Осма македонска ударна бригада

Осмата македонска ударна бригада (позната и како Велешка ударна бригада) била формирана на 2 септември 1944 во с. Отиштино, Велешко. При формирањето бригадата броела околу 500 борци и старешини. Формациски таа влегла во составот на Четириесет и втората дивизија на НОВЈ.[1]

Осма македонска ударна бригада
Активна2 септември 1944 – мај 1945
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Команданти
Истакнати
команданти
Киро Чауле

Команден состав уреди

Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]

Политички комесари биле:

Борбени дејства уреди

Веднаш по формирањето, бригадата започна со борбени дејства во пределот на Велешко каде учествувала во минирањето на патните правци Велес- Прилеп и Велес-Скопје. Во овие правци се извлекувале германските единици од составот на армиската група Е од југ кон север и се вршело разоружувањето на бугарската војска на овој терен. Потоа бригадата се упатила кон селата Говрлево, Здуње, Растеж и Седларево во пределот на Сува Гора. Тука по жестоките борби со балистичките сили, бригадата, повторно е вратена на теренот на Велешко, за да учествува во операциите за конечното ослободување на Велес. На 9 ноември 1944 година оваа бригада заедно со Третата и Дванаесеттата бригада, по жестоките борби го ослободила Велес.

Во наредниот период следувале борбите за конечното протерување на Германците и нивните соработници од територијата на Македонија. Осмата бригада во тој период дејствувала во составот на Педесеттата македонска дивизија и била ангажирана во источниот предел на Скопско. Таа во пределот на реката Пчиња учествувала во придружните операции за ослободувањето на Скопје. На 14 ноември 1944 година Осмата велешка МНОУБ, влегла во ослободено Скопје.

Натамошните операции на оваа бригада биле ориентирани кон борбите со балистичките сили во северниот дел на Македонија, кон Тетово, и понатаму кон Косово и Метохија.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 109-111