Прва фудбалска лига на Чешка

Прва фудбалска лига на Чешка (или 1. лига) позната уште како Фортуна лига поради спонзорски причини, е најсилната фудбалска лига во Чешка. Како највисоко ниво на чешкиот фудбалски лигашки систем, во неа се натпреваруваат 18 клубови кои играат помеѓу себе по двапати, а по крајот од секоја сезона има корелација со Втората лига на Чешка преку системот на промоција и испаѓање.

Прва фудбалска лига на Чешка
ЗемјаЧешка Чешка
КонфедерацијаУЕФА
Основана1993
Број на клубови18
Нивоа на пирамида1
Испаѓање воВтора лига
Домашен купКуп на Чешка
Тековен првакСлавија Прага Славија Прага (6. титула)
(2018-2019)
Најмногу титулиСпарта Прага Спарта Прага
(34 титули)
ТВ партнериЧТ
Мрежно местоМрежно место
Трофеј
Прва фудбалска лига на Чешка 2020-2021

Лигата е основана во 1993 година, по распаѓањето на Чехословачка. Од основањето па сè до сега, 35 екипи играле во Првата лига на Чешка. Најуспешен клуб е Спарта Прага со 12 титули, а актуелен шампион е екипата на Славија Прага, која го освои изданието во сезоната 2019-2020.

Клубови во сезоната 2020-2021 уреди

Шампиони уреди

Од никнувањето на чешкото првенство до денес, забележлива е доминација на прашките екипи: Спарта Прага ја има освоено титулата 12 пати, а Славија Прага 6 пати. Останатите екипи кои не се од главниот град а ја освоиле шампионската титула барем еднаш досега се: Викторија Плзењ со 5 титули, Слован Либерец со 3 титули и Баник Острава со една.

Титули по клубови уреди

Екипа Титули Сезони
  Спарта Прага 12 1993-1994, 1994-1995, 1996-1997, 1997-1998, 1998-1999, 1999-2000, 2000-2001, 2002-2003, 2004-2005, 2006-2007, 2009-2010, 2013-2014
  Славија Прага 6 1995-1996, 2007-2008, 2008-2009, 2016-2017, 2018-2019, 2019-2020
  Викторија Плзењ 5 2010-2011, 2012-2013, 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018
  Слован Либерец 3 2001-2002, 2005-2006, 2011-2012
  Баник Острава 1 2003-2004

Надворешни врски уреди


Најдобри фудбалски лиги во Европа (УЕФА)

Австрија | Азербејџан | Албанија | Англија | Андора | Белгија | Белорусија | Босна и Херцеговина | Бугарија | Велс | Германија | Грузија | Грција | Данска | Ерменија | Естонија | Кипар | Израел | Република Ирска | Исланд | Италија | Казахстан | Латвија | Литванија | Луксембург | Македонија | Малта | Молдавија | Норвешка | Полска | Португалија | Романија | Русија | Сан Марино | Северна Ирска | Словачка | Словенија | Србија | Турција | Украина | Унгарија | Фарски Осторови | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шведска | Шкотска | Шпанија