Пјер Жан де Беранже
Пјер Жан де Беранже (француски: Pierre-Jean de Béranger, роден на 19 август 1780 во Париз - починал на 16 јули 1857 во Париз) — француски поет и песнописец. Во своето творештво Беранже пишувал за љубовта, жените и виното, или ги користел како оружје и сатира против политичкиот живот и религиозните институции.
Пјер Жан де Беранже | |
---|---|
Роден/а | 19 август 1780 Париз, Франција |
Починат/а | 16 јули 1857 Париз, Франција |
Занимање | поет |
Државјанство | Французин |
Животопис
уредиБеранже бил син на сиромашни родители и потомок на сиромашен кројач. Тој самиот работел како печатарски чирак, а потоа како службеник во некое биро каде работел за мала плата. Исто така, тој немал големо образование, т.е. никогаш не посетувал вистинско училиште, ниту пак универзитет.[1]
Осврт кон творештвото
уредиГете имал позитивно мислење за творештвото на Беранже, истакнувајќи дека кај него ништо не е измислено, нема замислен или нестварен интерес и дека тој секогаш има значајни предмети на обработка. Исто така, Гете сметал дека уметничката разработка на Беранже секогаш е совршена, зашто тој во себе го носел предметот долго време пред да го искаже. Исто така, Гете ги фали досетките, духовноста, иронијата, персифлажата, срдечноста и наивноста во делата на Беранже. Како резултат на тоа, неговите песни разведрувале милиони луѓе и биле пристапни за работничката класа, поттикнувајќи го народот да мисли благородно.[2]