Ели Маказлиева
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Ели Маказлиева[1] е родена во Битола. Маказлиева е македонска поетеса, поет за деца, раскажувач, сопственик и уредник во издавачката куќа ЕДУКА МАК.
Ели Маказлиева | |
---|---|
Занимање | книжевник |
Националност | Македонка |
Државјанство | македонско |
Образование | Филозофски факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
Животопис
уредиВо Битола завршува основно и средно (гимназиско) образование. Високо образование завршува Скопје, на Универзитет Кирил и Методиј, на Филозофски факултет на Институтот за педагогија, како и постдипломски студии со што се стекнува со диплома на Магистер по педагошки науки. По дипломирањето работела како воспитувач, училишен педагог, за поголемиот дел од работниот век да го помине како уредник и главен и одговорен уредник во издавачката куќа Просветно дело, Скопје 1987 - 2013 година.
Последните години била и вонреден професор, предавач на Универзитетот Американ колеџ во Скопје (УАКС), како професор по педагогија на студентите со наставна насока – англиски јазик.
По долгогодишното искуство во пишувачката и издавачката работа, во 2013 година ја основала издавачката куќа ЕДУКА МАК и е Претседател на уредувачкиот и редакциски одбор во истата до денес. Била претседател на Здружението на издавачи и книжарите на Република Македонија, од 2007- 2012 година. Маказлиева е член е на Друштво на писатели на Македонија.
Творештво
уредиПоезија за возрасни
уреди- 1992 - „Интерни стихувања“;
- 1993 - „Големото чекање“, НИО Студентски збор;
- 1999 - „Сон недосонуван“, Матица Македонска;
- 2002 - „Замисленото море“, Македонска книга;
- 2007 - „Непознавање на познатото“, Дирекција за култура и уметност;
- 2019 - „Мирисот на добрината“, ФЕНИКС;
- 2020 - „Здивот на страста“, ДАТА ПЕСНОПОЈ, Битола
- 2021 - „Шепотот на сонцето“ ДАТА ПЕСНОПОЈ, Битола
Поезија за деца
уреди- 1998 - „Распеана броенка“[2] - сликовница во стихови, Просветно дело;
- 2010 - „РАДОСНИЦА“ во првата година... My Baby Record Book. Римувани стихови, Просветно дело & Hinkler Books Pty LTD;
- 2013 - „Новогодишна шумска прослава“[3] - сликовница во стихови;
- 2014 - „Шумска олимпијада“, сликовница во стихови;
- 2014 - „Песни и сказни за овошја и зеленчуци разни“ – сликовница во стихови;
- 2014 - „Новогодишни детски желби“ - сликовница во стихови;
- 2015 - „Новогодишна елка“ - сликовница во стихови;
- 2016 - „Весели песни со букви лесни“ - сликовница во стихови;
- 2016 - „РАЗИГРАНИ ЧАДОРЧИЊА“[4] - збирка поезија за деца;
- 2016 - „Новогодишен подарок за Перко“ -сликовница во стихови;
- 2017 - „ПЧЕЛКИ НА РОЛЕРКИ“ - збирка поезија за деца;
- 2018 - „ГАТАНКИ погодувалки-пишувалки“, книга за деца;
- 2020 - „ВЕСЕЛИ ВАГОНИ НИЗ ЧЕТИРИ СЕЗОНИ“ - поезија за деца
- 2021 - „Чадот во градот“- книга за деца
- 2021 - „Патувалки истражувалки“ - книга за деца
- 2022 - „Новогодишна боенка со стихови“
- 2022 - „ЧУДЕСЕН ДАР ВО ГОДИШЕН КАЛЕНДАР“ - поезија за деца
- 2024 - „ОЧИ ВО ОЧИ“ - поезија за тинејџери
Проза за деца
уреди- 2015 - „4 ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“[5] - книга со раскази и стихови за деца;
- 2017 - „Авантурите на мачорот Перко“ – раскази за деца;
- 2017 - „Македонска илустрирана енциклопедија за деца“;
- 2019 - „Среќен роденден“ – книга со раскази за деца;
- 2019 - „ВОЛШЕБНАТА САНКА“[6] - сликовница за деца;
- 2019 - „Волшебната санка“ (2019), сликовница за деца
- 2021 - „Принцезата и трите ангелчиња“ - бајка за деца
- 2021 -„Новогодишна бајка“ - бајка за деца
- 2022 - „РАСКАЗИ БЕЗ ПАТОКАЗИ“[1]
- 2023 - „БАЈКИ НА НИШАЛКИ“[7]
- 2023 - „Средба со ДЕДО МРАЗ“
- 2024 -„Новогодишна снежна топка“[8]
Проекти
уредиАвтор е на повеќе литературни проекти и тоа:
- Литературна манифестација – ФЕСТИВАЛ НА ПОЕЗИЈА ЗА ДЕЦА „СТИХУВАЛКИ 2018/2019/2020/2021/2022/2023/2024 (во 7 досегашни изданија), поддржана од Министерството за култура на РСМ и од Град Скопје. Истовремено е координаторка, програмска уредничка и организаторка на истиот проект;
- проект „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА“ – КИЦ на РСМ во Софија –две изданија2019 и 2020, поддржан од Министерството за култура ма РСМ (Област – меѓународна соработка);
- проект „КНИГА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“ во рамките на проектните активности од областа на културата во интерес на Градот Скопје „Од центарот кон периферијата: Културата како алатка за социјален развој“, поддржан од град Скопје, (2020) за чија цел напишала публикација за воспитувачи и за родители „Влијанието на литературата за деца во нивниот развој“;
- проект „ЛИТЕРАТУРНИ ПИШУВАЛКИ ПАТУВАЛКИ“ – КИЦ на РСМ во Истанбул (2021), поддржан од Министерство за култура на РСМ (Област – меѓународна соработка);
- „ТРАДИЦИЈАТА, НАРОДНОТО ТВОРЕШТВО И ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА“ (2021) – поддржан од Домот на културата „Кочо Рацин“, Скопје и од Град Скопје;
- проект „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА“ – КИЦ на РСМ во Загреб 2023“ поддржан од Министерство за култура ма РСМ (Област – меѓународна соработка).
- Со пишување се занимава целиот свој живот, па освен што пишува поезија за деца и за возрасни и проза за деца, пишува и учебници и едукативни прирачници за деца и за ученици. Со свои поетски творби настапува на бројни поетски и литературни манифестации во земјата и надвор. Дел од нејзините песни се објавени во 30 антологии и книги, како и во над 200 списанија за деца, учебници и зборници. Има објавено над 40 стручни трудови во различни зборници, преку учество на бројни конференции, конгреси, симпозиуми, стручни собири. Идеен творец е на списанијата за деца „СМЕШКО“ (2013 – 2016) и „СУПЕР СМЕШКА“ (2016 – до денес), каде што редовно пишува текстови и стихови за деца.
Автор и коавтор
уредиМаказлиева е автор и коавтор на над 70 објавени наслови – книги со различна содржина, од кои:
- 40 книги (поезија и проза за деца и за возрасни),
- 18 прирачници – едукативни книги за деца од предучилишна возраст (објавени од 1992 – 2019),
- Македонска илустрирана енциклопедија за деца (2017),
- 16 учебници и прирачници за ученици од основно и од средно образование објавени во периодот од 1990 до 2009 година
- 3 други стручни книги за возрасни.
- Магистерскиот труд со наслов „Дидактички компоненти на учебникот“ е објавен во 1995 година како книга – учебничка литература за студентите на Институтот за педагогија.
Дел од нејзините книги се преведени на англиски, српски, албански и турски јазик, а книгите за деца „ЗОШТО ВРЕДИ ЕНЕРГИЈА ДА СЕ ШТЕДИ“ (2015) и „ЕКОДЕТЕ ПРИКАЗНА ПЛЕТЕ“[9] (2020) се преведени на бугарски јазик.
Награди и признанија
уредиДобитник е на повеќе награди на национално ниво:
- 2016 - Награда „СТРУШКО ИЗГРЕЈСОНЦЕ“[10] за најдобра поетска книга за деца „ВЕСЕЛИ ПЕСНИ СО БУКВИТЕ ЛЕСНИ“[11];
- 2018 - Награда за најдобра поетска творба за возрасни „ЕЗЕРОТО“ на ОХРИДСКИ ПОЕТСКИ БИСЕР;
- 2019 - Прва награда за најдобар краток расказ со наслов „Планина од полски цвеќиња“ [12]од ОЖ на Општина Битола;
- 2019 - ТРИ НАГРАДИ за најдобри книги за деца во 2018 година, на ОХРИДИЈАДА;
- 2020 - Награда за печатење на поетската книга за возрасни „ЗДИВОТ НА СТРАСТА“ на Дата песнопој
- 2022 - Награда „Ванчо Николески“[13] за „Чудесен дар во годишен календар“[14]
Меѓународни награди:
уреди- 2006 - плакета за издаваштво и пишување – PROCLAMATION PLAQUE for publishing and writing GREAT WOMEN OF THE 21st CENTURY – American Biographical Institute, and inclusion in edition
- 2006/2007 - GREATEST women; специјална награда и сертификат како благодарност за помошта, придонесот, посветеноста и поддршката во процесот на стекнување меѓународна акредитација на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје,.
- 2011 - Award – Certificate of Appreciation for assistance, contribution, dedication and support in the process of acquiring international accreditation to the University American College, Skopje ().
Наводи
уреди- ↑ „Ели Маказлиева“. ИНАКУ. Посетено на 2025-01-18.
- ↑ „Ели Маказлиева“. ИНАКУ. Посетено на 2025-01-18.
- ↑ „Новогодишна шумска прослава“. ЕДУКА МАК Книжарница. Посетено на 2025-01-18.
- ↑ „„Разиграни чадорчиња" – нова книга за деца од Ели Маказлиева“. Daily.MK - Вести. Посетено на 2025-01-18.
- ↑ „4 ГОДИШНИ ВРЕМИЊА - Клуб Матица“. matica.com.mk. 2024-03-09. Посетено на 2025-01-18.
- ↑ „Волшебната санка“. literatura.mk. Посетено на 2025-01-18.
- ↑ „Бајки на нишалки“. ЕДУКА МАК Книжарница. Посетено на 2025-01-18.
- ↑ „НОВОГОДИШНИ СЛИКОВНИЦИ“. www.knizarnica.mk. Посетено на 2025-01-18.
- ↑ „„Екодете приказна плете" – нов прирачник за деца“. Daily.MK - Вести. Посетено на 2025-01-18.
- ↑ „Весели песни со букви лесни | Meta.mk“. 2016-07-05. Посетено на 2025-01-18.
- ↑ „Весели песни со букви лесни | Meta.mk“. 2016-07-05. Посетено на 2025-01-18.
- ↑ НМ (2024-03-05). „Планина од полски цвеќиња“. Нова Македонија. Посетено на 2025-01-18.
- ↑ „Ванчо Николески (награда)“. Википедија. 2024-07-31.
- ↑ „Ели Маказлиева ја доби наградата „Ванчо Николески" на ДПМ за 2022“. Независен. 2.02.2023. Посетено на 12 февруари 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)