Ивче Јованов, роден со името Ивче Орданов Јованов (Крива Круша, 21 октомври 1918Раштански Колиби, 10 септември 1944) — македонски партизан и член во НОВМ. Учесник во народната ослободителна борба во Македонија. Член во осмата македонска ударна бригада. Тој е исто така бил дел од комунистичката партија на Југославија и комунистичката партија на Македонија. За време на битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал. Во споменикот на сите загинати во таа битка неговото име е грешно претставено како Ивче Јорданов Вецов.

Ивче Јованов
Роден(а)Ивче Орданов Јованов
21 октомври, 1918
Крива Круша, Кралство Србија
Починал(а)10 септември, 1944 (25 г.)
Раштански Колиби, Бугарска фашистичка окупирана Македонија
ПочивалиштеВелешката костурница

Животопис

уреди

Роден е во 1918 година за време на првата светска војна во сиромашно земјоделско семејство. Завршил со основно школско образование во неговото родно село и одлучил да не продолжи со средно школско образование. Почнал да работи како земјоделец заедно со неговата фамилија. Во втората половина на 1930-тите години тој си го служел воениот рок на поранешната Југославија.[1]

За време на ослободителното движење тој одлучил да го искористи неговото воено знаење и се приклучил во осмата македонска ударна бригада во 2-ри септември 1944 година. По неколку дена во 10-ти септември истата година бил учесник во битката кај Раштански Колиби кадешто храбро и трагично загинал. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во неговото родно село.[1] Во 11-ти октомври 1979 година неговите посмртни остатоци заедно со други партизани биле пренесени во велешката костурница, каде што се наоѓа и ден денес.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 61.
  2. Данов, Љупчо (4 март 2018). „Што поскоро – толку подобро и повеќе од потребно е враќањето на плочите со имињата на загинатите борци во Спомен костурницата во Велес“. Дума.мк.