Марш на осмата македонска ударна бригада
Марш на осмата македонска ударна бригада, исто така познат како Крвава зора над Велес грее — главната воена химна и марш на осмата македонска ударна бригада за време на народното ослободително движење во Велес и Велешко. Авторот на текстот бил истакнатиот велешки деец Јордан Леов, додека тој којшто ја произведел мелодија бил истакнатиот партизанскиот музичар Иван Николовски - Танго.[1] После ослободување на градот Велес маршот бил химна на градот Велес до 2000-тите заради тогашната декомунизациска програма, во 2005 година химната била сменета со денешната химна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“.[2]
Историја
уредиВо август 1944 година Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија ги известила Киро Чауле, Павле Игновски, Боро Мокров, и Никола Митевски за одлуката донесена којшто го одобрило формирањето на велешката ударна бригада. Во тоа време партизанските одреди на Киро Чауле и другите се наоѓале во велешкото село Мелница. Тие очекувале дека формирањето и организирањето на новата македонска бригада би се одвивала во селото но ГШ на НОБ и ПОМ им истакнале дека треба да ја формираат бригадата во побезбедно место во некој ридски реон.[3]
Со создавањето на новата бригада исто така требало да се произведе знаме и марш. За пишувањето на маршот бил одбран истакнатиот македонски партизан Јордан Леов успешно ја напишал за кратко време. Авторот на мелодијата и првиот музичар којшто ја компонирал бил велешкиот музичар и македонски социјалист Иван Николовски - Танго. Маршот е краток, составен од два строфии и рефренот после секоја строфа. За време на народната ослободителна борба во Велес и Велешко бригадата имала развиена хорски сектор во самата бригада, заради тоа при сурови и долги маршови како обид да ги мотивирале војници би ја пееле песната. Во весникот „Сувогорски Герој“ стиховите на маршот исто така биле објавени. Кога конечно бил ослободен градот Велес во ноември 1944 година сведоци истакнале како маршот на осмата македонска ударна бригада ја свириле и пееле кога минеле низ градот.
Заради големото учество врз ослободување на Велес и заради големиот придонес на осмата македонска ударна бригада врз развитокот на историјата на Велес и Велешко во народното ослободително движење, маршот на бригадата била прогласена како официјална химна на Велес за време на мандатот на првиот градоначалник на градот Дончо Мирчев. Маршот редовно го прикажувале во Радио Велес и за време на Рациновите средби. После распадот на Југославија и независноста на Македонија почнало процес на декомунизација во Велес. Го отстраниле името на Тито во името на градот и го смениле грбот да ја немала црвената ѕвезда на комунистичката партија на Југославија. Тие исто така срушиле неколкумина споменици како стариот споменик за жртвите во битката кај Раштански Колиби. Конечно во 2005 година советот на Општина Велес гласале да ја преместиле старата химна со македонската народна песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“.[2]
Текст
уредиКрвава зора над Велес грее народ борци чека крв да лее Еј за Велес слободен и Вардар! Еј за светли дни слобода дар
Напред бригадо во крвов поход за Велес, Вардар и слободен род
Челата наши смртта ги краси Еј, ропство бега без да се спаси Еј, пред дигнат нож на вчерашен роб слобода слета од замрзнат гроб
Напред бригадо во крвов поход за Велес, Вардар и слободен род
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Ортаков, Драгослав (1986). Македонскиот фолклор во музичкото и драмското творештво до 1945 година, трудови од научен собир, Скопје, 8 и 9 декември 1980 година. МАНУ. стр. 165.
- ↑ 2,0 2,1 Печков, Петар (5 ноември 2011). „Кој е автор на грбот на Велес?“. ТиРековМиРече.
- ↑ Галевски, Киро (1988). Осмата македонска ударна бригада: зборник на сеќавања на борбениот пат на Осмата македонска ударна бригада. Титов Велес: Општински одбор на Сојузот на здруженијата на борците од НОВ. стр. 20.