеката Стелвио, наречена по превојот Стелвио, е една од најтешките спуст патеки во светот; и е втора по должина патека од Светскиот куп, зад Лоберхорн во Венген, Швајцарија.
Знаменитости
уредиЗбратимени градови
уредиБормио е збратимен со:
Надворешни врски
уреди„Бормио“ на Ризницата ? |
- Бормио онлајн Архивирано на 2 февруари 2024 г.
- Бормио.it
- Bormio3.it
- Терме во Бормио
- Колекција на видеа од скијање во Бормио
- Научен клуб Бормио
- Официјален сајт на скијачките области
- Официјален сајт на туристичката канцеларија Бормио Архивирано на 7 јуни 2017 г.
- Туризам Алта Валтелина
- Вести на Алта Резија онлајн Архивирано на 16 април 2021 г.
- Водич за ски-центар Бормио, новости и настани. . .