Roxette

(Пренасочено од Роксет)

Roxette или Роксет биле шведска музичка група, или дуо, составено од Мари Фредриксон и Пер Гесле. Групата уживала светски успех од доцните 1980-ти и средината на 1990-те години, при што се стекнале со 19 појавувања на британската топ листа[1] и пет пати биле број 1 на американската листа со песните „The Look“, „Listen to Your Heart“, „It Must Have Been Love“ и „Joyride“.[2] Понатака, уште две песни „Dangerous“ и „Fading Like a Flower“ биле на второ место на листата.[2]

Roxette
Роксет
Роксет во август 2010.
Биографски податоци
ПотеклоХалмштад, Шведска
Жанровипоп музика, рок музика
Период на активност1986–денес
ИздавачиCapitol records,
EMI,
Edel Music
Мреж. местоофицијално мрежно место
Членови
Пер Гесле
Мари Фредриксон

Својата најголема слава ја стекнале во периодот од доцните 1980-ти и раните 1990-ти, но нивната слава продолжила со слично темпо и после овој период, особено во Европа и Јужна Америка, каде освоиле различни златни и платинести награди. Дуото престанало да снима и настапува во 2002 кога на Фредриксон ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот.[3] Сепак, дуото продолжило со настапи после осум години.[4]

НаводиУреди

  1. „Roxette's UK Chart stats“. www.chartstats.com. Архивирано од изворникот на 2012-05-25.
  2. 2,0 2,1 „Roxette's Billboard chart history“. Billboard. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. „BBC News: Roxette Star has brain tumour“. BBC News. 2002-09-16. Посетено на 2010-01-04.
  4. „The Daily Roxette: Marie joins Per and band on stage in Amsterdam“. Посетено на 2009-05-07.

Надворешни врскиУреди