Германската сојузна банка - Бундесбанката (германски: Deutsche Bundesbank) е централната банка на СР Германија и членка на Европскиот систем на централни банки. Бундесбанката е надлежна за супервизија на германскиот банкарски систем.

Бундесбанка
Logo of the Deutsche Bundesbank
Logo of the Deutsche Bundesbank
СедиштеФранкфурт, Хесен, Германија
Основана1957
ПретседателЈенс Видман
Централна банка наGermany 1 (1990–денес)
Западна Германија (1957–1990)
ПретходникБанка на германски земји (Staatsbank der DDR2)
НаследникЕвропска централна банка (1999)3
Мрежно местоbundesbank.de
1 За време на постоењето на Источна Германија, Бундесбанка била централна банка за Западна Германија. Еквивалентот во ГДР бил „Дојче банк“ (преименуван во "Staatsbank der DDR" во 1968 година)  2 Централната банка на ГДР била споена во Дојче банк по обединувањето на Германија.  3 Бундесбанка сè уште постои, но многу функции се преземени од ЕЦБ.

Историја на Бундесбанката како финансиска институција

уреди

1948–1957

уреди
 
Седиште во Франкфурт (од 1972)

Историјата на Бундесбанка е поврзана со историјата на Германската валута по the Втората светска војна. По целосното уништување кое го предизвика војната, старата Валута беше практично обезвреднета, и реформата на валутата беше имплементирана во западните окупационо зони, вклучувајќи го и Западен Берлин: на 21 Јуни 1948, Д-Марк. Валутата беше дадена на реформа, заснована на законот даден како предлог од Сојузничката Воена Влада. Како еден вид подготовка, Западните Сили поставија централен банкарски систем на две нивоа; во нивната федерална структура, и е моделиран како Федерален Резервен Систем . Нив ги сочинуваат централните банки на државите (позајмивач). Капиталот на банката, се чува за издавање на банкноти, за координација на политиката и задачите на Централната банкаand вклучувајќи го и менаџментот на размена со странство . Меѓу другите расботи, Советот на Централната Банка ја детерминира политиката на каматните стапки, политиката на минимална задолжителна резерва, политика на операции на отворен пазар како и многу вазаен аспект за одржување на стабилноста на банкарскиот систем е доделувањето на кредити во крајна инстанца од страна на Централната Банка. После негативните искуства со Централната Банка,беше воведен принципот на независност на Централната Банка .

Организација и управување

уреди

Бундесбанката била основана како централната банка на СР Германија во 1957 година. Централната канцеларија на Бундебанката се наоѓа во Франкфурт каде работат 3 801 вработени, од 9 560 вработени, колку што изнесува вкупниот кадар на Бундесбанката (состојба на 31.12.2011 година). Бундесбанката има девет регионални канцеларии, сместени во Берлин, Диселдорф, Франкфурт, Хамбург, Хановер, Лајпциг, Мајнц и Штутгарт и има 47 филијали. Секоја регионална канцеларија е предводена од претседател, кој е одговорен пред Управниот одбор на Бундесбанката. Управниот одбор управува со Бундесбанката. Него го соочинуваат претседател, заменик-претседател и четири други членови. Членовите на Управниот одбор се назначени од претседателот на СР Германија. Претседателот, заменик-претседателот и другите членови се номинирани од федералната влада, додека другите три членови се номинирани од Бундестагот (горниот дом на парламентот кој ги претставува федералните држави), во договор со федералната влада.[1]

Задачи на Бундесбанката

уреди

Бундесбанката е централна банка на Сојузна Република Германија, односно таа делува како банка на банките. Од 1999 година, таа е член на Евросистемот, делејќи ја одговорноста со другите централни банки на другите земји на ЕУ за стабилноста на единствената заедничка валута - еврото. Бундесбанката е самостојна и независна институција, односно таа не прима инструкции од федералната влада. Во овој поглед, нејзиниот статус се споредува со тој на федералниот уставен суд. Бундесбанката ја употребува нејзината широка национална мрежа да ги врши нејзините операции во финансирањето, понудата на пари, безготовинските плаќања и надзорот на банките.

Приоритетна цел на активностите на Бундесбанката е да ја сочува стабилноста на валутата и финансиските системи. Заради ова, длабоката анализа и непристрасноста спрема поединечните интереси е од суштинско значење за остварување на оваа долгорочна цел. Стабилната политика на Бундесбанката исто така се потпира и на поддршка на економската, фискалната и платежната политика.

Учеството на Бундесбанката во Евросистемот, интеграцијата во меѓународните финансиски пазари и иновациите во полињата на плаќање и финансирање создаваат нови предизвици за нејзината стабилизациона политика. Со цел подобро да им излезе во пресрет на овие предизвици, банката има идентификувано пет основни полиња и цели за да го издигне нејзиниот профил во овие полиња во иднина.[1]

Монетарна политика

уреди

Главното економско поле на делување на Бундесбанката е учество во спроведувањето на монетарната политика на Евросистемот. Нејзината главна задача е да одржува ценовна стабилност во еврозоната. Стабилните цени промовираат јавна благосостојба, тие го охрабруваат растот и вработеноста во среден рок и ги штитат штедачите и луѓето со фиксни приходи од негативните ефекти на инфлацијата. Претседателот на Бундесбанката е член со право на глас во Управниот совет на ЕЦБ и учествува на месечните седници на ова тело на кои се одлучува за монетарната политика. За тие одлуки, тој се потпира на експертизата на економистите, статистичарите и монетарните експерти на Бундесбанката.

Одлуките на монетарната полтика влијаат, освен во другите работи, и врз количината на парите во опток, односно врз ценовната стабилност. Централната Банка ја менува дисконтната стапка, водејќи кон промена на цената по која банките и другите институции можат да добијат пари и кредити од неа. Тоа на крајот доведува до промена на цената на позајмување на средства за претпријатијата и поединците. Бундесбанката ги имплементира одлуките на монетарната политика на Управниот совет на ЕЦБ на територијата на Германија. Повеќе од 50% од вкупниот обем на краткорочните позајмувања на банките кон централните банки во Еврозоната се однесуваат на Бундесбанката. Бундебанката, исто така, ја објаснува работата на монетарната политика на Еврозоната и другите нејзини активности пред германската јавност. Оваа комуникација служи за две намени: Сметајќи на нејзините акции, Бундесбанката воспоставува еден дополнителен столб кој ја поддржува нејзината правна автономија. Уште повеќе, нејзините акции со односите со јавноста ја зацврстуваат општата јавна свест за стабилност и создаваат доверба потребна за да успее стабилизационата политика.[1]

Финансискиот и монетарен систем

уреди

Работата на Бундесбанката во основните деловни полиња и во финансиските и монетарните системи има за цел да помага во спречувањето и ублажувањето на националните и меѓународните финансиски кризи. Финансиските кризи, како што се ниската стапка на солвентност на банките, предизвикуваат попратни ефекти врз економскиот раст и невработеноста. Понатаму, тие ја опструираат монетарната политика, поради тоа што банките нема да бидат во можност да ги трансмитираат одлуките за политиката на каматните стапки. На крајот, тие исто така ја намалуваат довербата во ценовната стабилност. Широкиот спектар на анализа на Бундесбанката и нејзиното надгледување на финансиските пазари помагаат да се увиди изворот од таков ризик во раната фаза и да ги преземе соодветните мерки за отстранување.[1]

Супервизија на банките

уреди

Надзорот на банките е уште една од основните полиња на економија каде дејстува Бундесбанката. Овде, Бундесбанката применува една клучна операциона задача, осигурувајќи стабилен банкарски сектор, и на крај, стабилност на финансискиот систем. Во соработка со федералниот финансиски супервизор (БаФин), Бундесбанката е одговорна за континуираниот надзор на солвентноста, ликвидноста и системите на управување со ризикот на околу 2 300 кредитни институции во Германија. Ова, исто така, ги опфаќа и инспекциите на лице место утврдени и во Втората базелска рамка, на пример, прудентната регулација и континуираните анализи на статистички и ревизорски извештаи.

Бундесбанката, исто така, е вклучена и во национално и меѓународно ниво на континуираниот развој за прудентните регулативи. Еден пример за ова се многуте и различните придонеси во дискусиите пред донесувањето на новата рамка на Базелскиот комитет за банкарска супервиизија од 2004 година.[1]

Безготовински плаќања

уреди

Во врска со безготовинските плаќања, Бундесбанката го исполнува нејзиниот законски мандат да обезбеди брзо плаќање во Германија и во странство. За таа цел,таа оперира со сопствен систем на плаќање. Итните поединечни меѓубанкарски плаќања и операциите на монетарната политика на централната банка бараат брз и сигурен систем на плаќање. Бундесбанката има поставено стандарди во ова поле. Заедно со две други централни банки на Еврозоната, го има развиено широкиот-Европски Таргет 2 систем, кој од ноември 2007 е заеднички употребуван од трите банки. За разлика од претходникот, системот не само што им овозможува на банките да направат плаќања во вистинско време, туку исто така им помага и да ја зачуваат ликвидноста, на пример, овозможувајќи им да направат контра-плаќања како покритие.

Бундесбанката, исто така, овозможува и дополнителен систем на меѓубанкарско плаќање на сите банки во форма на платниот систем на мало. На 28 јануари 2008 година, Единствениот систем на плаќања во Еврозоната беше лансиран со SEPA кредитниот трансфер. Постепено, ова требаше да им овозможи на сите плаќања во Еврозоната преку SEPA да бидат порамнувани преку користењето на новите пан-Европски инструменти (SEPA кредитните трансфери, директните задолжувања и електронските плаќања) лесно, ефикасно и сигурно како и домашните плаќања. Бундесбанката ја поддржуваше SEPA, бидејќи служи како врска помеѓу германското банкарство и Еврозоната и затоа го прилагоди нејзиниот систем на плаќање да ги исполни барањата на SEPA.[1]

Менаџирање со готовината

уреди

Со цел да ја одржи довербата во еврото, важно е континуирано да се има адекватна и виоко-квалитететна понуда на пари. За да се постигне ова, фалсификуваните пари како и оштетените монети и книжни пари мора да бидат отстранети од опток. Ова се задачи уредени со статутот на Бундесбанката во основното поле на економијата-менаџирањето со готовината. Во меѓувреме, додека Бундесбанката се обидува да постигне пораст на приватизацијата во полето на готовинската употреба, мора да осигура сигурна долгорочна квалитетна понуда на пари во време на кризи и во итни случаи (на пример, случајот со фирмите кои држат поголеми количини на пари не можат да оперираат со нив заради ризикот од штрајкови и неликвидност) истиснуваат голема количина на пари во опток).

Дополнително на овие бизнис полиња, Бундесбанката е одговорна за менаџирањето со резервните средства и на разни задачи во полето на статистиките како владин финансиски агент. Исто така, таа ја советува и владата во прашања од монетарната политика. Два заеднички аспекта за сите основни бизнис полиња се активно учествување во организации и во истражувања. Бундесбанката е претставена во сите релевантни европски и светски меѓународни организации. Меѓународната природа на дебатата во ова менаџирањето со готовината има растено заради растечката евро-интеграција и зголемениот светски опток на пари. Ова и е причината зошто Бундесбанката ги има раширено нејзините истражувања во сите полиња на економијата.

Бундесбанката има важна улога во монетарната политика на Еврозоната и во меѓународните дебати за стабилноста на финансиските системи. Затоа, Истражувачкиот центар на Бундесбанката, основан во 2000 година, примарно се фокусира во истражувања на потенцијалниот ефект на монетарната политика врз стабилните финансиски системи.[1]

Наводи

уреди