Ѓоре Органџиев, роден со името Ѓоре Димков Органџиев (Велес, 5 март 1926Раштански Колиби, 10 септември 1944) ― македонски партизан, војник во НОВМ и учесник во народната ослободителна борба. Служел во осмата македонска ударна бригада, член во Македонската комунистичка партија и Југославската комунистичка партија. Загинал од непријалтески куршуми за време на битката кај Раштански Колиби. После војната бил погребан во велешката црква Св. Пантелејмон но со отварањето на велешката костурница во 1979 година неговите остатоци биле пренесени во костурницата.

Ѓоре Органџиев
Слика од Ѓоре Органџиев
Роден(а)Ѓоре Димков Органџиев
5 март, 1926
Велес, Кралство Југославија
Починал(а)10 септември, 1944 (18 г.)
Раштански Колиби, Бугарска фашистичка окупирана Македонија
ПочивалиштеЦрква „Св. Пантелејмон“ (1945 - 1979)
Велешката костурница (1979 - сега)

Животопис

уреди

Ѓоре Органџиев е роден во сиромашна ситносопственичка фамилија, неговиот татко се викал Димко Органџиев. Тој си го поминал неговото основно школско образование во Велес и продолжил со неговото средно школско образование во велешката гимназија, сега позната како СОУ Гимназија „Кочо Рацин“.[1] За време на неговото гимназиско образование се одвивала априлската војна каде што Македонија под склоп на Кралството Југославија паднала под бугарска фашистичка окупација.[2]

Ѓоре Органџиев бил строго против суровата бугарска фашистичка окупација. Околу 1941 година Органџиев се радикализирал со марксистичката литература и се приклучил во Сојуз на комунистичката младина на Југославија во истата година. Тој се приклучил во организацијата заедно со Благој Кирков, Наќо Мешков и Јовче Тесличков. Во пролетта на 1942 година Органџиев учествувал во тридневниот гимназиски штрајк против бугарската власт.[1]

Во втората половина на мај 1944 година со формирањето на велешко-прилепскиот партизански одред Трајче Петкановски Органџиев доброволно се приклучил. Во септември 2-ри 1944 година во велешкото село Отиштино одредот се приклучил во осмата македонска ударна бригада, заради тоа Органџиев се приклучил во бригадата. Во 10-ти септември 1944 година бридата учествувала во нејзината боево крштевање против непријателски германска единица од Третиот Рајх. Во битката загинале 12 партизани, меѓу нив биле и Ѓоре Органџиев и Шефки Сали.[2]

После втората светска војна неговите посмртни остатоци биле пренесени во велешката црква Св. Пантелејмон. Таму биле до 11 октомври 1979 година кога неговите остатоци заедно со Кочо Рацин и многумина други истакнати велешки партизани како Димко Митрев и Димче Мирчев биле пренесени во велешката костурницата. Во негова чест центарот за детското творештво во Велес го носи неговото име[3] и една голема улица во велешката населба Дворови го носи неговото име.[4]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Експрес (1 февруари 2023). „Гимназијата во Велес: жестока борба за македонската кауза со бугарските фашисти во 1941-1944 и целосно отфрлање на бугарскиот јазик“. Expres.mk.
  2. 2,0 2,1 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 65.
  3. Републичка заедница на културата (2000). Современост, литература, уметност, општествени прашања · Том 49. Кн-во "Кочо Рацин". стр. 244.
  4. Печков, Петар (12 март 2016). „За најкратката и најдолгата велешка улица“. ТиРековМиРече.