Петре Димовски (партизан)

Петре Димовски, роден со името Петре Миланов Димовски (Крива Круша, 1 февруари 1920Раштански Колиби, 10 септември 1944) ― македонски партизан, дел од НОВМ. Член во комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Партизан во осмата македонска ударна бригада. Деец во Народноослободителната борба во Македонија против бугарските и германските окупатори. За време на Битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал. Во споменикот за загинатите во битката, неговото име е грешно претставено како Петре М. Димов.

Петре Димовски
Роден(а)Петре Миланов Димовски
1 февруари 1920(1920-02-01)
Крива Круша, Кралство СХС
Починал(а)10 септември 1944(1944-09-10) (возр. 24)
Раштански Колиби, Бугарска фашистичка окупирана Македонија
ПочивалиштеСелските гробишта во Крива Круша

Животопис

уреди

Роден е во азотското село Крива Круша во сиромашно земјоделско семејство. Димовски никогаш не завршил средно училишно образование ниту ни основно школско образование и останал полуписмен цел живот. Заради неговите услови тој одлучил да работи како земјоделец заедно со неговото семејство.[1]

За време на ослободителната војна Димовски одлучил да се приклучи во народната македонска војска. Тој станал член во комунистичката партија на Југославија и комунистичката партија на Македонија. Во 2-ри септември 1944 година тој бил сведок за формирањето на осмата македонска ударна бригада во велешкото село Отиштино. Тој бил дел од втората чета на четвртиот баталјон на бригадата. Во 10-ти септември истата година припатувањето на бригадата се сретнале со германските непријателски воени единици. Во судирот кај Раштански Колиби Димовски храбро и трагично загинал, после војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во неговото родно село, којшто денес е раселено.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 56.