Стефан Ашковски

македонски фудбалер

Стефан Ашковски (роден на 24 февруари 1992 година) ― македонски професионален фудбалер кој игра како крилен напаѓач за клубот Ламија од Суперлигата Грција.

Стефан Ашковски
Лични податоци
Роден на 24 февруари 1992(1992-02-24)(32 г.)
Роден во Скопје, Македонија
Висина &100000000000001790000001,79 м
Позиција Крило / Лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб ПАС Ламија 1964
Број 29
Младинска кариера
Металург
0000–2010 Вардар
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010–2012 Телеоптик 57 (5)
2012–2015 Партизан 1 (0)
2013Доњи Срем (позајмица) 14 (2)
2014Напредак (позајмица) 11 (0)
2014Стремсгодсет (позајмица) 0 (0)
2015Шкендија (позајмица) 5 (0)
2015Нови Пазар (позајмица) 14 (3)
2016 ФК Кајсери Ерџијеспор 12 (1)
2016–2018 Фортуна Ситарт 49 (12)
2017Горник Лечна (позајмица) 1 (0)
2018–2019 Левски 16 (0)
2019–2021 Ботошани 55 (6)
2021–2022 Шепши ОШК 37 (2)
2022– ПАС Ламија 1964 15 (0)
Репрезентација
2008 Македонија под 17 години 3 (0)
2009–2011 Македонија под 19 години 17 (2)
2012–2014 Македонија под 21 година 13 (0)
2015– Македонија 20 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 12 март 2023
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 2 април 2023

Клупска кариера уреди

Стефан Ашковски е роден во Скопје, Македонија. Играл за младинските екипи на Металург и Вардар. Во 2010 преминал во екипата на Телеоптик во Србија. За тој тим во периодот од 2010 до 2012 година настапил на 57 натпревари, постигнувајќи 5 голови. Во 2012 година преминал во екипата на Партизан од Белград. Но за тој тим настапил само на 1 натпревар, при што за време на престојот во екипата бил праќан на позајмици во различни екипи. Во 2016 година настапувајќи за екипата на Кајсери од Турција, настапил на 12 натпревари и постигнал 1 гол. Од 2016 до 2018 година играл во Холандија за екипата на Фортуна Ситарт, настапил на 49 натпревари и постигнал 12 голови. Во сезоната 2018/2019 година настапувал во екипата на Славија Софија во Бугарија, и забележал 16 настапи. Од 2019 до 2021 година играл во Романија во екипата на Ботошани, забележувајќи 56 настапи со 6 постигнати погодоци. Во сезоната 2021/2022 настапувал за екипата на Шепши ОШК во Романија, при тоа забележал 37 настапи со 2 постигнати погодоци. Во 2022 преминал во екипата на Ламиа во Грција и досега настапил на 15 средби.

Репрезентативна кариера уреди

Своето деби за македонската фудбалска репрезентација го има во 2015 година. Досега за македонската репрезентација има настапено на 18 натпревари.

Honours уреди

Партизан

Сепси ОСК

Наводи уреди

Надворешни врски уреди