Цироза
Цироза е болест на црниот дроб која се јавува како последица од оштетување на клетките во црниот дроб (хепатоцити). Вообичаено се јавува кај лица кои подолго време конзумираат алкохол во големи количини а црниот дроб не е способен да се ослободи брзо од тие штетни материи, и како последица на тоа се јавува оштетување на клетките кое води до цироза.
Цироза | |
---|---|
![]() Цироза, заболување на црниот дроб | |
Класификација и надворешни извори | |
Специјалност | гастроентерологија[*], hepatology[*] |
МКБ-10 | K70.3, K71.7, K74 |
МКБ-9 | 571 |
DiseasesDB | 2729 |
MedlinePlus | 000255 |
eMedicine | med/3183 radio/175 |
MeSH | D008103 |
Етиологија уреди
Црнодробната цироза е болест која е последица на широк спектар на хронични прогресивни болести на црниот дроб. Најчести причини за цироза се:
- алкохолот
- хепатотропни вируси (ХАБ, ХАЦ, бруцелоза и др.)
- генетски нарушувања
- автоимуни нарушувања
- лекови
- срцева декомпензација
- долготрајна холестаза
Клиничка слика уреди
Клиничката слика на црнодробната цироза има исти симптоми независно од етиолошкиот фактор. Болеста поминува низ два стадиума: компензиран и декомпензиран стадиум.
- Компензиран стадиум
- Компензираниот стадиум се манифестира со умор, омалаксаност, намален апетит. Се јавува и субиктерус, тапа болка, болка под десен ребрен лак поради хепатомегалија. Овој стадиум најчесто се открива со хистолошки преглед на материјал земен со биопсија на хепар.
- Декомпензиран стадиум
- Декомпензираниот стадиум освен што ги содржи опишаните симптоми доаѓа и до влошување на општата состојба. Главни клинички критериуми за постоење на декомпензирана цироза се следниве цвнодробни компликации:
- Покрај овие главни симптоми кај овај вид цироза се јавуваат и:
- знаци на промена на коагулацијата на крвта
- ендокрини промени
- знаци на кожни промени
- палмарен еритем
- знаци на хипертермија со септикемија
- фактор хепатикус-се манифестира со непријатен мирис на мрша или изгорена земја
Дијагноза уреди
- клиничка слика
- лабораториски испитувања
- имаме ниски белковини во серум, намалување на албумините, а зголемување на гама глобулините, зголемени вредности на билирубин, ниска коагулација, анемија, зголемени некои ензими во серумот, LDH и др.
- ултразвучен преглед
- компјутерска томографија
- ендоскопија
- црнодробна биопсија со хистолошки преглед
Овие испитувања најчесто се користаат при поставување на дијагнозата.
Лекување уреди
Лекувањето зависи од стадиумот на болеста и кои клинички знаци се присутни во моментот. Така што во компензираната фаза се применува:
- хигиено-диететски режим на исхрана
- Се препорачува одмор и исхрана богата со белковини и шеќери, а сиромашна со масти.
- лекови кои влијаат врз регенерацијата на хепатоцитите
Во декомпензираната фаза болниот задолжително треба да се хоспитализира. Ако болниот е со асцит се препорачува мирување и несолена диета.
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |