Морис Кантен де Ла Тур
Морис Кантен де Ла Тур (француски: Maurice Quentin de La Tour; 5 септември 1704 – 17 февруари 1788) — француски портретист кој работел во стилот рококо, претежно во пастелна техника. Сликал многу познати личности, меѓу кои Волтер, Жан Жак Русо, Луј XV и Мадам де Помпадур.
Морис Кантен де Ла Тур Maurice Quentin de La Tour | |
---|---|
![]() Автопортрет на Ла Тур околу 1751 г. | |
Роден(а) | 5 септември 1704 Сен Кантен, Франција |
Починал(а) | 17 февруари 1788 Сен Кантен, Франција | (возр. 83)
Националност | Французин |
Познат(а) по | пастел |
Животопис Уреди
Роден е во Сен Кантен како син на музичар кој не му одобрувал стане сликар. На 15-годишна возраст се преселил во Париз, каде учел сликарство кај фламанскиот сликар Жак Спуд. Во 1724 г. отишол во Ремс, а во 1725 г. во Англија. Во 1727 г. се вратил во Париз и го продолжил ликовното образование. По враќањето во Париз почнал да работи со пастели.
Во 1737 г. ја направил првата изложба од вкупно 150 портрети кои станале гордост за Парискиот салон во следните 37 години. Ла Тур се истакнал како врвен потртетист, обдарувајќи ги личностите со посебна драж и интелигенција.
Во 1746 г. е примен во Кралската академија на сликарството и вајарството, а во 1751 г. станува нејзин советник. Во 1750 г. бил назначен за портретист на кралот и останал во служба до 1773 г, кога доживеал нервен слом. Подоцна Ла Тур основал ликовна школа и почнал да се занимава со одбротворни алтивност пред да се повлече во домашен кревет поради душевна болест. На возраст од 80 години се повлекол од работата, враќајќи се во Сен Кантен, каде починал по три години.
Галерија Уреди
-
Кралот Луј XV -
Кралицата Марија Лешчињска -
Шарл Луј Огист Фуке -
Принцот Хенри Бенедикт Клемент Стјуарт
Наводи Уреди
- "Maurice Quentin de La Tour." (1994) Encyclopædia Britannica, 15th ed. London: Cambridge University Press.
- Masters Архивирано на 8 јули 2013 г.
- Neil Jeffares, Dictionary of pastellists before 1800, online edition
Надворешни врски Уреди
„Морис Кантен де Ла Тур“ на Ризницата ? |
- Интеркативно разгледување на делата на Ла Тур (француски) (англиски)