Економија на Европа

Економија на Европа
Текот на 2003 година
Население: 832.000.000
БДП (PPP): US$18,022 трилиони (2009)
БДП (Валута): $18,387 трилиони (2009)
(PPP): $27.383 (2009)
(Вредност): $25.285 (2009)
Годишен пораст на
по глава на жител БДП:
2,8% (2006)
Приходи на најбогатите 10%: 27,5%
Милионери (US$): 2,6 милиони (0.3%)
Невработеност: 10,0% (ноември 2009)
Жени
 :
56,7% мажи
* Поголемиот број на податоци се од Програмата на ООН за развој од 2002 година, некои бројки исклучат одредени земји, поради недостаток на информации. Статистиката се однесува за сите земји, не само на делови во рамките на Европа..
Поврзано: Економија на светотЕкономија на АфрикаЕкономија на АзијаЕкономија на ЕвропаЕкономија на Северна АмерикаЕкономија на ОкеанијаЕкономија на Јужна Америка
edit

Економијата на Европа се однесува на околу 831.4 милиони луѓе кои живеат во 48 различни држави [1]. Како и другите континенти, така и во Европа богатството и стабилноста на економиите на пооделните земји се разликува, иако најсиромашните во Европа државни економии се далеку над оние во останатите континенти, со исклучок на Австралија. Ова најмногу се однесува на Бруто-домашниот производ и животниот стандард. Разликата на економиите на земјите во Европа може да се види најмногу преку источно-западниот јазол којшто низ историјата го “делел“ континентот на два дела. Додека земјите од Западна Европа имаат сите развиена економија, голем БДП и животен стандард, голем дел од земјите во Источна Европа сѐ уште го уживаат нискиот стандард, главно поради комунистичките режими во СССР и СФРЈ. Сепак треба да се напомене дека има економии од Источна Европа кои се развиени и вклучени односно делумно се однесуваат како дел од севкупната економија на Европа. Таков е примерот со Турција и Русија, чии територии се наоѓаат само делумно во Европа како и Азербејџан и Кипар, кои географски се дел од Азија.

Европа низ историјата била првиот континент чија економија била индустријализирана. Ова пред сè започнало во XVIII век, најпрвин во Велика Британија. Како резултат на тоа, Европа е еден од најбогатите континенти во светот. Најголемата европска национална економија е онаа на Германија. Таа е рангирана на четврто место според БДП и петта според куповната моќ, проследена со Франција, која е рангирана соодветно на петта според БДП и шеста според куповната моќ. Веднаш по нив следуваат Велика Британија и Италија. По крајот на Втората светска војна, најголемите сили во Европа ја основале Европската унија. Тоа довело земјите членки заеднички да придонесуваат за економската стабилнист и економските проблеми на Европа. Како кулминација на ова претставувало воведување на една единствена национална валуте, Евро. Доколку Европската унија денеска биде сметена како единствена држава, таа би се наоѓала на првото место според БДП во светот. Европа претставува најбогат регион во светот.[2].

Економски развој

уреди
 
Европските земји според БДП по глава на жител во 2006 година.
 
Карта која ги покажува регионалните варијациии на БДП (ППП) по глава на жител во 2006 година. Преземено од Меѓународниот Монетарен фонд

Пред почетокот на Втората светска војна главни европски финансиски и индустриски држави биле Велика Британија, Франција и Италија. Индустриската револуција, која започнала во Велика Британија, за краток период се расширила и во скоро сите останати земји од Европа. По крајот на Првата светска војна, голем број на економии и индустрии биле пред прагот на колапсот но сепак до почетокот на следната Втора светска војна, истите доволно закрепнале. Како главен конкурент во поглед на економската моќ во светот на земјите од Европа им биле Соединетите Американски држави. Втората светска војна предизвикала уништување на голем дел од европските индустриски центри.

Во текот на т.н. Студена војна, Европа била делумно разделена на две економии: источна и западна. Земјите од Западна Европа ја формирале т.н. Европска унија, а пак земјите од Источна Европа - Советот за заедничка економска помош. БДП во голема мера се разликувал помеѓу источниот и западниот блог. Овде мора да се напомене дека земји како Грција, која се наоѓа во југоисточна Европа, директно се борела од економската изолација на истокот, нормално помогнета од западот.

По распаѓањето на комунизмот и источниот блок кон почетокот на 1990-тите, сите земји од Источна Европа ја започнале борбата кон прилагодување на своите економии кон западот. Најмногу и најбрзо во тоа успеале земјите од Средна Европа, пред сè Унгарија, Словенија и Полска а додека пак Украина и Русија се здобиле во гоелми тешкотии во спроведување на новите реформи. Најмоќната европска економија, германската, се борела со онаа на Источна Германија до паѓањето на Берлинскиот ѕид. Сепак, видливоста односно економската моќ помеѓу денешна Источна Германија и Западна Германија сѐ уште се разликува.

Демократизацијата на источните земји од Европа и создавањето на нови земји придонело до избувнување на војни, пред сè ова се однесува на веќе поранешните југословенски држави. По крајот на Босанската војна, мирот во поранешна Југославија не стивнал. Војни и конфликти се воделе и во наредната деценија, пред сè во Босна и Херцеговина, Косово и Република Македонија. Војната сериозно попречила на економскиот раст на земјите. Од сите поранешни земји на Југославија, единствено Словенија услеала да се приклучи кон сериозен економски раст како оној во земјите од Западна Европа.

За разлика од тоа, Европската унија доживеала проширување во 1995 година. Во 1999 година било воведено еврото како официјална валута на ЕУ. Денеска, само три земји останале надвор од еврозоната и имаат сопствена валута: Данска, Шведска и Обединето Кралство|Обединетото Кралство. На поочетокот од 2004 година, 10 главно поранешни комунистички земји се приклучиле кон ЕУ, како најголемо проширување до сега. Сепак и денеска, во некои земји од поранешна Југославија и Кавказ, мегуетничките недоразбирања влијаат за неможноста да се развива економијата во истите земји.

Денеска, ЕУ има 27 членови. Последното проширување се случило во 2007 година, со пристапувањето на Бугарија и Романија. Економијата на унијата има голем број на одлики, како единствен пазар, единствена валута, заедничка земјоделска политика итн. Таа е најголемата економија во светот. Во следните години, БДП на жителите од ЕУ се очекува да расте кон почетокот на оваа деценија. Ова пред сè се однесува на новите членки кои во практика се посиромашни од другите.

Регионални варијации

уреди

Западна Европа има подолга историја на слободната трговија, слободен пазарен систем, како и висок степен на развој кој започнал да се чувструва во текот на XVIII век, за разлика од Источна Европа која главно поради државните системи денеска е посиромашна. Денеска, во Европа најсиромашни земји се земјите од поранешниот Советски Сојуз, како и земјите од поранешна Југославија, со исклучок на Словенија. Но, мора да се напомене и дека во [Западна Европа] се чувствуваат разлики помеѓу северните земји (Скандинавија, Бенелукс, Велика Британија, Ирска, најголем дел од Германија) и јужните земји.

Следува карта на европските земји според БНД по глава на жител.[3]

Европска унија

уреди

ЕУ има втора економија по големина во светот, по онаа на САД, со 12.329.110 БОП во 2005. Европската економија се очекува дека уште повеќе ќе расте во текот на следното десетлетие со приемот на нови земји - особено имајќи предвид дека новите држави членки обично се посиромашни од европскиот просек и оттука очекуваниот брз раст на БОП ќе помогне за да се постигне динамиката на обединетата Европа. Сепак, се проценува дека Еврозоната ќе расте околу 0.3%, додека другите индустриски земји, како САД, се проценува дека ќе растат со стапка од околу 3,2%.

Европска Слободна Трговска Асоцијација

уреди

Европскатата Слободна Трговска Асоцијација е воспоставена на 3 мај 1960 година како алтернатива за европските држави на кои не им било дозволено или не сакале да се придружат кон Европската Заедница (денес наречена Европска Унија).

Земји членки на EFTA. Договорот бил потпишан на 4 јануари 1960 во Стокхолм од седум држави. Денес само Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн се членови на ЕСТА. Додатно, државите од ЕСТА склучија слободни трговски договори со бројни други држави низ светот.

Европска економска зона

уреди

Европската економска зона била основана на 1 јануари 1994 година по договор помеѓу Европската Слободна Трговска Асоцијација и ЕУ. Таа дава можност членките на ЕСТА да учествуваат во единствениот европски пазар.

Заедница на независни држави

уреди

Заедницата на независни држави (ЗНД) (руски: Содружество Независимых Государств — СНГ) е меѓународна организација, која се состои од 11 поранешни советски републики: Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан, Украина, и Узбекистан. Туркменистан го прекинал трајното членство од 26 август 2005 и сега е земја соработничка.

Создавањето на ЗНД било сигнал за распадот на Советскиот Сојуз и, според водачите на Русија, неговата намера била да „овозможи цивилизиран развод“ на советските републики. Но, многу набљудувачи го гледаат ЗНД како алатка со која Русија би можела да го задржи своето влијание врз пост-советските држави. Од неговото формирање, земјите членки на ЗНД потпишале голем број на документи поврзани со интеграција и соработка во полињата на економијата, одбраната и надворешната политика.

Средноевропска спогодба за слободна трговија

уреди

Средноевропската спогодба за слободна трговија (ЦЕФТА) претставува организација на земјите од Средна Европа. И покрај тоа што веќе кон 2007 година, кон оваа организација не членува ниту една земја од Средна Европа, сепак нејзиното име се задржило до денес. Договорот бил потпишан на 21 декември 1992 година од страна на Полска, Чехословачка и Унгарија во Краков. Во 1996 година кон неа се приклучлиле Словенија, во 1997 година Романија, 1998 година Бугарија, 2002 година Хрватска, 2006 година Македонија, 2007 година Босна и Херцеговина, Молдавија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово. Сепак, по примањето ан поголемиот дел од овие земји во ЕУ, оваа оргаснизација го изгубила своето значење.

Валути и централни банки

уреди

Најкористена валута во Европа е еврото, како национална валута на ЕУ. За да една земја го воведе еврото мора да исполнува одредени критериуми како стабилност на цената, финансиската положба во јавните сектори (финансискиот дефицит мора да биде помал од 3% БДП), висока стабилност на домашната валута, конвергенција на просечната домашна камата во однос на просек три земји членки со најмали камати, правни прописи со финансиските институции кој ја гарантираат независноста на националната централна банка и нејзината прилагоденост со условите на работа со Европските централни банки итн.

Кога една земја го прифати еврото како своја официјална валута, нејзината валута автоматски се сопира од употреба. Таа станува дел од Еврозоната (освен во случаите на Велика Британија и Данска кои ги користат своите валути). Во моментов, 16 на 27-те земји членки на ЕУ го користат еврото. Секоја земја која е член на Еврозоната, својата централна банка е под директна директива на Европскит систем на централните банки. Европската централна банка е централна банка на Еврозоната и е надлежна за монетарната политика на 12 земји членки на Европската Унија што го употребуваат еврото како валута. Основана е на 1 јуни 1998 година со седиште во Франкфурт. Главната цел на ЕЦБ е да се фокусира врз ценовната стабилност. Затоа, задолжена е да одржува низок инфлационен профил за еврозоната. Во моментов инфлацијата не смее да надминува повеќе од 2% во еврозоната. Со цел да ги одржува цените стабилни, ЕЦБ може да ги намалува или да ги покачува каматните стапки.

Држава Валута Вредност во евро Вредност во долар Централна банка
  Албанија Лек 0.008 0.01 Централна банка на Албанија
  Андора Евро 1.5 (de jure) / ЕЦБ de facto
  Ерменија Драм 0.002 0.002 Централна банка на Ерменија
  Австрија Евро 1.5 Централна банка на Австрија / ЕЦБ
  Азербејџан Манат 0.0002 0.0002 Централна банка на Азербејџан
  Белорусија Белоруска рубља 0.0004 0.0005 Централна банка на Белорусија
  Белгија Евро 1.5 Централна банка на Белгија / ЕЦБ
  Босна и Херцеговина Конвертибилна марка 0.5 0.7 Централна банка на Босна и Херцеговина
  Бугарија Лев 0.5 0.7 Централна банка на Бугарија
  Хрватска Куна 0.15 0.2 Централна банка на Хрватска
  Кипар Евро 1.5 Централна банка на Кипар / ЕЦБ
  Чешка Чешка коруна 0.03 0.04 Централна банка на Чешка
  Данска Круна 0.1 0.2 Централна банка на Данска
  Естонија Круна 0.06 0.08 Централна банка на Естонија
  Финска Euro 1.5 Централна банка на Финска / ЕЦБ
  Франција Евро 1.5 Централна банка на Франција / ЕЦБ
  Грузија Лари 0.4 0.5 Централна банка на Грузија
  Германија Евро 1.5 Централна банка на Германија / ЕЦБ
  Грција Евро 1.5 Централна банка на Грција / ЕЦБ
  Унгарија Форинт 0.004 0.005 Централна банка на Унгарија
  Исланд Круна 0.01 0.02 Централна банка на Исланд de jure
  Ирска Евро 1.5 Централна банка на Ирска / ЕЦБ
  Италија Евро 1.5 Централна банка на Италија / ЕЦБ
  Косово Евро 1.5 Централна банка на Косово (de jure) / ЕЦБ (de facto)
  Латвија Лац 1.5 1.9 Централна банка на Летонија
  Лихтенштајн Швајцарски франк 0.7 0.9 (none de jure) / Централна банка на Швајцарија de facto
  Литванија Литас 0.29 0.35 Централна банка на Литванија
  Луксембург Евро 1.5 Централна банка на Луксембург /ЕЦБ
  Македонија Денар 0.02 0.02 Централна банка на Република Македонија
  Малта Евро 1.5 Централна банка на Малта / ЕЦБ
  Молдавија Леа 0.06 0.08 Централна банка на Молдавија
  Монако Евро 1.5 (none de jure) / ЕЦБ de facto
  Црна Гора Евро 1.5 Централна банка на Црна Гора(de jure) / ЕЦБ de facto
  Холандија Евро 1.5 Централна банка на Холандија / ЕЦБ
  Норвешка Круна 0.1 0.2 Централна банка на Норвешка
  Полска Злота 0.26 0.35 Народна банка на Полска
  Португалија Евро 1.5 Централна банка на Португалија / ЕЦБ
  Романија Леа 0.29 0.35 Централна банка на Романија
  Русија Рубља 0.03 0.03 Централна банка на Русија
  Сан Марино Евро 1.5 Централна банка на Сан Марино [3] de jure / ЕЦБ de facto
  Србија Динар 0.01 0.02 Централна банка на Србија
  Словачка Евро 1.5 Централна банка на Словачка
  Словенија Евро 1.5 Централна банка на Словенија / ЕЦБ
  Шпанија Евро 1.5 Централна банка на Шпанија / ЕЦБ
  Шведска Круна 0.1 0.2 Централна банка на Шведска
  Швајцарија Швајцарски франк 0.7 0.9 Централна банка на Швајцарија
  Турција Лира 0.5 0.7 Централна банка на Турција
  Украина Гривна 0.2 0.2 Централна банка на Украина
  Обединето Кралство Фунта 1.09 1.45 Централна банка на Англија
  Ватикан Евро 1.5 Централна банка на Ватикан de jure/ ЕЦБ de facto

Берзи

уреди

Следува список на берзи кои се наоѓаат во Европа:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. http://www.university-world.com/europe/europe_economy.html
  2. Europe Overtakes North America as World’s Wealthiest (Update1) - Bloomberg.com
  3. GNI (nominal) per capita 2008, World Development Indicators database [1] , World Bank, revised 17 октомври 2008 [2], Atlas method