Милан Зафиров, родено име Милан Панов Зафиров (Ново Село, 1918Раштански Колиби, 10 септември 1944) ― македонски партизан, дел од НОВМ. Член во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Партизан во осмата македонска ударна бригада. Деец во Народноослободителната борба во Македонија против бугарските и германските окупатори. За време на Битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал. Во споменикот со имињата на сите тие којшто загинале во битката неговто име е грешно преставено како Милан П. Николов.

Милан Зафиров
Слика од Милан Зафиров
Роден(а)Милан Панов Зафиров
1918
Ново Село, Кралство Србија
Починал(а)10 септември, 1944 (возр. 35-36)
Раштански Колиби, Бугарска фашистичка окупирана Македонија
ПочивалиштеСелските гробишта во Ново Село

Животопис

уреди

Роден е во велешкото село Ново Село, произлегува од сиромашна земјоделско сточарско семејство. За основно училишно образование тој учил во соседното село Крива Круша. Заради материјални недостатоци неможел да продолжи со средно училишно образование. После завршувајќи го неговото образование тој се вратил во неговото родно село каде што почнал да работи како земјоделец и чувар на стока. Го отслушил воениот рок во армијата на Кралството Југославија.[1]

За време на краткотрајната априлска војна Кралството Југославија подпаднала под окупација од Кралството Италија, Третиот Рајх и фашистичка Бугарија. Со почетокот на народната ослободителна војна тој бил восхитен кон дејствата на македонските партизани и заради тоа се приклучил во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Тој заедно со група на велешани учествувале во формирањето на осмата македонска ударна бригада во 2-ри септември 1944 година во селото Отиштино.[1]

За време на маршот на бригадата низ Горно Оризари се сретнале на развиен германски гарнизон блиску до Горно Оризари и Превалец. Во 10-ти септември се одвивала битката кај Раштански Колиби. За време на битката тој бил погоден од германски куршуми, храбро и трагично загинал. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во неговото родно село Ново Село, каде што се наоѓа и ден денес.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 58.