Богдан Прличков, роден со името Богдан Миланов Прличков (Велес, 9 октомври 1918Раштански Колиби, 10 септември 1944) — македонски партизан во НОВМ, учесник во народната ослободителна војна во Македонија. Член на македонската комунистичка партија и комунистичката партија на Југославија. Борец во осмата македонска ударна бригада. За време на битката кај Раштански Колиби тој заедно со 11 други партизани загинал од непријателски куршуми. Погребан е во велешката спомен костурница.

Богдан Прличков
Слика од Богдан Прличков
Роден(а)Богдан Миланов Прличков
9 октомври, 1918
Велес, Кралство Југославија
Починал(а)10 септември, 1944 (35 г.)
Раштански Колиби, Бугарска фашистичка окупирана Македонија
ПочивалиштеВелешката костурница

Животопис

уреди

Богдан Прличков е роден во бедна работничка фамилија за време на првата светска војна. Завршил основно школско образование во родниот град и продолжил со средното школско образование во велешката гимназија, сега позната како СОУ Гимназија „Кочо Рацин“. Учел во велешката гимназија само за две години, го прекинал неговото образование заради тогашната слаба материјална состојба на неговата фамилија. Заради тоа се вработил како чирак изучувајќи го берберскиот занает. Со поддршка од неговата фамилија отвара берберски дуќан.[1]

Помеѓу 1939 и 1941 година го служел неговиот воен рок во армијата на Кралството Југославија. Кога служел во гарнизонот покрај Бока Которска тој го добил вестот за капитулацијата на Кралството СХС во априлската војна. За да не падне под германско-бугарско ропство како војник тој избегнал од гарнизонот и после неколку недели успешно се вратил во Велес, којшто подпаднало под бугарска фашистичка окупација. Прличков планирал да продолжи работејќи како бербер но заради неговата омраза кон суровите услови на бугарските фашистички окупатори тој одлучил да соработува со македонските партизани.[1]

Во неговиот дуќан се одржувале многу средби помеѓу партизани којшто се бореле за слободата на Велес. Богдан Прличков исто така почнал да собира храна, облека и доброволни парични прилози за партизаните. Во овој период Прличков се приклучил во комунистичката партија на Југославија и покасно станал член на комунистичката партија на Македонија. При крајот на август 1944 година Прличков одлучил да го искористи неговото воено искуство. Тој заедно со група на велешани во 2 септември 1944 година во селото Отиштино се приклучиле во Осмата македонска ударна бригада.[1]

Неколку дена по приклучувањето Богдан Прличков учествувал во првата битка на бригадата во 10 септември 1944 година во местото Раштански Колиби против германски воени единици од Третиот Рајх. Заради многумина услови бригадата не била целосно спремна и при битката загинале 12 партизани, еден од нив бил и Богдан Прличков. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во велешката спомен костурница кога се отворила во 11 октомври 1979 година. По негова чест една улица во Велес над населбата Којник го носи неговото име.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 67–68.
  2. Н. М. (18 февруари 2020). „Градежни зафати во градот и околу езерото Младост“. Нова Македонија.