Милован Видаковиќ

Милован Видаковиќ (Неменикуће, 1780Пешта, 28 октомври 1841) бил српски писател, a се смета и за зачетник на српскиот роман.Тој е еден од најчитанијите српски писатели на своето време.

Милован Видаковиќ
Milovan Vidaković
Изворно имеМилован Видаковиќ
Роден/амај 1780
Немениккуќа, Србија Отоманска империја)
Починат/аоктомври 28, 1841(1841-10-28) (возр. 61)
Пешта, Унгарија
ПочивалиштеБудимпешта
Занимањероманописец
Јазиксрпски
Спомен биста во портата на Црквата на Светите апостоли Петар и Павле во Неменикуќи

Животопис

уреди

Роден е во село Неменикуќе под Космај, детинството го поминал без училиште, одејќи по овци и кози, со татко му, имотен, но неписмен селанец. Единствено духовно влијание на него вршела епската народна традиција. Во текот на Кочинска краина 1787—91. живеел прво во збег, а потоа со татко му и останатите селани побегнал во Срем. Татко му наскоро се вратил, а него го оставил кај роднините во Ириг. За својата младост, селото, Космај и за бегањето подоцна оставил опширен запис. Во Ириг тргнал на училиште, а учел и трговија. Ја преживеал катастрофалната иришка чума од 1795/96. Гиназија завршил во Сегед, Темишвар и Нови Сад, филозофија во Сегед и Кежмарк, каде бил запишан и на право. За време на целото школување Видаковиќ се издржавал подучувајќи помлади ученици. Него го интересирале и јазици. Научил латински, германски, унгарски и помалку француски.

Во есен 1817 година поставен е за професор во српската гимназија во Нови Сад. Поради некоја афера отпуштен е 1824 година. Од тогаш живел како приватен учител, во Темишвар, Сремски Карловци и Пешта. Поголем дел од животот го поминал во беспарица. Последните години од својот живот ги поминал во Пешта. Погребан е на српските гробишта во Пешта; надгробниот споменик на свој трошок му го подигнала Матица српска.

Дела

уреди

Видаковиќ бил многу плоден писател и веројатно најчитаниот српски автор на своето време. Пишувал песни, епови и романи, а пишувал(но не ја довршил) и автобиографија која е објавена дури посмртно. На творештвото на Видаковиќ влијание имале српската епска поезија, историографската работа на Јоваа Рајиќ, потоа делата на Павле Солариќ и Атанасије Стојковиќ и делата на многу германски писатели на романи од ниска книжевна вредност.

Најпознат е како романописец. Иако не е прв писател на романи (пред него во оваа, тогаш во српската средина нова форма, опробале Атанасије Стојковиќ и Никола Шимиќ) тој веќе со самата обемност на својот опус сосема изразита појава на книжевната сцена на тоа време. Прв се професионално занимавал со романот и го утврдил овој вид на книжевност кај Србите оставајќи зад себе цела школа писатели кои се угледале на него. За пример му послужиле германски романи од популарна книжевност.

Бирајќи авантуристички и егзотични теми, Видаковиќ во своите дела се стремел да разоноди, но воедно не отстапувал од намерата да воспитува, па неговите романи се полни со морални и животни пораки. Јазикот на неговите дела е извештачен руско-српски и поради него имал најмногу проблеми со младите писатели со романтичарска провениенција.

Најпознати дела му се "Осамено момче" ("Усамљени јуноша") (1810), "Велимир и Босиљка" (1811), "Љубомир во Јелисијум"("Љубомир у Јелисијуму") (1814, 1817, 1823), "Силоан и Милена" (1829), "Патешествија во Ерусалим" ("Путешествија у Јерусалим") (1834), "Песн ироическа" (1839) и "Селим и Мерима" (недовршено, 1839). Ја написашал и првата биографија на Димитрија Давидовиќ набрзо по смртта на Давидовиќ во 1838 године. Напишал и еден учебник за латински језик како и повеќе поетски дела.

Список на дела

уреди
  • „Историја за прекрасниот Јосиф“ (Историја о прекрасном Јосифу)(еп; Будим, 1805)
  • „Усамљени младич“ (Усамљени јуноша) (роман; Будим, 1810)
  • „Велимир и Босиљка“ (Будим, 1811)
  • „Љубомир во Јелисијум“ (Љубомир во Јелисијум) (во три книги; Будим, 1814, 1817, 1823)
  • „Млад Товиј“ (Млади Товија); расказ во стихови (Будим, 1825)
  • „Касија Царица“ (Будим, 1827)
  • „Силоан и Милена србинка во Англија“ (Силоан и Милена Српкиња у Енглеској) (Будим, 1829)
  • „Љубезна сцена во веселиот двор на Иве Загорец“ (Љубезна сцена у веселом двору Иве Загорице), расказ од српската историја (1834)
  • „Путешествије у Јерусалим“ (Путешествије у Јерусалим) (спев; Будим, 1834)
  • „Српска граматика“ (Граматика српска) (Пешта, 1838)
  • „Историска песна за Св. Ђорђи“ (Песан историческа о Св. Ђорђу), у стиховима (Нови Сад, 1839)
  • „Селим и Мерима“ (недовршен роман; Нови Сад, 1839)
  • „Смесички“ (Смесице): 10 различни статии (Пешта, 1841)
  • „Историја на српскиот народа, по Рајиќ“ (Историја српског народа, по Рајићу) (во 4 книги; Белград 1833-1937)
  • „Автобиографија на Милован Видаковиќ“ (Автобиографија Милована Видаковића), Гласник на српското учено друштво (Гласник Српског ученог друштва) 1871,30

Преводи

уреди
  • „Љубов кон младата Српска Муза“ (Љубав к младој Музи Српској) (од латински; Пешта, 1812)
  • „Девицата од Маријенбург“ (Дјевица из Маријенбурга) (од германски; 1836)
  • „Благодарен младич“ од германски (Благодарни отрок од германски);(еп; Будим, 1805)