Галиполе
полуостров во Турција
Галиполе (наречен и Галиполи; турски: Gelibolu Yarımadası; грчки: Χερσόνησος της Καλλίπολης, Chersónisos tis Kallípolis) — полуостров во јужниот дел на Источна Тракија, во европскиот дел од Турција, опкружен со Егејското Море на запад и Дарданелите на исток.
Името доаѓа од грчкиот збор "Καλλίπολις" (Kallípolis), што значи „убав град“,[1] од каде потекнува и името на денешниот град Галиполе (Гелиболу). Во антиката, полуостровот бил познат како Тракиски Херсон (грчки: Θρακικὴ Χερσόνησος, Thrakiké Chersónesos; латински: Chersonesus Thracica).
Наводи
уреди- ↑ Liddell, Henry George; Scott, Robert (1940). „Καλλίπολις“. A Greek-English Lexicon. Revised and augmented throughout by Henry Stuart Jones with the assistance of Roderick McKenzie. Oxford: Clarendon Press. Посетено на 2020-08-28 – преку Perseus Digital Library Project.