Соња Стојменска-Елзесер

Соња Стојменска-Елзесер е родена 1963 година во Штип, таа е есеистка, критичарка и теоретичарка од областа на книжевноста. Докторка по филолошки науки, професорка и научна советничка во Институтот за македонска литература при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Соња Стојменска-Елзесер
Занимањепрофесор
НационалностМакедонка
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Предметкомпаративна книжевност, современа македонска книжевност, културолошки студии
Книжевно движењемакедонска книжевност, книжевна теорија

Биографија

уреди

Д-р Соња Стојменска-Елзесер работи како научен советник и професор во Институтот за македонска литература во Скопје, во Одделението за теорија на литературата и компаративна книжевност. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје 1986 година. На истиот факултет го одбранила магистерскиот труд „Теориско-методолошките начела на Михаил Бахтин“ [[1995) и докторската дисертација на тема „Лудистички постапки во современиот расказ“ 2003 година.

Во Институтот за македонска литература работи од 1988 година. Во периодот 19972000 работела како лектор по македонски јазик и литература на Карловиот Универзитет во Прага, Чешка. Во 2003]] г. е избрана за научен соработник, во 2006 за виш научен соработник, а во 2011 за научен советник во истото одделение.

Авторка е на книгите повеќе книги од областа на книжевни науки.

Го подготвила и напишала предговорот за изборот од поезијата на [[Богомил Ѓузел, „Остров на копно“ (едиција 130 тома македонска книжевност, [[2008), а соавтор е и на учебникот Компаративна книжевност 2004). Главен уредник е на научното списание „Контекст/Context“, кое објавува прилози на македонски и на англиски јазик.

Преведува од англиски, руски и чешки јазик, главно теориска литература: меѓу другото, превела статии од Бахтин – од руски, од Лис Иригаре, Стивен Тотоси де Цепетнек и др. – од англиски, а во последно време преведува романи од чешки јазик[1].

Член е на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност, на Националниот славистички комитет на Македонија и на Друштвото на писателите на Македонија. Во април 2018 година е избрана за претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Раководител е на докторските студии при ИМЛ[2].

Дела

уреди

„Пулсирачка филологија“ (1997);

„Игропис: есеи за книжевниот лудизам“ (2004);

„Споредбена славистика“ (2005);

„Гризни го јаболкото: антологија на македонската еротска проза“ (2006);

„Компаративна книжевност“ (2007);

„Еквилибриум/Equilibrium“ (2009);

„Со посвета“ (2013);

„(Не)секојдневни љубопитства“ (2018).

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2021-12-25. Посетено на 2021-12-25.
  2. https://iml.edu.mk/sonja-stojmenovska-elzeser/