Василиј Жуковски
Василиј Андреевич Жуковски (руски: Васи́лий Андре́евич Жуко́вский, роден на 9 февруари 1783 во Мошенское - починал на 12 април 1852 во Баден-Баден) — руски поет, еден од основачите на романтизмот во руската поезија, преведувач и критичар.
Василиј Жуковски | |
---|---|
Портрет на Жуковски | |
Роден/а | Василиј Андреевич Жуковски 9 февруари 1783 Мошенское, Руско Царство |
Починат/а | 12 април 1852 Баден-Баден, Германија |
Занимање | поет, преведувач и критичар |
Националност | Русин |
Образование | Московски универзитет |
Книжевно движење | романтизам |
Значајни дела |
|
Сопруг/а |
|
Деца | Александра Жуковски (1842-1912) Павел Жуковски (1845-1912) |
Животопис
уредиРоден е во село Моченское во покраината Тула во Русија. Жуковски е почетник е на рускиот романтизам. Бил полноправен член на Царската руска академија од 1818 година, почесен член на Кралската академија на науки (1827-1841). Во 1841 година бил академик во одделението за руски јазик и книжевност на крунскиот советник во 1841 година. Со наполнети четиринаесет години во 1797 година заминал во интернатот на Московскиот универзитет каде што студирал четири години и се стекнал со своето образование.
Во 1812 година се приклучил на полицијата и отишол да се бори против силите на Наполеон Бонапарт. Неговиот престој во логорот во Таратина, го напишал своето дело „Песна за логорските руски војници“, која со време станала попозната од сите дотогашни поетски дела. Со оваа песна успеал да го привлече вниманието на широката маса луѓе која што им се приклучиле на руските војници. Во 1827 година бил избран за почесен член на Петербуршката академија на науки кога бил и именуван.
Кариера
уредиПрво дело кое излегло во печатена форма била песната „Мисли за гробот“ (1797), која ја напишал на 14 годишна возраст занесен од емоциите кога ја слушнал веста за смртта на Г. А. Иусхкова. Во текот на 1802 година во средба со Николај Карамзин и во „Гласот на Европа“ го објавил првиот слободем превод на елегијата „Селски гробишта“, од англискиот писател Томас Греј. Песната го привлекла вниманието на тогашната поширока јавност[1].
Наредната 1903 година ја објавил приказната „Вадам од Новгорд“ која ја напишал според видение на историскиот роман од Николај Михајловиќ Карамзин. Од 1805-1806 неговата поетски дух растел. А врвот на кариерата го постигнал во периодот од 1808 до 1812 година. За сето ова време работел во весникот „Гласот на Европа“, а во 1809 бил и уредник на истоимениот весник. Во 1808 година ја изменил баладата „Ленор“ од Аугуст Бургера, германски композитер на која и дал наслов „Људмила“. Со создавање на оваа балада настанат е романтизмот во руската литература.
Еден од глевните членови на книжевното друштво Армас станал во 1815 година. Во формите во стриповите водел жестока борба со конзервативизмот на дотогашната класична поезија. Во Володги го запознал поетот Константин Николајевич Батјушков и тој станал еден од неговите пријатели. Жуковски бил автор на првата пеана химна во Русија „Руска молитва“ напишана во 1816 година по пример на англиската химна „Боже чувај го кралот“. Музиката исто така била користена од композицијата на англиската химна.
Во 1817 година станал професор на руската принцеза Шарлоте (Александра Фјодородна), идната кралица. Во есента во 1826 година бил именуван за ментор на престолонаследникот, идниот крал Александар II.
Семеен живот
уредиВо 58 години од животот (1841), се оженил во Диселдорф со ќерката на стариот пријател, Евграфа Реитерна, т.е дваеседгодишната Елизабета Реитерн. За време на заедничкиот живот добиле две деца:
- ќерка - Александра Жуковски (1842-1912)
- син - Павел Жуковски (1845-1912)
Кон почетокот на 1842 година, Жуковски продолжил да преведува. Ја превел Хомеровата „Одисеја“ која била објавена двапати во 1848 и 1849 година. Последните дванаесет години од својот живот тој и неговото семејство живееле во Германија. Некое време живееле во Дизелдолф а подоцна се преселиле во Франкфурт. Скоро секоја година одел на посета во родната Русија сè додека неговата сопруга не се разболела тешко.
Василиј Жуковски починал на 12 април 1852 во Баден-Баден, а неговото тело било пренесено во Русија.
Познати дела
уреди- „Песна за логорот на руските војници“ (1812) - историска песна
- „Вадим“ (1817) - балада
- „Песна“ (1818) - романтични песни
- „Бојата на заветот“ (1819) - романтична песна
- „Море“ (1822) - романтична песна
- „Злоупетребата на Цереса“ (1830) - балада
- „Тријумф победникот“ (1830) - балада
- „Приказна за царот Бренд“ (1831) - бајка
- „Успаната убавица“ (1831) - бајка
Награди
уреди- Орден на Света Ана (11.06.1812)
- Медал "Во знак на сеќавање на војната во 1812"
- Орден за Светиот Владимир (12.07.1825)
- Орден за Светиот Станислав (30.08.1833)
- Орден за белиот орел (30.08.1849)
Значење и влијание
уредиЖуковски бил идол на Александар Пушкин, кој во младоста напишал песна со наслов „Покрај сликата на Жуковски“.[2]
Наводи
уреди- ↑ John Garrard and Carol Garrard, Russian Orthodoxy Resurgent: Faith and Power in the New Russia (Princeton University Press, 2009; ISBN 0691125732), p. 269, n. 8.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 56.