Томе Стефановски
Томе Милчев Стефановски познат во велешки извори како Томе Мирчев Стефанов.[1] (Црешево, 1919 — Раштански Колиби, 10 септември 1944) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2] Дел од осмата македонска ударна бригада. За време на Битката кај Раштански Колиби блиску до Горно Оризари тој храбро и трагично загинал. Заради непознати причини во споменикот на тие којшто загинале во битката неговото име не е присутно.
Томе Стефановски | ||
Роден | 1919 Црешево, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 10 септември, 1944 (возр. 24-25) Раштански Колиби, Бугарска фашистичка окупирана Македонија |
Животопис
уредиПо завршувањето на основното училиште, првин започнал да учи лимарски, а подоцна изучил и столарски занает. Во 1937-1938 година било основано тамбурашкото музичко друштво Шар, во кое се собирала работничката младина. Од 1940 година друштвото организирало излети на Тасино чешмиче. Како организатор на овие манифестации бил фатен и притворен во затвор, каде бил задржан 27 дена.[2]
Окупација на Македонија
уредиПо окупацијата, во почетокот друштвото уживало доверба, но кога била забележана неговата прогресивна дејност, полицијата почесто го праќала својот агент Цоцин, за да ја набљудува неговата работа. Бугарскиот фашистички окупатор ја открил неговата дејност и го осудил на затвор. Казната ја издржувал во Централниот затвор. По една година, на 28 август 1944 година, Третата македонска ударна бригада го ослободила заедно со другите затвореници. Веднаш и се вклучил во борбата и извршувањето на воените задачи. Во септември 1944 година се приклучил во осмата македонска ударна бригада, тој бил учесник во нејзината прва битка кај Раштански Колиби, блиску до Горно Оризари и Превалец.[1] Преморен од долгиот марш не ја забележа германската патрола и загинал од непријателски куршум во септември 10-ти.[2][1] После војната е погребан во неговото родно село.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 70.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Боро Кралевски и други (1969). Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. стр. 133.