Гибралтарски Проток
Гибралтарски Проток (арапски: مضيق جبل طارق, шпански: Estrecho de Gibraltar) — проток кој ги поврзува Атлантскиот Океан и Средоземното Море, a ги раздвојува Шпанија и Гибралтар во Европа од Мароко во Африка.
Името доаѓа од арапското Џебел Тарик што значи планината Тарик и се однесува на умајадскиот берберски војсководец Тарик ибн-Зијад кој го предводел арапското освојување на Шпанија во 711 г.[1]
Во најтесниот дел, ширината на морето е 13 км. Длабочината варира помеѓу 300 и 900м.[2] Помеѓу двата континента има постојана траектна линија.
На северната страна на протокот се Шпанија и Гибралтар, а на јужната се Мароко и Сеута, која е шпанска енклава во Северна Африка. Карпите околу протокот во антиката биле познати како „Херкулови Столбови“. Во околината има неколку мали острови за кои се води територијален спор меѓу Шпанија и Мароко.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Gibraltar port website Архивирано на 3 јануари 2008 г., retrieved 10 јуни 2007.
- ↑ See Robinson, Allan Richard and Paola Malanotte-Rizzoli, Ocean Processes in Climate Dynamics: Global and Mediterranean Examples. Springer, 1994, p. 307, ISBN ISBN 0-7923-2624-5.
- ↑ Tremlett, Giles, "Moroccans seize Parsley Island and leave a bitter taste in Spanish mouths" - The Guardian, 13 јули 2002.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |