Европска асоцијација за слободна трговија

Европската асоцијација за слободна трговија (англиски: European Free Trade Association, EFTA) е мултилатерален договор за слободна трговија. Таа е воспоставена на 3 мај 1960 година како алтернатива за европските држави на кои не им било дозволено или не сакале да се придружат кон Европската Заедница (денес позната како Европска Унија). Договорот бил потпишан на 4 јануари 1960 во Стокхолм од седум држави. Денес, само Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн се членови на ЕФТА.

Европска слободна трговија
(EFTA)

Association européenne de libre-échange (AELE) (француски)
Europäische Freihandelsassoziation (германски)
Fríverslunarsamtök Evrópu (исландски)
Det europeiske frihandelsforbund Предлошка:No icon
Logo
СекретаријатЖенева, Швајцарија
Службени јазици Германски, Француски, Норвешки, и Ислендски
Тип Трговски блок
Членки  Исланд
 Лихтенштајн
 Норвешка
 Швајцарија
Лидери
 •  Генерален Секретар Кар Брин
Основана 3 мај 1960
 •  EFTA Convention 4 јануари 1960 
Површина
 •  Вкупна 529,600 км2 
Население
 •  проценка за 2007 г. 12,660,623 
 •  Густина 100.6 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2007 (Меѓународен монетарен фонд) г.
 •  Вкупен $567.5 billion 
 •  По жител $44,828 
БДП (номинален) проценка за 2007 (Меѓународен монетарен фонд) г.
 •  Вкупно $743.3 билион 
 •  По жител $58,714 
Валута Исландска круна, Норвешка круна, Швајцарски франк (ISK, NOK, CHF)
Часовен појас WET / CET (UTC+0 / +1)
 •  (ЛСВ) WEST / CEST (UTC+1 / +2)

Историја

уреди

Првите земји-членки на ЕOСТ(Европска организација за слободна трговија ) биле: Обединетото Кралство, Данска, Норвешка, Шведска, Австрија, Швајцарија и Португалија. Финска станала придружна членка во 1961 година (со целосно членство од 1986), додека Исланд се приклучил во 1970 година. Обединетото Кралство и Данска станале дел од Европската Заедница во 1973 година (заедно со Ирска), со што престанале да бидат членови на ЕФТА. Португалија, исто така, ја напуштила оваа организација поради нејзиното приклучување кон Европската Заедница во 1986 година. Лихтенштајн се придружил кон ЕФТА во 1991 (претходно неговите интереси во ЕФТА биле претставувани од Швајцарија). Најпосле, Австрија, Шведска и Финска се приклучиле кон Европската Заедница во 1995 година и престанале да бидат членови на ЕФТА. ЕФТА има потпишано договори за слободна трговија со повеќе земји, како: Мексико, Хрватска, Македонија, Јордан, Сингапур, Чиле, Либан, Тунис, Кореја, Египет, Канада, Колумбија, Кина, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Костарика, Панама и Јужноафриканската царинска унија. Еден од најзначајните договори на ЕФТА е договорот со ЕУ за основање на Европската економска област, потпишан во 1994 година. По пристапувањето на Романија, Бугарија и Хрватска во ЕУ, ЕФТА потпишала соодветни протоколи за проширување на Европската економска област.[1]

Во членот 56 од Конвенцијата за формирање на ЕФТА (позната како Конвенцијата од Вадуц) е наведено дека „секоја земја може да пристапи кон оваа конвенција доколку Советот се согласи да го одобри пристапувањето, под правила и услови кои можат да бидат ставени во таа одлука“.[2] Договорот за ЕФТА опфаќа повеќе области, како: слободното движење на стоките, трговијата со разни земјоделски производи, признавање на квалификациите на работниците, користењето консултанти, инвестициите, државните субвенции итн.[1]

Институции

уреди

ЕФТА се состои од следните институции: Секретаријат, Совет на ЕФТА, Оддел за набљудување и Суд на ЕФТА. Одделот на ЕФТА за набљудување и Судот на ЕФТА ги регулираат активностите на членките на ЕФТА во насока на нивните обврски во Европската Економска Област (ЕЕО). Бидејќи Швајцарија не е член на ЕЕО, таа не учествува во овие институции. Одделот на за набљудување ја игра улогата на Европската Комисија како „чувар на договорите“ за ЕФТА членките, додека Судот на ЕФТА ја игра улогата на Европскиот Суд на Правдата за тие земји.

Секретаријатот на ЕСТА е со седиште во Женева, Швајцарија. Одделот за набљудување е со седиште во Брисел, Белгија (исто како и седиштето на Европската Комисија), додека судот на ЕФТА е со седиште во Луксембург (исто како и Европскиот суд на правдата).

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Марјан Бојаџиев, „Како побрзо во Европа?“, Економија и бизнис, година 21, број 255, ноември 2019, стр. 40.
  2. Марјан Бојаџиев, „Како побрзо во Европа?“, Економија и бизнис, година 21, број 255, ноември 2019, стр. 41.