Благој Нечев, роден со името Благој Драганов Нечев (Велес, 24 февруари 1923Раштански Колиби, 10 септември 1944) — македонски партизан и комунистички активист, дел од НОВМ. Член на Комунистичката партија на Југославија и комунистичката партија на Македонија. За време на ослободителната војна бил дел од осмата македонска ударна бригада. За време на битката кај Раштански Колиби Нечев храбро и трагично загинал заедно со 12 други партизани. Погребан е во велешката костурница.

Благој Нечев
Слика од Благој Нечев
Роден(а)Благој Драганов Нечев
24 февруари, 1923
Велес, Кралство СХС
Починал(а)10 септември, 1944 (21 г.)
Раштански Колиби, Царство Бугарија
ПочивалиштеВелешката костурница

Животопис

уреди

Роден е во сиромашна работничка фамилија од градот Велес. Неговиот татко Драган Нечев работел како клисар во велешката црква Св. Пантелејмон. Нечев успеал да заврши основно школско образование но никогаш не си го довршил средно школското образование, заради тоа Нечев одел во вечерни занаетчиски класови за три години. После тоа Благој Нечев се вработил како браварски работниик.[1]

Со потпаѓањето на Македонија под сурова бугарска фашистичка окупација после краткотрајната априлска војна Благој Нечев бил симпазитер кон народното ослободително движење на Сојуз на комунистичката младина на Југославија и Народноослободителна војска на Македонија. Заради тоа почнал да соработува со комунистичката партија на Југославија за собирање храна, облека и други потребни материјали за партизаните.[1]

Во 2-ри септември 1944 година бил присутен за време на формирањето на осмата македонска ударна бригада и станал дел од нејзе. По наредба од водачите на бригадата Нечев и другите партизани почнале да патуваат покрај патот Скопје-Велес. При нивното патување се сретнале со германска воена единица од Третиот Рајх во Раштански Колиби. Во 10-ти септември истата година се одвивала битката кај Раштански Колиби каде што 12 партизани трагично загинале, еден од нив биле и Благој Нечев.[1]

После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во велешката спомен костурница, каде што се наоѓаат и ден денес. По негова чест неколкумина улици во велешката населба Дворови го носат неговото име.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 65.
  2. Велес (13 март 2014). „Уредување на улицата Благој Нечев“. Општина Велес.