Илирско движење
Илирското движење (српскохрватски: Ilirski pokret; словенечки: Ilirsko gibanje) било пан-јужнословенско културно и политичко движење со корени во раниот современ период, започнато од група млади хрватски интелектуалци за време на првата половина на 19ти век, околу 1835–1863 (постои одредено несогласување во официјалните датуми од 1835 до 1870).[1] Ова движење имало за цел создавање на хрватски национален естаблишмент во Австроунгарија преку јазично и етничко единство, и преку него да ги постави темелите за културно и лингвистичко обединување на сите Јужни Словени под терминот Илири.
Аспектите на движењето кои се однесуваат на развојот на хрватската култура во хрватската историографија се сметаат за дел од Хрватската народна преродба (хрватски: Hrvatski narodni preporod).
Наводи
уреди- ↑ Despalatovic, Elinor Murray. Ljudevit Gaj and the Illyrian Movement. New York: East European Quarterly, 1975.