Завршни операции за ослободување на Вардарска Македонија

Завршните операции за ослободување на Вардарска Македонија започнале кон крајот на летото 1944 година, предводени од Народноослободителната војска на Македонија, како составен дел од НОВ на Југославија. Народноослободителната војска на Македонија во завршните операции за ослободувањето на Македонија ја сочинувале три корпуси (15., 16. и Брегалничко-струмичкиот), во чиј состав влегуваа 7 дивизии со 22 ударни бригади, 4 артилериски бригади, 3 пионерски и една коњичка бригада.[1]

Серијал фотографии направени по ослободувањето на Скопје, маршеви, митинзи, говори. 1945

Операциите за конечно ослободување на македонската територија се засилиле по капитулацијата на Бугарија во септември, кога народноослободителната борба добила општонароден карактер. И покрај замената на бугарските војски со германски, единиците на македонската војска во периодот од септември до ноември ги ослободиле сите градови во Вардарска Македонија.

По создавање на првите слободни територии народноослободителните одбори (НОО) ја вршеле и функцијата на органи на народната власт, грижејќи се за снабдување на населението со основните прехранбени производи, за општонародниот имот, за посредување во спорови меѓу селаните и сл. Освен тоа, НОО биле одговорни и за културно-просветниот живот на слободните територии: ги отвориле првите училишта на мајчин македонски јазик, организирале курсеви за описменување на луѓето, приредби и сл.

Наводи уреди

  1. М. Апостолски „Воената организација во периодот на НОВ и револуцијата на Македонија“ во „Ослободителната војна и револуцијата во Македонија“, зборник на трудови, Скопје, 1973, стр. 77-96.

Надворешни врски уреди