Александра (драма)
Драмата „Александра“ е дело на Томе Арсовски, напишано во 1958 година.
Автор | Томе Арсовски |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | драма |
Медиум | печатено издание |
Дејство
уредиВо драмата„Александра” дејството се случува во времето од крајот на Втората Светска војна, времето на Народната револуција во Македонија, во еден неименуван помал град, кој се наоѓал под Бугарска окупација. Тогаш поголем дел од Македонија бил под бугарска окупација, под команда на тогашната Германија. За да се ослободи од оваа власт, тогашното население се организира во Движењето на отпорот, во кое се вклучуваат многу млади.
Содржинa
уреди„Александра“ е драма која содржи 6 чина (појави). Според жанрот, делото припаѓа во категоријата драма, и може да се изведе сценско дело (театарска претстава, филм...). Во книгата главен лик е Александра, која е ќерка на познатиот адвокат Никола Бигорски. Бугарскиот начелник на полицијата Борис Ганов, фашист, кој се вселува во куќата на адвокатот, а и очекува Александра да биде негова девојка, иако таа не го сака него.Кулминацијата во драмата е на крајот на книгата, кога Александра се придружува на партизанскиот одред и го казнува Ганов за неговите фашистички дела. Ова е прва драма на писателот Томе Арсовски, напишана во 1958 г.
Некои ликови што се споменуваат во драмата се:
Александра – главен лик
Никола Бигорски – адвокат и татко на главниот лик
Владо – партизан, а подоцна и сојузник на главниот лик
Мајорот Борис Ганов - шеф на бугарската полиција во градот
Камбуров –полициски поручник
Изданија на книгата
уреди- Оваа драма е задолжителна лектира за осмо одделение
Поврзано
уреди- Оваа драма на Томе Арсовски била филмувана во 1970, а главните улоги биле толкувани од Снежана Стамова, Дарко Дамевски и Драги Костовски, во режија на Ацо Алексов.
Надворешни врски
уреди- [1]https://www.imdb.com/title/tt4394672/ Архивирано на 2 декември 2009 г.