Јован Ѓошев
Јован Ѓошев, роден со името Јован Димов Ѓошев (Крива Круша, 1916 ― Раштански Колиби, 10 септември 1944) ― македонски партизан, дел од НОВМ. Член во комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Партизан во осмата македонска ударна бригада. Деец во Народноослободителната борба во Македонија против бугарските и германските окупатори. За време на Битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал.
Јован Ѓошев | |
---|---|
Слика од Јован Ѓошев во воена униформа | |
Роден(а) | Јован Димов Ѓошев 1916 Крива Круша, Кралство СХС |
Починал(а) | 10 септември, 1944 (возр. 27-28) Раштански Колиби, Бугарска фашистичка окупирана Македонија |
Почивалиште | Селските гробишта во Крива Круша |
Животопис
уредиЈован Ѓошев е роден во велешкото село Крива Круша. Потекнувал од сиромашна земјоделска и сточарска фамилија. За основно училишно образование завршил во неговото родно село додека за средно училишно образование одлучил да не го продолжи. Почнал да работи со неговата фамилија во земјоделие и сточарство. Го отслужил воениот рок во армијата на Кралството Југославија пред априлската војна.[1][2]
Со почетокот на народната ослободителна војна тој бил восхитен кон дејствата на македонските партизани и заради тоа се приклучил во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Во летото на 1944 година тој се приклучил во народната ослободителна војска на Македонија. Во 2-ри септември 1944 година во велешкото село Отиштино бил присутен за формирањето на осмата македонска ударна бригада.[2]
Патувала бригадата на железничката пруга од Велес-Скопје. Во 10-ти септември истата година кога минеле низ Раштански Колиби се сретнале со силна германска моторизирана колонија. Се одвивала битката кај Раштански Колиби каде што Ѓошев трагично загинал. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во селско гробиште во раселеното село Крива Круша.[2]
Наводи
уреди- ↑ Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 57.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 58.