Андо Ѓорѓиев
Андо Ѓорѓиев, роден со името Андо Трајков Ѓорѓиев (Војница, 1920 — Раштански Колиби, 10 септември 1944) — македонски партизан, дел од НОВМ. Член во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Партизан во осмата македонска ударна бригада. Деец во Народноослободителната борба во Македонија против бугарските и германските окупатори. За време на битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал.
Андо Ѓорѓиев | |
---|---|
Роден(а) | Андо Трајков Ѓорѓиев 1920 Војница, Кралство СХС |
Починал(а) | 10 септември, 1944 (возр. 23-24) Раштански Колиби, Бугарска фашистичка окупирана Македонија |
Почивалиште | Градските гробишта во Велес |
Животопис
уредиРоден е во сиромашно земјоделско семество во велешкото село Војница. Основно училишно образование успешно го завршил но одлучил да не продолжи со средно училишно образование. Почнал да работи како земјоделец заедно со неговите родители.[1]
Во есента 1943 година бил регрутиран во бугарската фашистичка окупаторска војска. Во летто на 1944 година бил преместен во 56 полк на бугарската армија, но Ѓорѓиев не посакал да соработува со суровата фашистичка власт и заради тоа во септември 1944 година избегнал од бугарската војска и учествувал во формирањето на осмата македонска ударна бригада во 2-ри септември 1944 година во велешкото село Отиштино. Во 10-ти септември истата година бил учесник во битката кај Раштански Колиби против германските воени единици. За време на битката трагично загинал. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во градот Велес, каде што се и ден денес.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 57.