Каршијак
Каршијак (позната и како Каршијака, Каршијак Кол) — голема етногеографска област во непосредна близина, јужно од градот Скопје, чии денешни јужни населби влегуваат во оваа област.
Географија и местоположба
уредиОбласта Каршијак се наоѓа во јужниот дел на Скопската Котлина, јужно и југоисточно од градот Скопје. Таа ги опфаќа двете падини на планината Водно, и јужната и северната и басените на Маркова Река и Кадина Река. Каршијак на југ се граничи со етногеографската област Гроот, на североисток се спушта до реката Вардар и е отворена кон Скопското Поле и етногеографската област Блатија, на север границата оди покрај реката Вардар и ја одделува оваа област од етногеографската област Скопски Дервен. На запад покрај Сува Гора и Караџица е одделена од Горно Порече. Областа Каршијак е претежно ридско-планинска, само во делот околу реката Вардар и сливот на Маркова Река е претежно рамничарска. Највисока точка е врвот Солунска Глава, 2540 метри надморска височина.
Самиот рејлеф довел до природно издвојување на три под-области, а тоа се: басенот на Маркова Река, басенот на Кадина Река и северната падина на Водно. Понатаму, басенот на Маркова Река, поради рејлефот, населението во минатото го поделило на уште две целини: Горни села и Долни села. Поради миграционите процеси во текот на XVIII век и доселувањето на македонски-муслимански семејства во делот на Горни села, се издвојува уште една целна, Торбешија.
Горни Села се тие што го зафаќаат ридскиот предел, помеѓу левата страна на Маркова Река и јужните падини на планината Водно. Долни села се тие што се наоѓаат во рамничарските предели на Скопското Поле или на границата помеѓу полето и ридот (Драчево, Студеничани). Торбешија е област која ги опфаќа селата кои се наоѓаат околу горното течение на Маркова Река, претежно планинската област околу Караџица и Китка.
Села и населби во Каршијак
уредиДенес, целата област е поделена на 8 општини, кои се дел од Скопскиот Регион. Општините Аеродром, Кисела Вода, Студеничани и Сопиште, целосно се наоѓаат во областа Каршијак, додека пак општините Зелениково, Сарај, Карпош и Центар се делумно во оваа област.
Села и населби под Општина Аеродром:
- Аеродром, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар;
Села и населби под Општина Кисела Вода:
- 11 Октомври, Бирарија, Драчево, Кисела Вода, Пинтија, Пржино, Припор, Усје, Чешма и Црниче;
Села под Општина Сопиште:
- Барово, Говрлево, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Држилово, Јаболци, Нова Брезница, Патишка Река, Ракотинци, Света Петка, Сопиште, Чифлик;
Села под Oпштина Студеничани:
- Алдинци, Батинци, Варвара, Вртекица, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Дресница, Елово, Калдирец, Љубош, Малчиште, Маркова Сушица, Морани, Осинчани, Пагаруша, Рамни Габер, Студеничани, Умово, Цветово, Црвена Вода и Црн Врв;
Села под Општина Зелениково:
- Вражале, Градовци, Гумалево, Дејковец, Добрино, Зелениково, Орешани, Палиград, Смесница, Страхојадица и Тисовица;
Села под Општина Сарај:
Села и населби под Општина Карпош:
- Долно Нерези, Жданец, Карпош I, Карпош II, Карпош III, Карпош IV, Козле, Средно Нерези, Тафталиџе I, Тафталиџе II, Трнодол, Горно Нерези;
Населби под Oпштина Центар:
Во минатото, според локалните жители областа била поделена вака[1]:
Села на северната падина на Водно[2]:
Горни Села[3]:
- Усје, Сопиште, Ракотинци, Горно Соње, Долно Соње, Добри Дол, Чифлик, Барово, Света Петка, Пуста Брезница, Јаболци, Осинчани;
Долни Села[4]:
- Маркова Сушица, Варвара, Дресница, Батинци, Љубош, Аџево, Драчево, Студеничани, Морани, Долно Лисиче, Горни Лисиче, Кисела Вода;
Торбешија[5]:
- Вртекица, Пагаруша, Долно Количани, Горно Количани, Рамни Габер, Црвена Вода, Калдирец, Круша, Драчевица, Умово, Елово, Цветово, Малчиште, Ново Село, Гороглед, Црн Врв, Држилово, Патишка Река;
Села во сливот на Кадина Река[6]:
Население
уредиБројот на населението на областа Каршијак е драстично зголемен поради самата близина до градот Скопје, па така од некогашните 15455 жители во 1900 година, областа Каршијак денес брои над 212000 жители, пред сè поради големиот број на жители на градските населби Кисела Вода, Карпош, Водно, Црниче, Пржино, Аеродром, Лисиче, но и на селските населби како Драчево, Студеничани, Батинци, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Сопиште и Припор. Како и во минатото и денес, оваа област е етнички мешана, односно Македонци се 79%, Албанци 10%, Турци 2% и останати. Населението на Каршијак е исто така составено од христијани и муслимани.
Во минатото бројот на Албанци и муслимани бил многу повисок, бидејќи денешните населби околу градот Скопје не постоеле. Околу 1900[7], етничкиот состав бил следниот: 6412(41%) Македонци-православни, 6231(40%) Албанци-муслимани и 2725(18%) Македонци-муслимани.
Населението на Каршијак било познато по своите карактеристични: говор, носија и обичаи.
Поврзано
уреди- Каршијак — истоимена област во мелничкиот дел на Малешевијата, Пиринска Македонија
Наводи
уреди- ↑ Хаџи-Васиљевиќ, Јован (1930). Скопље и његова околина. стр. 182–183.
- ↑ Трифуноски, Јован (1955). Сеоска насеља Скопског поља.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке. стр. 125–157.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке. стр. 97–124.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке. стр. 158–188.
- ↑ Трифуноски, Јован (1952). Поречието на Кадина Река. стр. 57–108.
- ↑ K`нчов, Васил (1900). Македонија. Етнографија и статистика.
Дополнителна книжевност
уреди- Гоце Цветановски (2004). Каршијачкиот говор - Скопско: со пособен осврт на синтаксата. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. ISBN 9789989640544, 9989640548 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).|access-date=
бара|url=
(help)