Томе Саздов (8 февруари 1934 - 11 февруари 2004) — македонски научник од областа на книжевната историја и народната јужнословенска и македонска книжевност.

Животопис

уреди

Томе Саздов својот животен и работен век го поминал во Скопје, каде е роден и каде починал. Бил универзитетски професор Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, предавал Усна народна книжевност.

Завршил Филозофски факултет – група Историја на книжевноста на народите на СФРЈ во Скопје 1957. На истиот факултет докторирал на тема „Марко К. Цепенков како собирач на македонски народни умотворби“. Првите години по дипломирањето работел како новинар, по што работел на Филолошкиот факултет, најпрво како асистент, па до редовен професор.

Бил повеќегодишен директор и претседател на Советот на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид, претседател на Културно-просветната заедница на Македонија и директор на Институтот за македонска литература. Приредил повеќе зборници со македонски народни умотворби и го популаризирал нашето културно наследство, во домашната и во странската јавност. Почесен член на Друштвото на писателите на Македонија[1].

Дела

уреди
  • Македонската народна поезија, Скопје, 1966;
  • Преглед на македонската народна проза, Скопје, 1970;
  • Македонски народни приказни, Скопје, 1972; Марко Цепенков, Џ, Скопје, 1972 (еден од приредувачите);
  • Марко К. Цепенков како собирач на македонски народни умотворби, Скопје, 1974;
  • Кузман А. Шапкарев, Избрани дела, кн. 1-5, Скопје, 1976 (приредил);
  • Собирачки портрети, Скопје 1976; Македонска народна лирика, Скопје, 1977;
  • Стефан И. Верковиќ, Јужномакедонски народни приказни, т 1-2, Скопје, 1977;
  • Студии за македонската народна книжевност, Скопје, 1978;
  • Народни песни од југословенска Македонија, Атина, 1981 (превод на грчки јазик); Македонски народни приказни, Атина, 1981 (превод на грчки јазик);
  • Македонска народна лирика, Београд, 1981;
  • Миладиновци, Избрани текстови, Скопје 1982;
  • На тенка срма нижани. Народни умотворби од Пиринска Македонија, Скопје, 1982;
  • Скопје града покрај тиок Вардар, Скопје, 1985; Ѓорѓи Пулевски. Избрани текстови, Скопје, 1985;
  • Григор Прличев, Избрани творби, Скопје, 1985; Фолклористички студии, Скопје, 1986;
  • Народни песни од Пиринска Македонија, Скопје, 1988;
  • Македонска народна литература, Скопје,1988;
  • Македонска народна книжевност, Скопје, 1988;
  • Жената во македонската народна книжевност, Скопје, 1989;
  • Огледи за македонската народна книжевност, Скопје, 1990;
  • Усната книжевност на Македонците, Скопје, 1992;
  • Историја на македонската книжевност – усна народна книжевност, Скопје, 1997;
  • Непознатиот Прличев, Скопје, 1998; Григор Прличев, Запис за Одисеј, Скопје 1996.

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.