Ен Бони
Ани Бони (околу 1700 – околу 1782)[1] била жена од Ирска која станала познат пират, и дејствувала во реонот на Карибите.[2] Она што малку се знае за нејзиниот живот во најголем дел го имаме благодарение на книгата на капетан Чарлс Џонсон: Општа историја на пиратите.
Ани Бони | |
---|---|
Ани Бони од холандската верзија на книгата „Општа историја на пиратите“, од Чарлс Џонсон. | |
Роден(а) | непознат, околу 1700 Ирска |
Исчезнал(а) | Порт Ројал (Јамајка) |
Починал(а) | непознат (веројатно на 22 април 1782) Чарлстон, Јужна Каролина |
Пиратска кариера | |
Прекар | Ани |
Вид | Пират |
Припадност | никого |
Период на дејност | 1718–октомври 1720 |
Штабно место | Кариби |
Животопис
уредиАни Бони е родена околу 1690 година. Нејзиното вистинско име е Ани Мекормак, а нејзиното родно место е Корк, Ирска. Таа била ќерка на слугинката Мери Бренан и нејзиниот работодавач, адвокатот Вилијам Мекормак. Службените и официјалните документи во врска со нејзиниот живот се ограничени, а она што се знае за Ани Бони доаѓа од книгата на Чарлс Џонсон: Општа историја на пиратите (збирка на пиратски биографии, кои во првото издание се точни, а во второто се многу украсени).[3][4]
Нејзиниот татко се преселил во Лондон за да се тргне од семејството на сопругата. Тој ја облекувал Ани во машка облека и ја викал „Енди“. Откако бил откриен, таткото на Ани се преселил во Јужна Каролина заедно со мајката на Ани, и брзо потоа го отфрлил „Мек“ од своето презиме. Во новиот дом, семејството не започнало среќно, но набрзо умешноста во трговија како и познавањето на правото на таткото на Ани, довеле до тоа да си купат куќа, а потоа и плантажа. Мајката на Ани умира кога Ани имала 12 години. Нејзиниот татко се обидел да се наметне како авторитет врз ќерката, но не му успеало. До крајот на својот живот, таткото на Ани стекнал големо богатство.[5]
Забележано е дека Ани имала црвена коса и ја сметале за „пожелна невеста“, но имала избувлив карактеер: на свои 13 години ја ранила со нож нивната домашна слугинка.[4] Се омажила за сиромашен морнар, кој едно време бил пират, Џејмс Бони.[6] Џејмс се надевал дека ќе го добие богатството од таткото на Ани, но во меѓувреме, таткото на Ани се откажал од неа.
Постои приказна дека Ани подметнала пожар на плантажата од татко ѝ како одмазда, но не постојат докази за ова. Сепак, се знае дека во периодот меѓу 1714 и 1718 година, Ани и Џејмс се преселиле во Насау на Бахами, на островот Њу Провиденс, во тоа време познат остров како Република на пиратите.[7] Исто така е забележано дека по пристигнувањето на гувернерот Вудис Роџерс, летото 1718 година, Џејмс Бони станал информатор за гувернерот.[8]
Партнерство со Ракам
уредиНа Бахамите, Ани Бони се дружела со пиратите во локалните таверни. Се запознала со Џон „Калико Џек“ Ракам, капетан на пиратскиот брод Одмазда, и набрзо Ракам станал нејзин љубовник. Од врската со Ракам, Ани родила син во Куба. Постојат повеќе теории за тоа што се случило со синот: бил оставен со семејството на таткото, или пак едноставно детето било напуштено. Ани Бони продолжила со пиратскиот живот, се развела од сопругот Џејмс Бони и се омажила со Ракам. Ани Бони, Ракам и Мери Рид го украле бродот Вилијам, додека бил усидрен во пристаниште.[9] Ракам и двете жени регрутирале свој екипаж. Поминале години на Јамајка и околината.[10]
Бони се борела во битки заедно со мажите, и според кажувањата, била добар борец, и почитувана од пиратите. Гувернерот Роџерс ја ставил на списокот на барани пирати.[8] Иако Ани Бони е позната како жена пират од Карибите, таа никогаш не водела свој брод.
Затвор
уредиВо октомври 1720 година, Ракам и неговата екипа биле нападнати од бродот на Џонатан Барнет, кој бил испратен од гувернерот на Јамајка. Повеќето од пиратите на Ракам биле толку пијани што не успеале да се спротивстават. Рид и Бони се бореле храбро и успеале да ги одбијат нападите за некое време. Ракам и неговиот екипаж биле однесени на Јамајка, каде биле обвинети и осудени на смрт со бесилка.[11] Според Џонсон, последните зборови на Ани Бони до затворениот Ракам биле: „Ако се бореше како маж, немаше да те обесат како куче.“[12]
Откако биле осудени, Рид и Ани Бони молеле за милост, бидејќи биле бремени.[13] Во согласност со англискиот закон, и двете жени биле ослободени од извршување на пресудата, сè додека да се породат. Рид умрела во затворот, најверојатно од треска при породувањето.[8]
Исчезнување
уредиНе постои историски документ дека Ани Бони била погубена или пак дека била пуштена на слобода. Постои претпоставка дека татко ѝ платил откуп за неа, или пак дека се вратила на својот прв сопруг, дури и дека продолжила со пиратството но под друго име.[14] Според некои кажувања, татко ѝ платил откуп за неа, и потоа ја омажил за човек од Вирџинија со кого имала осум деца, и доживеала старост од 80 години.[15]
Влијанија
уреди- Бини Барнс ја игра Бони во филмот Шпанецот (The Spanish Main) (1945).
- Соња Сорел ја игра Бониво Капетан Кид и робинката (Captain Kidd and the Slave Girl) (1954 година).
- Клара Паџет ја игра Бони во пиратската ТВ серија Црни едра (Black Sails).
- Бони се споменува заедно со Мери Рид во анимираниот филм Џоли Роџер во длабоко сино (Jolly Roger in the Deep Azure).
Наводи
уредиСтраници на интернет
Книги
- Carlova, John (1964). Mistress of the Seas. Citadel Press.
- Cordingly, David. "Bonny, Anne (1698–1782)", Oxford Dictionary of National Biography, Oxford University Press, 2004. Accessed 18 Nov 2006.
- Druett, Joan (2000). She Captains: Heroines and Hellions of the Sea. New York: Simon & Schuster. ISBN 0684856905.
- Johnson, Captain Charles, ed. Hayward Arthur L., A history of the robberies and murders of the most notorious pirates from their first rise and settlement in the island of Providence to the present year, London: George Routledge & Sons, Ltd.
- 'The Tryals of Captain John Rackam and Other Pirates', 1721, by Robert Baldwin, in The Colonial Office Records in The Public Records Office at Kew, (ref: CO 137/14f.9). This details the trials of JackRackam, Mary Read, Anne Bonny, and Charles Vane.
- Lorimer, Sara; Synarski, Susan (2002). Booty: Girl Pirates on the High Seas. San Francisco: Chronicle Books.
- Meltzer, Milton; Waldman, Bruce (2001). Piracy & Plunder: A Murderous Business. New York: Dutton Children's Books. ISBN 0-525-45857-3.
- Sharp, Anne Wallace (2002). Daring Pirate Women. Minneapolis: Lerner Publications.
- "Anne Bonny The Last Pirate" by LuAnn Zettle 2015 ISBN 978-0-9826048-6-1
- "The Pirate Who's Who (Extended Edition)" by Philip Gosse and Guy Anthony De Marco 2015 ISBN 978-1-62225-650-1[16]
Наводи
уреди- ↑ Christopher Minster. „Biography of Pirate Anne Bonny“. About.com Education. Посетено на 22 June 2015.
- ↑ Carlova (1964)
- ↑ Encyclopædia Britannica Online
- ↑ 4,0 4,1 Meltzer (2001)
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеJohnson
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеLorimer
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеSharp
. - ↑ 8,0 8,1 8,2 Woodard, Colin (2007). The Republic of Pirates. Harcourt, Inc. стр. 139, 316–318. ISBN 978-0-15-603462-3.
- ↑ Druett, Joan (2000). She Captains : Heroines and Hellions of the Sea. New York: Simon & Schuster. ISBN 0684856905.
- ↑ Canfield, Rob (2001). „Something's Mizzen: Anne Bonny, Mary Read, "Polly", and Female Counter-Roles on the Imperialist Stage“. South Atlantic Review: 50.
- ↑ Zettle, LuAnn. „Anne Bonny The Last Pirate“. Архивирано од изворникот на 2019-05-22.
- ↑ „Ann Bonny and Mary Read's Trial“. Pirate Documents. Архивирано од изворникот на 2014-04-24. Посетено на 14 March 2014.
- ↑ Yolen, Jane; Shannon, David (1995). The Ballad of the Pirate Queens. San Diego: Harcourt Brace. стр. 23–24.
- ↑ Carmichael, Sherman (2011). Forgotten Tales of South Carolina. The History Press. стр. 72. ISBN 978-1-60949-232-8.
- ↑ Cordingly, David (2011). Pirate Hunter of the Caribbean. New York: Random House. стр. 373. ISBN 978-0-679-64421-7.
Some evidence has come to light which suggests that her father, William Cormac, managed to get her released from jail and took her back to Charleston, where she married a local man, had eight children by him and died in 1782 at the age of eighty-four.
- ↑ Gosse, Philip (2015). The Pirate Who's Who (Extended Edition). Amazon: Villainous Press. стр. 52, 53, 54. ISBN 978-1-62225-650-1.