Никола Николовски (партизан)

Никола Николовски, родно име Никола Јованов Николовски (Велес, 1906Раштански Колиби, 10 септември 1944) ― македонски партизан, дел од НОВМ. Член во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Партизан во осмата македонска ударна бригада. Деец во Народноослободителната борба во Македонија против бугарските и германските окупатори. За време на битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал. Заради непознати причини во споменикот на сите тие којшто загинале во битката неговото име не е присутно.

Никола Николовски
Роден(а)Никола Јованов Николовски
1906
Велес, Отоманско Царство
Починал(а)10 септември, 1944 (возр. 37-38)
Раштански Колиби, Бугарска фашистичка окупирана Македонија
ПочивалиштеГрадските гробишта во Велес

Животопис

уреди

Роден е во градот Велес во сиромашна работничка фамилија. Николовски завршил со неговото основно училишно образование но за средно училишно образование одлучил да не продолжи заради недостаток на економски материјали. После тоа станал општ работник низ градот. Пред априлската војна бил дел од Југославската армија како дел од нивниот воен рок.[1]

Со почетокот на народната ослободителна војна тој бил восхитен кон дејствата на македонските партизани и заради тоа се приклучил во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Во август 1944 година доброволно се приклучил во ослободителната армија. Во 2-ри септември истата година во велешкото село Отиштино бил присутен за формирањето на осмата македонска ударна бригада. Во текот на првите борби на бригадата кај Раштански Колиби Николовски храбро и трагично загинал. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во велешките градски гробишта, каде што се наоѓаа ден денес.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 65.