Ивче Мирчев, роден со името Ивче Камев Мирчев (Крива Круша, 1917Раштански Колиби, 10 септември 1944) — македонски партизан, дел од НОВМ. Член во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Партизан во осмата македонска ударна бригада. Деец во Народноослободителната борба во Македонија против бугарските и германските окупатори. За време на битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал.

Ивче Мирчев
Роден(а)Ивче Камев Мирчев
1917
Крива Круша, Кралство Србија
Починал(а)10 септември, 1944 (возр. 26-27)
Раштански Колиби, Бугарска фашистичка окупирана Македонија
ПочивалиштеВелешката костурница

Животопис

уреди

Роден во велешкото село Крива Круша. Мирчев потекнувал од крајно бедна земјоделска фамилија. Основно училишно образование го завршил во неговото родно село но заради неговата економска состојба неможел да продолжи со средно училишно образование. Почнал да работи како земјоделец заедно со неговото семејство. Пред априлската војна бил дел од Југославската армија како дел од нивниот воен рок.[1]

Со почетокот на народната ослободителна војна тој бил восхитен кон дејствата на македонските партизани и заради тоа се приклучил во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Во септември 1944 година тој се приклучил во народната ослободителна војска на Македонија. Во 2-ри септември истата година во велешкото село Отиштино бил присутен за формирањето на осмата македонска ударна бригада.[1]

При патувањето на бригадата во Раштански Колиби се сретнале со силна германска моторизирана колонија и се одвивала битката кај Раштански Колиби. Заради тоа што бригадата не била доволно спремна околу 15 партизани загинале, еден од нив бил и Ивче Мирчев. После војната неговите посмртни остатоци биле изгубени, но после неколку години биле пронајдени и пренесени во велешката спомен костурница.[1][2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 63.
  2. Данов, Љупчо (4 март 2018). „Што поскоро – толку подобро и повеќе од потребно е враќањето на плочите со имињата на загинатите борци во Спомен костурницата во Велес“. Дума.мк.