Лозански договор
мировен договор помеѓу Турција и сојузничките сили по Првата светска војна
(Пренасочено од Договорот од Лозана)
За други договори, видете Договор од Лозана (појаснување).
Лозанскиот мир бил во 1923 година. Мировен договор помеѓу Република Турција и од другата страна коалицијата на Антантата. Потпишан бил на 24 јули 1923 во градот Лозана, Швајцарија, на конференцијата која била одржана од 20 ноември 1922 до 24 јули 1923 година. По што биле извршени и територијални поправки (Турција и била вратена источна Тракија со Одрин и Анадолија со Измир). Со тоа Турција ги добила денешните граници.
Договор за мир и размена на воени заробеници со Турција потпишан во Лозана Accord relatif à la restitution réciproque des internés civils et à l'échange des prisonniers de guerre, signé à Lausanne | |
---|---|
Границите на Турција со Лозанскиот договоор | |
Потпишан | 24 јули 1923 |
Место | Лозана, Швајцарија |
На сила од | 6 август 1924 |
Услов | По ратификацијата од Турција и кои било три од Обединетото Кралство, Франција, Италија и Јапонија, договорот ќе стапи на сила за оние „високи договорни страни“, а потоа и за секој дополнителен потписник по депонирањето на ратификацијата |
Потписници |
|
Чувар | Француска Република |
Јазик | француски |
Целосен текст | |
Treaty of Lausanne на Викиизвор |
Со овој договор е пропишана познатата размена на население, со кој муслиманското население во Грција е иселено во Турција, а Грците од Турција се иселени во Грција (во голема мера во Егејска Македонија).
Кралството СХС не го потпишал Лозанскиот договор. Тие со Турција потпишале посебен мировен договор.