Илија Ристов — Иличот, родено име Илија Панов Ристов (Велес, 14 март 1909Раштански Колиби, 10 септември 1944) ― македонски партизан, дел од НОВМ. Член во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Партизан во осмата македонска ударна бригада. Деец во Народноослободителната борба во Македонија против бугарските и германските окупатори. За време на Битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал. Во споменикот на тие којшто загинале во битката неговото име е грешно претставено како Илија Л. Моров.

Илија Ристов
ПрекарИличот
Роден(а)Илија Панов Ристов
14 март, 1909
Велес, Кралство Југославија
Починал(а)10 септември, 1944 (возр. 35)
Раштански Колиби, Бугарска фашистичка окупирана Македонија
ПочивалиштеВелешката костурница

Животопис

уреди

Роден е во градот Велес во сиромашна работничко семејство. Завршил основно училишно образование но заради материјални недостатоци во неговото семејство неможел да продолжи со средно училишно образование. Во домашни услови го изучува тенеќеџискиот занает. Пред втората светска војна служел во војската на Кралството Југославија. Барајќи работа во втората половина на 1930-тите тој заедно со група на велешани се преселил во Белград, тогашната престолнина на кралството. Таму претежно си го искористил неговото време барајќи работа но исто така учествувал во протести против политичари којшто биле профашисти или посакале соработка со нацистичкиот Трет Рајх.[1]

За време на краткотрајната априлска војна Кралството Југославија подпаднала под окупација од Кралството Италија, Третиот Рајх и фашистичка Бугарија. Со почетокот на народната ослободителна војна тој бил восхитен кон дејствата на македонските партизани и заради тоа се приклучил во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Тој станал соработник со партизаните во 1941 година. За текот на 1943 и 1944 година тој собирал материјали, облека и други потребни работи. Со собраните материјали тој ги пренесувал преку тајни канали со помош од велешката подгрупа на македонската комунистичка партија.[1]

Ристов почнал постепено да станува повеќе активен, во втората половина на 1944 година тој одлучил да се приклучил во НОВМ. Во мај и август 1944 година тој им помогал на главниот штаб на НОБ и ПОМ со собирање на материјали и доброволци за формирањето на осмата македонска ударна бригада. Во 2-ри септември истата година тој се приклучил во ударната бригада. За време на маршот на бригадата низ Горно Оризари се сретнале на развиен германски гарнизон блиску до Горно Оризари и Превалец.[1]

Во 10-ти септември се одвивала битката кај Раштански Колиби. За време на битката тој бил заробен од страна на германски војници и заради тоа што нејќел да соработувал со германските фашисти тие му вршеле тортура и го убиле истиот ден. После војната бил погребан во велешката црква „Св. Пантелејмон“. Во 11 октомври 1979 година со отворањето на велешката спомен костурница неговите посмртни остатоци биле пренесени таму, каде што се наоѓаат и ден денес.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 68.