Бискајски Залив
Бискајскиот Залив (шпан. Golfo de Vizcaya; фр. Golfe de Gascogne; баск. Bizkaiko golkoa; гаск. Golf de Gasconha), наречен и Кантабриско Море — залив во североисточниот дел на Атлантскиот Океан, јужно од Келтското Море. Се протега од западното крајбрежје на Франција, од Брест) до шпанската граница, и северното крајбрежје на Шпанија, сè до полуостровот Естака де Барес. Заливот го носи името на покраината Бискаја во Баскија (Шпанија).
Просечната длабочина на заливот изнесува 1.744 м, а максималната изнесува 2.789 м.
Географија
уредиВо заливот длабоко навлегува континенталната плоча, па затоа на многу места водата е релативно плитка. Малата длабочина значи дека морето често е бурно, па поради ова локалните временски услови се меѓу најжестоките во Атлантикот. Зимата се одликува со особено силни бури. Сè до скоро, бродоломите биле вообичаена појава, и тоа со голем број настрадани. Во поново време жртвите се намалени благодарение на напредокот во бродоградбата и метеорологија.
Граници
уредиСпоред Меѓународната хидрографска организација, Бискајскиот Залив го граничи „линија од ‘ртот Ортегал (43°46′N 7°52′W / 43.767° СГШ; 7.867° ЗГД) до ‘ртот Панмар (47°48′N 4°22′W / 47.800° СГШ; 4.367° ЗГД)“.[1]
Реки
уредиНајважните реки што се влеваат во Бискајскиот Залив се:
- Франција (север-југ): Лоара, Шаранта, Гарона, Дордоња, Адур и Нивела.
- Шпанија (исток-запад): Бидасоа, Ојарзун, Урумеја, Орија, Урола, Деба, Артибаи, Ока, Нервион, Агуера, Асон, Мјера, Пас, Саха, Нанса, Дева, Налон, Навија, Ео, Ландро и Сор.
Поважни градови
уредиНајважни градови на крајбрежјето на Бискајскиот Залив се:
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Граници на океаните и морињата. III издание + исправки“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1971. стр. 42 [исправки за стр. 13]. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 6 февруари 2010. (англиски)