Осип (Џузепе) Иванович Бове (италијански: Giuseppe Bova, француски: Joseph Bové; 24 октомври (4 ноември) 1784, Санкт Петербург16 (28) јуни 1834, Москва) бил руски архитект, претставник на класицизмот, познат по обновувањето на Москва по пожарот во 1812 година.

Осип (Џузепе) Иванович Бове
Роден(а)24 октомври 1784
Санкт Петербург, Руска Империја
Починал(а)16 јуни 1834
Москва, Руска Империја
НационалностРусин
ЗданијаТриумфална портаТеатарски плоштад, Александрова градина, Манеж

Потекнувал од италијанско уметничко семејство, во кое и неговите двајца помали браќа станале архитекти. Се школувал во училиштето на Франческо Кампорези. За време на Наполеоновата инвазија на Русија работел во полицијата, а веднаш по големиот пожар бил вклучен во комисијата за обновување на градот. Речиси сите негови градби биле изградени во Москва, а меѓу најпознатите се: Триумфалната порта, Александровата градина, Манеж и Театарскиот плоштад, вклучувајќи ја и салата на Бољшој театар. Изградил и голем број на цркви, а под негов надзор се одвивал и проектот за обнова на Црвениот плоштад.

Иако за своите заслуги поднел молба до Императорската академија на уметностите, се стекнал со звањето „архитект“, но не станал академик.

Животопис

уреди

Осип Бове се родил во Санкт Петербург, во семејството на италијанскиот уметник, Винченцо Џовани Бова, кој се преселил во Русија во 1782 година за да работи во Ермитаж.[1] Неговото родно име било Џузепе, кое подоцна било преименувано во „Осип“ за да звучи повеќе руски. Кратко по неговото раѓање, семејството се преселило во Москва, а по него се родиле уште два сина: Михаил и Александар, кои исто така станале архитекти.[1][2]

Со основното знаење за архитектурата и сликарството се стекнал во училиштето на италијанскиот архитект, Франческо Кампорези, коешто го посетувал од 1802 до 1807 година. Веднаш потоа, започнал да работи под раководство на Матвеј Казаков и Карл Роси, во Москва и Твер, сè до московскиот пожар во 1812 година.[1]

За време на Наполеоновата инвазија на Русија, Бове членувал во полицијата, а во 1813 година ѝ се вратил на градската служба. За обновување на изгорената Москва била создадена специјална комисија во која Бове бил задолжен за четвртиот дел од градот, кој ги вклучувал: Тверскиот, Арбатскиот, Пресненскиот, Новинскиот и Градскиот дел од градот. Во 1814 година, бил назначен за главен архитект на „фасадниот дел“, надгледувајќи ги проектите и нивното „извршување во точно проектираните линии, а со тоа и издадените планови и фасади“.[3] На тој начин успеал да го обнови стариот облик на градот, со нов замав за Москва и со еднствена стилистичка замисла. Со помош на одобрениот главен план од 1817 година, Бове ја отелотворил идејата за создавање на град-споменик во чест на големината на Руската Империја.

 
Триумфалната порта во Москва

Во февруари 1816, Бове се стекнал со звањето „архитект“ од страна на советот на Императорската академија за уметностите. Истата година се оженил со кнегињата Авдотја Трубецкаја.[1]

Под надзор на Бове, во центарот на Москва биле обновени Трговските редови во предниот дел на Кремљ, бил обновен Црвениот плоштад, а бил изграден и Театарскиот плоштад, вклучувајќи ја и салата на Бољшој театар.

Во периодот од 1828 до 1833 бил задолжен за изградбата на Градската болница во централното подрачје на Москва, а во периодот од 1829 до 1834 година за изградбата на Триумфалната порта во Москва.

Починал во Москва во 1834 година. Погребан е на гробиштата во Донскиот манастир.

Интересни факти

уреди

Без оглед на своите заслуги, Бове не добил звање на академик во областа на архитектурата. Во 1816 година, тој поднел список со своите 34 градби до Императорската академија на уметностите и замолил да му доделат задача, со цел да се стекне со звањето. Академијата му го доделила звањето „архитект“ и му задала задача да изгради театарска сала за 3000 гледачи, што не било исполнето.[4]

Проекти

уреди
 
Молитвената црква во Пехра-Покровское

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Осип Иванович Бове, Храмы России
  2. Осип Бове, calendar.ru
  3. 4 ноября в истории:, newsinfo.ru
  4. Осип Иванович Бове (1784-1834), Библиотека юново исследователя

Литература

уреди
  • Покровская З. К.: „Осип Бове“,Москва, Стройиздат, 1999, ISBN 5-274-00592-6.
  • Грабарь И.: „История русского искусства“, Спб., 1912, т. I. История архитектуры (введение).

Надворешни врски

уреди