Каршијак (Пиринска Македонија)
Каршијак или Каршијака (бугарски: Каршияк, Кършияк, Каршияка; од турски: Karşıyaka - „спротивна страна“ или „спротивен крај“) — историско-географска област во западна Пиринска Македонија. Го опфаќа оној дел од Малешевијата западно од реката Струма, односно по источните падини на Малешевските Планини. [1]
Каршијак се наоѓа во северниот дел на Петричко. Наречен е така по тоа што се наоѓапе „од другата страна на реката“, и тоа во подножјето на Кадиница. Населен е пред неколку стотелија и тоа главно од преселници од Малешево. Тие беа и основачи на најсеверните села во Петричко, односно на Брезница, Мораска (денеска Моравска) и Сливница (во XVI век). Меѓутоа, ова население го прими исламот и по 1912 година се исели во Турција, а на нивно место дојдоа протераните Македонци од Беломорската етничка област. [2]
Во прво време по населувањето, додека населението беше помалубројно, луѓето егзистираа од земјоделство. Но, откако бројот на населението се зголеми, многу луѓе од Каршијак заминуваа како аграти во Мелничко. [2]
Поврзано
уреди- Каршијак — истоимена историско-географска област во Скопско
Наводи
уреди- ↑ „Терзијски, Г. Црквата „Св. Атанас" во с. Горна Рибница“. Архивирано од изворникот на 2011-09-01. Посетено на 2024-02-19.
- ↑ 2,0 2,1 Константинов, Милош (1992). Македонци. Скопје: МАРИНГ. стр. 142.
Оваа статија место во Пиринска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |