Џон Малкович

американски глумец

Џон Гавин Малкович (англиски: John Gavin Malkovich) — американски глумец, продуцент и режисер. Роден е на 9 декември 1953 година во Кристофер, (Илиноис). Неговите дедо и баба по таткова линија биле Хрвати, со потекло од Озаљ, кај Карловац, Хрватска[1][2][3][4], а мајка му имала шкотско и германско потекло[5].

Џон Малкович
Роден(а)Џон Гавин Малкович
СопружникГлен Хедли (1982-1988)
Николета Пејран (1989 - до денес)
НаградиBoston Society of Film Critics Awards - Best Supporting Actor -
1985 Полиња на смртта

Филмографија

уреди

Малкович најпрвин се прославил на театарската сцена, а во 1999 година се играл себеси во филмотДа се биде Џон Малкович“. Во својата кариера, тој имал две номинации за наградата „Оскар“, и тоа за улогите во филмовите „Места во срцето“ и „На линијата на огнот“. Во 2014 година, тој го позајмил гласот во цртаниот филмПингвините од Мадагаскар“, во кој го толкувал научникот Октавиус Брин, под чија маска се крие октоподот Дејв, кој е љубоморен на пингвините.[6]

Табела 1: Филмографија на Џон Малкович

година наслов на филмот оригинален наслов улога
1984. Места во срцето Places in the Heart Господин Вил
1984. Полињата на смртта The Killing Fields Алан Рокоф
1985. Смртта на трговскиот патник Death of a Salesman Биф Ломан
1985. Елени Eleni Ник Гејџ
1986. Rocket to the Moon Бен Старк
1987. Стаклена менажерија The Glass Menagerie Том Вингфилд
1987. Making Mr. Right Д-р Џеф Питерс/Уликс
1987. Царство на сонцето Empire of the Sun Бејси
1988. Милји од дома Miles from Home Бери Максвел
1988. Опасни врски Dangerous Liaisons Виконт Себастиен де Валмон
1990. Чај во Сахара The Sheltering Sky Порт Морсби
1991. Стари времиња Old Times Дили
1991. Предмет на убавината The Object of Beauty Џејк
1991. Queens Logic Елиот
1992. Сенки и магла Кловн
1992. Глувци и луѓе Лени Смол
1993. На линија на огнот Мич Лири
1993. Alive Стари Карлитос
1994. Срце на темнината Heart of Darkness Керц
1995. O Convento Мајкл (глас)
1996. Мери Рејли Mary Reilly Д-р Хенри Џекил/Едвард Хајд
1996. Портрет на една дама The Portrait of a Lady Гилберт Озмонд
1996. The Ogre Abel Tiffauges
1997. Летечки затвор Con Air Сајрус Вирус Грисом
1998. Човекот со железната маска The Man in the Iron Mask Атос
1998. Покерџии Rounders Теди КГБ
1999. Да се биде Џон Малкович Being John Malkovich Џон Малкович
1999. The Messenger: The Story of Joan of Arc Charles VII
2000. Сенката на вампирот Shadow of the Vampire F. W. Murnau
2000. Клетници Les Miserables Javert
2001. Knockaround Guys Teddy Deserve
2002. The Dancer Upstairs Abimael Guzman
2002. Риплиевата игра Ripley's Game Том Рипли
2003. Џони Инглиш Johnny English Паскал Саваж
2003. Um Filme Falado Captain John Walesa
2004. The Libertine Charles II
2005. Автостоперски водач низ галаксијата The Hitchhiker's Guide to the Galaxy Humma Kavula
2005. Colour Me Kubrick Алан Конвеј
2006. Art School Confidential Professor Sandiford
2006. Ерагон Eragon Galbatorix
2006. Климт Klimt Густав Климт
2006. The Call Свештеникот
2007. In Transit Павлов
2007. Беовулф Beowulf Unferth
2008. The Mutant Chronicles Константин
2008. Да се запали по читањето Burn After Reading Озборн Кокс
2009. Замена Changeling пречесен Густав Бриглеб
2009. The Great Buck Howard Бак Хауард
2010. Disgrace David Lurie
2010. Afterwards Dr Joseph Kay
2011. Transformers: Dark of the Moon Брус
2011. Goltzius and the Pelican Company Хенрик Голциус

Наводи

уреди
  1. „Croatia to hand over Serbian villas to phantom Czech agency“. nacional.hr. Архивирано од изворникот на 2012-07-25. Посетено на 2011-06-04.
  2. „Timesonline“. Follow that star. London. January 3, 2004.[мртва врска]
  3. „Croatian Art“. Croatianhistory.net. September 2, 1995.
  4. Kralev, Nicholas (June 15, 2002). „Seeing John Malkovich“. Nicholaskralve.com. Financial Times. Архивирано од изворникот (reprint) на 2006-10-04.
  5. Stolyarova, Galina (March 31, 2006). „Prisoners of War“. Moscow Times. Архивирано од изворникот на 2006-10-07.
  6. Наташа Спирова, „Секоја сцена ја повторувавме милион пати“, Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 12.